Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е мака, преку глава ми е.

Глупи луѓе, дај бе одебете веќе еднаш не замарајте.
Наместо да се експонирате, земете лопата и ископајте една дупка. Скријте се и останете таму до следното ледено доба.
 
Мака ми е што животот ми е проклето празен, што ме боли внатрешно, што плачам како мало дете... Kолкав тежок тупаџија и филозоф сум, како Аристотел да ме правел.

ГО САКАМ ЖИВОТОТ, НО ГО МРАЗАМ МОЕТО ПАТУВАЊЕ НИЗ НЕГО!

И за крај само да потенцирам еден стих!

I'm ashamed of my life because it's empty

Толку.
 
Мака ми е!
Не очекував вака да ми почне годината,ама некои личности едноставно немаат ништо попаметно од тоа да ми создаваат маки!Колку и да се обидувам да ги избегнувам тие се секогаш тука!
Мака ми е секогаш јас да бидам таа одговнорната а она да си ја лади благо кажано!
Мака ми е што јас неможам да излезам од дома без да средам низ соба,а она цел ден е надвор,па после ми квачи јајца како не било убаво средено!
Мака ми е што немам доволно време за себе,затоа што им служам на дургите и гледам да им е убаво!
Мака ми е што имам 18 години а веќе се чуствувам како глава на семејството и како да имам 88!
Мака ми е што неможам тотално да уживам во распустов заради влијанието на другите!
Мака ми е што никад не се погрижила бар едно парталче да е на место!
Мака ми е што не сфака дека ми е мака!Ако сфака мака ми е што не прави ништо за да не ми биде мака!
Мака ми е од празни ветувања!
Мака ми е од моите дома!Се се очекува од мене!Побогу зашто наполнив 18!Да знаев дека вака ке биде подобро никогаш да не се родев!
Мака ми е што секогаш сета вина е на мене!Нормално секад постариот враќа!
Мака ми е што неможам да ја почуствувам сестринската љубов!Како никогаш да ја немало!
Мака ми е што неможам да ја почуствувам љубовта од моите родители!Туку само нивните навреди и предупредувања и казни и закани!
Мака ми е што иако полнолетна,сепак зависам од нив!
Мака ми е што ми е ваков периодов!Мака ми е што чуствувам таква силна потреба а немам на кого да се обратам!
Мака ми е од моментов!Мака ми е од сите оние давежи кои се преправаат дека се тука а уствари не се!
Мака ми е од сите имбецили и идиоти кои мислат само како да искористат!
Oд што ми е мака ми иде да заплачам а реков ќе плачам само заради нечија смрт и ништо повеќе!
Мака ми е од уште многу повеќе работи,а веќе ми е мака да ги напишам сите!
У курац мака ми е аман!


:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Мака ми е шо секој Божји ден се будам со еден копнеж за нешто шо и самата знам дека заврши уште пред да почне.
Мака ми е шо снег траска како ненормален и шо се накачени цените на таксињата поради снегот.
Мака ми е шо се нервирам за ситници и други глупости кои се ништо во мојот живот.
Мака ми е шо сношти морав да го трпам неговиот рамнодушен поглед у пм веќе од тоа банално однесување.
Мака ми е шо по цел ден плачам од нервоза и од осаменост и празнина.
Мака ми е шо и самата не знам како да си помогнам.
Мака ми е шо не сум ќерка каква шо заслужува мама.
Мака ми е шо не знам шо ми фали.
Мака ми е шо не сум со него...
Мака ми е шо само се молам и се канам да седнам да почнам да ја пишувам темата за матура...

У пм веќе мака ми е од се.....
 
јооооојј да си почнам и ја
мака ми е што незнам што се случувасо моите чувства
и то.
 
Мака ми е... што секојдневно гледам како убави приказни пропаѓаат заради константната желба на луѓето за нешто повеќе, поубаво, повисоко не свесни дека животот не се форсира во ништо. Тој е процес, како формирање нов живот или растење на кокиче, едноставно не може да се појави од никаде во снегот иако ние така го гледаме тоа. Треба никулецот да созрее, да се измачи за свој пат кон небото.

Едно такво прекрасно и идеално пријателство гледам како е растурено токму од тие човечки пориви. Проклет да е немирниот дух.
 
Што не го сторив тоа вчера, па сега ќе треба вечерва или утре вечер... А ни тогаш незнам дали ќе го сторам, во зависност од каква прилика ќе имаме. Ама ако, I can wait. :)
 
Мака ми е цел живот јас да бидам потпората и стабилноста, мака ми е што кога ќе дојде време јас да се потпрам сите се премногу слаби или изморени.
Мака ми е цело време да бидам учителот; побогу, има толку работи кои јас сакам да ги научам, а никој во мојот живот не бил способен или спремен да ме стави во соодветната улога.
Мака ми е што доследно се самоизмачувам во обидот никого да не повредам по цена на моето длабоко страдање. Мака ми е зашто сум во близина на мноѓу луге покрај кои не сакам да бидам, а сум далеку од оние кои ми го градат внатрешниот мир.
Мака ми е за сите зборови кои неконтролирано ми летаат во обид да го смирам внатрешниот бес, но и за сите зборови кои ги задржувам во себе – мака ми е од ситуации во кои морам да ги котролирам моите импулси и емоции.
Мака ми е од сите на кои “секогаш ќе можев да сметам”, а никогаш не доживеав да ми го докажат истото. Мака ми е од лицемери кои ги снемува со брзина на светлината макар и кога само ќе им спомнеш дека не ти е лесно
Мака ми е што најпрекрасните работи на овој свет траат колку и крилјата на пеперутките.
Мака ми е што не можам да го свртам часовникот наназад и да си ги вратам саканите.
Мака ми е што не се родив барем 5 години подоцна.
Мака ми е што сјајот на пријателството згаснува под налетот на сеопштата себичност и амбиции. Мака ми e што ниски страсти ги засенуваат сите оние работи кои требаше да бидат симболот на искреноста и чистината.
Мака ми е од сите борци за “љубовни” трофеи на кои не им дојдено ни до љ, туку само сакаат да те врежат како рецка на триумфалната плоча над својот кревет.
Мака ми е што светов заборавил дека за љубов се потребни двајца.
 
мака ми е од
личности што не си исполнуваат тоа што ветиле
од детишта што се увлачаат онаму каде што не им е местото:pop:
од настинки
од ладново време и од оваа ЗИМА:nerv:
 
Мака ми е што ја изгубивме утакмицата за 2 поена во последната минута...:nesvest:
 
Не ми е мака. Не се вика мака ова, преку куров се вика. Со извинење, без, ватевр. Да е уше позабавно, никој не е ми е крив освен јас. Кретен не ми е рамен бе. :)))))))

Bleah....
 
мака ми е од јаките на зборови, од лагите на многу ниско ниво.
мака ми е од оние кои упорно те уверуваат дека се искрајни со тебе, сите тие, мака ми е од кукавици.
 
Мака ми е оти се помалку има човештина. Секој секого гледа напреку, никој никому не верува, нема со кого асален муабет да направиш. Сите глумат лудило, блефираат, се фолираат, копаат дупки за некој да падне во нив, никого увце не го боли за никој... Мака ми е и да гледам што напишав, а уште повеќе ми е мака од помислата уште колку би можела да пишувам вакви црнила........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom