Тема: Нешто ми тежи на душата...па да си напишам...
Ако нешто ви тежи на душата, политика,вести,размислувања...пишете тука, на било која тема...
Еве јас ќе почнам...
Демократски фуфици
Во полузаспана состојба, со голем товар кој ме притиска над веѓите, собрав сили како триумфален чин за почетокот на новиот ден, седнав пред мојата Sweex излитена тастатура и MAG мониторче да си споделам она што ми тежи на душата...со тебе драги читателу (дудлам?)...
Се надевам дека нема да бидам уште еден од оние колумнисти кои пишуваат страници колумна само да стигнат до својата цел.
Сите сме сведоци дека 90% од населението во Македонија не знае да се дупни во газот, а камоли да биде свесно за политичката состојба во која е Македонија. Поголемиот дел освен гледањето на силиконски цициња и газиња на Пинк и Пајнер не знаат и слепата ослепеност

во некоја одредена политичка фигура...
Чаре? Е нема...ќе си отупиме како тупоглавци, грижливо сместени зад „убавите“ излитени фотели од Шаврич со истиот дезен во секоја втора куќа, остаток од „лошото“ време кога сите ги прчеа на плажите во Паралија или на каменестите плажи на „Наше Море“.
Јеби га, тогаш не чинеше...сеа поубо ни е оти иаме демократија (а знаете што е демократија ви се молам, освен излегувањето на едвај 50% од населението на избори?!“) и живееме во мизерија со дупнати џебови, чии врчви се многу поголеми од времето на комунизмот (кој пак не чинеше), ама за атер дека сме модерни и ние сме анти-комунисти, па сеа дури и прдиме од радост дека ќе се донесе закон за лустрација, што би рекле 90% од македонското население (закон за Илустрација).
Тоа е ...тренд. Ако можеме да имаме на нас и најнова мода иако воопшто не ни се допаѓа ама од чист атер да не бидеме различни од другите овци ќе бидеме и анти-комунисти. Тоа е хит, тоа е тренд, тоа е cool.
И така драги мои (дудлам), станавме демократски фуфици...
Робови на нашето незнаење да се дупниме во газот, марионетки на домашнте политичари и квази-политичари, робови на туѓи идеали, лишени од сопствените!