Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Мака ми е што раскинав со девојката.
Мака ми е што уште одржаваме контакт,а ништо не се дешава.
Мака ми е тоа што ми вика не се секирај се ќе биде ОК.
МЕ УБИВА тоа што вика за некое време пак ќе бидеме заедно.
 
Мака ми е што не ми дават да размислувам што е добро за мене,што се скарав со моите и со дечко ми,мака ми е што никако да поправам некои работи и мака ми е што се трудам за џабе...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Мака ми е што сега не сум во скопје и не можам да те видам
 
мака ми зашто треба цел ден да го поминам на школо и што после 14 часот надвор е прилично мрачно :nesvest:
 
Maка ми е од оваа секојдневна напнатост!
Мака ми е од срцебиењето и одземање на здивот!
Мака ми е од стравовите кои ги јадам (има еден куп нереални:kesa:)
Мака ми е од ... од што не веќе:toe:
 
Се напиздив максималноооооо :ubijam:
Ај шо не бев у театар шо се одложила претставата, шо ме депримира това, шо се досадуем многу, шо кучево лае ко ненормално цела вечер и цело маало не може да спие од него и као капак на све претставата е одложена е за вторник, како јаготка на шлагот во ист термин кога играат Милан-Реал. Ма мака ми е жими сфе. :strav:
 
мака ми што нема повеќе гууд тајмс :nesum::nesvest:
 
Мака ми е што веќе година и пол доживувам страшна стагнација и не сум се мрднала од мртва точка, а и нема да можам да се мрднам, бар не некое време, освен ако нејќам радикално да ги растресам животите на неколку луѓиња.
Мака ми е што немам некој да ме следи во чекор, ми треба малку поддршка - не мора разговор или било што, само некој со кој би се разбрала со поглед и животот ќе биде сончев пак.
Мака ми е што не сум доволно кучка и не ги буткам сите кои ме буткаат мене...
Мака ми е што сум преполна негативна енергија и не можам да се излечам...осеќам ќе треба да одам на еким :)))
Мака ми е што имам врска без врска и секогаш кога ќе кажам дека нешто ми смета во истата, излегува дека сум лутка, дека сум вечен незадоволник...До кога вака?
Мака ми е што имам пријателки на кои им е полесно да си изоговараат меѓу нив работи во врска со мене, а потешко им оди да ми понудат помош кога ми треба.
Мака ми е што не си го барам своето кога си го заслужувам.
Мака ми е што мама нон-стоп ми праќа од оние вргањ печуркине што ич не ме бендисваат?
Мака ми е што ми е олку мака!

Уф, мачен пост, ама полесно на душичкава :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom