Мајкл Џексон е жив, маскиран и се претставува како Дејв Дејв
Коментари (0)
12.05.2010 11:05
Мајкл Џексон
Интернет страницата, на која се тврди дека кралот на поп-музиката Мајкл Џексон е жив и оти се претставува како Дејв Дејв, човек кој страдал во пожар, бележи неколку милиони посети дневно.
На повеќе страници на интернет, како и на Фејсбук и Јутјуб се појавија гласини дека Мајкл Џексон се појавува во повеќе ТВ програми и се претставува како 33-годишниот Дејв Дејв, човек чие лице е деформирано уште во детството во пожар, кој го подметнал неговиот татко.
Во сценариото, кое е презентирано на интернет, навистина е тешко да се поверува, но сепак на еден форум е објавено дека нема сомнение оти кралот на поп-музиката е жив. Се тврди дека постојат докази за тоа и оти јавноста ќе биде запознаена со нив.
Дејв, чие вистинско име е Дејвид Ротенберг, е од Бруклин во Њујорк. Во 1983 година, кога имал шест години тој бил запален од неговиот татко. Вистинско чудо е тоа што Дејв преживеал, со оглед на тоа што 90 проценти од неговото тело било запалено. Иако бил подложен на серија операции, тој засекогаш останал деформиран. Неговата мајка Мари подоцна напишала книга за искушенијата низ кои минал нејзиниот син, а книгата потоа е екранизирана. Благодарение на тоа легендарниот музичар слушнал за Дејв и го земал под своја заштита.
„Се спријателивме и тој ме пушти да влезам во неговиот живот, што е мошне необично за Мајкл. Ме прифати како пријател“, вели Дејв, студент по право, кој сега живее во Јута и кој го променил презимето за да нема никаква врска со својот монструозен татко.
Дејв минатата година гостуваше во емисијата на Лари Кинг, каде говореше како се запознал со легендарниот музичар, како се чувствувал како негов пријател и за тоа колку Мајкл всушност му помогнал. Токму таа емисија доведе до гласините, кои сега се вистинска сензација на интернет, а за нив на големо се зборува на michaeljacksonhoaxforum.com, од каде што приказната всушност и почна.
Извор:А1 телевизија
--- надополнето ---
Видете го видеово и видете ја сличноста