Маја Гроздановска Панчева

  • Креатор на темата Креатор на темата пм=MGLpM
  • Време на започнување Време на започнување
За жалење е Кристијан Габровски бидејќи се спуштил на вакво ниво, да пишува песни за други, па уште и за субвенции од државата.

Типот беше легенда со Ристо Бомбата и Кучешка тенија, и треба да посвети внимание на нов музички проект од таков тип, наместо да пишува песни за други, не за нешто друго, туку бидејќи и самиот Габровски заслужува подобро.
 
Е ме погоди, браво. Мене музичкиот избор ми се движи од Маја Панчева до Цеца и Карлеуша. Инаку темата е потребна како дупка во главата. Ако имаш потреба да отвориш тема, пиши ми пп ќе ти доставам листа со предлози кои сигурно ќе бидат почитани и поинтересни од оваа. На пример, Телефонскиот именик на Канзас, Руски народен кувар, Како растеше тревата...

Пиши слободно, не се срами.

ПС. А мислев дека Скај отвара лоши теми во Музика. :facepalm:

Не, не сакам да ти ја крадам креативноста... ;)
 
За жалење е Кристијан Габровски бидејќи се спуштил на вакво ниво, да пишува песни за други, па уште и за субвенции од државата.

Типот беше легенда со Ристо Бомбата и Кучешка тенија, и треба да посвети внимание на нов музички проект од таков тип, наместо да пишува песни за други, не за нешто друго, туку бидејќи и самиот Габровски заслужува подобро.
за малце не го достигна Екрем Јеврич со тие песни и изведби Ристо Бомбата и шо викаш оти долги години се вика Кристијан Габровски и неќе да го спомени Бомбата :icon_lol:
 
за малце не го достигна Екрем Јеврич со тие песни и изведби Ристо Бомбата и шо викаш оти долги години се вика Кристијан Габровски и неќе да го спомени Бомбата :icon_lol:

Легенда беше човекот, и останува легенда, и ќе остане легенда.

Но вистинска штета е тоа што не се задржа до својот оригинален стил, по кој ќе остане незаборавлив, исто како и Дуо трио, со разликата што поголема е веројатноста Дуо трио повторно да се соберат отколку Ристо Бомбата и Кучешка тенија.

Од 30:05 до крајот на клипчето.

Маја Гроздановска Панчева порано додека беше активна ми беше сосема Ок личност на нашава музичка естрада, имаше добри песни, но познат/а и интересен/на пејач/ка не се станува/останува со снимање песна на секои 10 години. Памтам дека Маја имаше хит песна со хит спот на времето (ако може така да се каже) што се викаше ,,Барбика". Песната сите ја слушаа и постојано се вртеше по телевизииве.

Што се однесува до нејзинава нова песна можам да речам дека е сосема Ок, но далеку од добра и од хит. Прво, песната не е наменета и создадена според барањата на народов, туку е создадена за да исполни некој проект и за да не потсети дека имаше една Маја што пееше. Второ, песната и спотот се правени недоправени. Задолжително е нашите песни (посебно овие по нашиве фестивали) да се жалопојки без никаква живост во нив, наместо да имаат некои елементи кои ќе ја прават песната да биде динамична/да не биде монотона. Спотот да речеме дека е добар, но не доволно добар за да привлече внимание. Постојаното мешање на делови од Скопје ноќе и дење некако не иде. Трето, кога веќе се даваат пари за некој ваков проект, бар нека се направи тоа нешто како што треба.............., со песна и спот како што бара народов. Четврто, не ми е јасно како тоа проектов е за развивање/оживување/збогатување на Македонската музика, а се финансираат/субвенционираат Чкљ и ромски песни:cautious:

А бе реков еднаш, на форумов те имаме експерт!! Од се се разбираш. Само се чудам со седиш и денгубиш, оди и покажи си го талентот, оди и режирај им ги идео клиповите, оди искомпонирај им песни кои се сигурни хитови..

и еден П.С. :

само толку те служи меморијата
 
Со ова “настапува во кафулето на сопругот“ ја замислувам како Едит од Ало Ало
:icon_lol:

Што зборуваш бе, Маја супер пее, иако во најдобри спомени ми е од пред 25 години ко излегував по кафиќи. Тогаш бајги беше активна со тезги, како што се сеќавам имаше уште една девојка со неа.

Супер журки правеа.
 
Шо думаш бе?
 
Не сакаш да знаеш :)
Се зафркавав бе другар не се лути. :) Не викам дека пее лошо, едноставно реченицата асоцираше на тоа. Ако си ја гледал серијата ќе ти текне.
 
Се зафркавав бе другар не се лути. :) Не викам дека пее лошо, едноставно реченицата асоцираше на тоа. Ако си ја гледал серијата ќе ти текне.

Абе Едит пее како кокошка, ама Маја има прекрасен глас. Така да споредбата ти беше малце во офсајд :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom