Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми беше мака ама сега ми е мака поради фактот што одредени личности се појавуваат за кратко и успеваат да ни го уништат расположението, да не изнервираат и да си заминат. Свашта... :tapp:
 
Си имам голема мака. Дали да му кажам некои работи на Мирко (рандом име), мојот најдобар другар, кои заслужува да ги знае, но од друга страна, не е моја работа да се мешам во тие работи. Чувствувам одговорност да останам доследен на другарството со Мирко, но за да го направам тоа, треба да го ризикувам другарстото со Петко (повторно рандом име), мојот нај најдобар другар, да кажам работи за кои сум дал ветување дека ќе молчам? Но не можам да гледам како страда, се измачува, прават будала од Мирко. А дали да издадам работи кои во доверба ми ги кажа Петко, работи кои би го искупиле Мирко од набиените рогови, но работи кои верувам многу ќе го повредат? Што и да направам, со сигурност барем еден од нив нема да можам да погледнам во очи. Сум бил и порано во вакви ситуации и сум ризикувал да кажам работи кои луѓе не требало, но заслужиле да ги слушнат, и се исплател ризикот. Дали сега ризикот се исплати?
 
Is No Good едно ќе ти кажам биди искрен, ако и двајцата ти се пријатели обиди се разговарај со нив заедно ако си стварно другар но не биди дволичен :star:
 
Is No Good едно ќе ти кажам биди искрен, ако и двајцата ти се пријатели обиди се разговарај со нив заедно ако си стварно другар но не биди дволичен :star:

Абе проблемот не е меѓу нив двајца. Не можам да кажам нешто поконкретно затоа што може некој да прочита и да намириса за што се работи. А камо да беше толку едноставно.
 
За прв и последен пат годинава ќе ми биде за нешто мака, нека бидат тоа сите неконтролирани ситуации од предходната и потоа, почнуваме повторно на самиот старт.
Another chance to get it right!
 
Мака ми е сега што верував, и што наивен бев прошла година, паметот ми дојде со почетоков на новата, затоа и сум благодарен многу.
 
Мака ми е од незрели луге, онакви кои не мислат на ништо освен да им биде добро нив во одредена ситуација без да мислат на последиците после .

И некогаш помислувам како да не ми е местото на овој свет и сакам да отидам даааааалеку некаде каде што нама да се замрам со глупаци!

Амин
 
Мака ми е оти настинав за нова и вчера ги пропуштив Психомодо поп на зива свирка во кафичот кај нас ... ми иде да си каснам од ..... :tapp::tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom