Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Koга сме кај маката...мака ми е шо избришав 301 мислење, а стигнав тек до 54-та страна на темава, гледано одназад, тема која броеше за 300 мислења плус од овие. Еднакво, мака ми е бидејќи некои дечиња изедначуваат мака од скршен нокт или испрашување по физика утре, со мака која пара срце и менува живот на човек.

Опомена: ќе толерирам постови кои заслужуваат место на тема која се вика Мака ми е... За менување на насловот на темава допрва ќе размислувам, ама засега нека е ова.

Ако навистина ви е мака, пишувајте. Знам дека простото пишување на нешто што ве мачи значи и вадење на истото од вас, и помала вознемиреност. Но, помислете два пати дали треба да напишете: Мака ми е шо му се понашав одважно или Мака ми е шо ја испуштив - наместо да направите нешто околу тоа...а темава да ја оставите за оние, нерешливите проблеми кои стварно знаат да загорчат живот.

Со ум.
 
Мака ми е што сум олку песимистичен во врска со работи за кои би требало да сум најсреќен. Да, среќен сум признавам, но зошто мора да си ја тупам главава со глупи мисли кои ме прават да се осеќам како измет на дожд? Ми требаш повеќе од еднаш неделно, сфати го то.
Мака ми е веќе од глупи стереотипи и женски игри.
Мака ми е што олку многу те сакам, а ти си толку неодлучна да го прифатиш то иако знам дека не сум некој на кој би играла рандом.
Мака ми е шо сум олку затрескан.
Мака ми е шо неможам да тргнам мисли барем на 10 минути.
Мака ми е шо го кажувам ова, ама морам.
 
Мака ми е што веќе сите си ја разнишуваат довербата во мои очи. Мака ми е да гледам како оние најблиските се всушност најдалечните... Мака ми е секое сабајле да станувам во 6 и пол за да го губам времето во школо, каде има само неправди и лажења...
 
мака ми е вчера шо не го уплатив ливчето ќе земев 28 000 мака ми е шо емполи не дава гол сеа
 
Pio Pzs, баниран од тема. Ајмо...
 
Мака ми е шо се осеќам ко лајно на дош, ко последен, а без причина.
Мака ми е од ограничени и егоистични луѓе, полни со себеси и со илузија дека се’ е розево.
Мака ми е и од луѓе кои мислат дека се е црно, и во се’ го бараат најлошото.
Мака ми е од стереотипи за тоа како се облекувам и како изгледам, не сум криминалец, ало.
И мака ми е шо морам да се олеснам овде, да е истушам, да ми е полесно... пред цел форум.
 
Мака ми е што имам многу доверба во луѓе. И мака ми е што сфатив дека сосема погрешно проценувам карактери. А бев толку самоуверена во врска со тоа.
 
Мака ми е шо ќутам. Шо се помирвам. Шо абсорбирам се тивко.
Шо немам сила да вриштам.

А најпоќе од се ми е смачено од вакви моменти кога наеднаш ќе сфатам дека ми се треси устата од разочарување од сенешто.
Толку ми е мака. Толку.
 
Е ај дека не може да ми помре цело семејство до 2009.. :vozbud:
 
Се скарав со особата која имаше посебно место во моето срце.Со особата која беше единственото сонце додека се наогав во долгиот и мрачен тунел.Со особата која ја знам 10 години.Мегутоа заслужи и мислам дека веке не заслужува пријател како мене.Пријател кој ја сака кој никогаш не ја оставил нацедлио и бил на располагање 24 часа седум дена во недела што ја тешел кога и било тешко .Мегутоа као што многу пати до сеа сум кажал некои луге не ја заслужуваат почитта која им ја одаваме.И немаше маката да биде толку голема доколку типката ми кажеше-Мислам дека до сега ништо не си направил за мене и незнам дали уште те сакам за најдобар пријател.Епа тоа беше коа некој да земе и да ми го кине срцето.Само и набројав што се сум направил и и реков дека може слободно да најде нов другар кој ке направи многу повеке од мене.Ми кажа дека заборавила на се тоа и дека многу месака.Но нејкев веке да зборам и затоа си заминав.Деенес во школо беше ептен за никаде.Ни здраво не си кажавме и ми е мака многу.
 
maka mi e so majka mi e bolna mnogu mi e maka,dusicka e,najdobra e, i ne sakam nisto da ja boli a ja boli...maka mi e!!
 
Mака ми е што ме боли раката...
мака ми е што почна да грее сонце...
мака ми е што се испокарав со сите...
мака ми е што ме мрзи да живеам...:(
 
Мака ми е од тешки идиотки и идиоти.
Мака ми е од оние кои мислат дека ќе си играат со мене
 
Мака ми е од грдиов период, со душа чекам да помине.
Мака ми е што се’ ми оди надолу, никако да тргне на подобро и мака ми е што не знам веќе шо да напрам во врска со то.
И мака ми е шо имам толку малку време, а толку многу обврски шо треба да ги завршам. :cry:
 
Мака ми е шо дури сега ја согледувам реалноста.Мака ми е шо сум загубила времето по недобри личности,а сум ги загубила вредните..Мака ми е шо се одеднаш ми пропадна,ама не ми е мака бидејќи надежта последна умира..:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom