Си имам голема мака. Дали да му кажам некои работи на Мирко (рандом име), мојот најдобар другар, кои заслужува да ги знае, но од друга страна, не е моја работа да се мешам во тие работи. Чувствувам одговорност да останам доследен на другарството со Мирко, но за да го направам тоа, треба да го ризикувам другарстото со Петко (повторно рандом име), мојот нај најдобар другар, да кажам работи за кои сум дал ветување дека ќе молчам? Но не можам да гледам како страда, се измачува, прават будала од Мирко. А дали да издадам работи кои во доверба ми ги кажа Петко, работи кои би го искупиле Мирко од набиените рогови, но работи кои верувам многу ќе го повредат? Што и да направам, со сигурност барем еден од нив нема да можам да погледнам во очи. Сум бил и порано во вакви ситуации и сум ризикувал да кажам работи кои луѓе не требало, но заслужиле да ги слушнат, и се исплател ризикот. Дали сега ризикот се исплати?