Маја Гроздановска Панчева

  • Креатор на темата Креатор на темата пм=MGLpM
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.411
Поени од реакции
3.330
И ВЕ МОЛАМ БЕЗ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ !!

Маја Гроздановска-Панчева, која извесен период апстинираше на музички план, деновиве го промовираше видеото за синглот "Ноќи без крај", комплетно дело на Кристијан Габроски.

319008-imam-nad-70-pesni-i-samo-eden-album.jpg

Маја Гроздановска-Панчева, која извесен период апстинираше на музички план, деновиве го промовираше видеото за синглот "Ноќи без крај", комплетно дело на Кристијан Габроски.

Песната е субвенционирана од страна на Министерството за култура, а видеото го реализираше Фабрика продукција.

Секогаш кога ќе слушнам нешто што ми се допаѓа, сакам да го отпеам. Така беше и со оваа песна. Уште на прво слушање во студио кај Кристијан ми влезе во уво, помина на конкурсот за субвениции и јас лично сум презадоволна од сработеното", вели Маја.

И покрај тоа што повеќе од две децении успешно опстојува на музичката сцена, зад себе има само еден албум кој го има издадено пред 15 години.

Имам над 70 синглови и само еден албум. Многумина досега ме прашале зошто не снимам нов материјал кој ќе го ставам на носач на звук. Сепак, според мене важно е само песната да е слушана и публиката да ја сака. Се водам според таа девиза. Можеби не објавувам песни секој месец и не снимам спотови, но тука сум, работам полека и сум присутна и после толку години", додаде Маја, која секој викенд настапува во кафулето на сопругот Дарко Панчев.
 
Последно уредено:
Обично поголем вовед се пишува за почеток на тема.............обично. Слика, биографија нешто, песна нешто, а у оти сме му отвориле тема на изведувачот и така натака и така натака.....
 
Вистинското прашање е дали Маја го заклучила Дарко пред портите, и го оставила надвор да ја помине ноќта...
 
Обично поголем вовед се пишува за почеток на тема.............обично. Слика, биографија нешто, песна нешто, а у оти сме му отвориле тема на изведувачот и така натака и така натака.....

ОК, средено
 

И коментарот на фб: "Mojata nova pesna,koja se sozdade blagodarenie na :Kristijan Gabrovski,Fabrika produkcija i Sergej Varoshlija, od proektot, subvencii na MTV za Makedonska muzika....se nadevam ke vi se dopadne !"[DOUBLEPOST=1445423360][/DOUBLEPOST]
Тема и за Маја Панчева.

Зошто, побогу?

Затоа што МАКЕДОНСКИ ЗВУЧИ ПОДОБРО... МАКЕДОНСКИ ЗВУЧИ НАЈДОБРО!

Слободно оди ако не ти се допаѓа темава, имаш теми за Цеца, Јелена Карлеуша етс...
 
Последно уредено:
Затоа што МАКЕДОНСКИ ЗВУЧИ ПОДОБРО... МАКЕДОНСКИ ЗВУЧИ НАЈДОБРО!

Слободно оди ако не ти се допаѓа темава, имаш теми за Цеца, Јелена Карлеуша етс...

Е ме погоди, браво. Мене музичкиот избор ми се движи од Маја Панчева до Цеца и Карлеуша. Инаку темата е потребна како дупка во главата. Ако имаш потреба да отвориш тема, пиши ми пп ќе ти доставам листа со предлози кои сигурно ќе бидат почитани и поинтересни од оваа. На пример, Телефонскиот именик на Канзас, Руски народен кувар, Како растеше тревата...

Пиши слободно, не се срами.

ПС. А мислев дека Скај отвара лоши теми во Музика. :facepalm:
 
Оваа ми беше фаве до кај 12 години кога си замислувам дека пејам на музичко шоу :D:facepalm:

Треба да направам ретроспекција на песните и тие малку што сум ги знаела сум ги заборавила.Инаку во целина сакам и слушам македонска музика всушност песни онака посодржајни а не кеш кеш или мафијаш :D
 
Маја Гроздановска Панчева порано додека беше активна ми беше сосема Ок личност на нашава музичка естрада, имаше добри песни, но познат/а и интересен/на пејач/ка не се станува/останува со снимање песна на секои 10 години. Памтам дека Маја имаше хит песна со хит спот на времето (ако може така да се каже) што се викаше ,,Барбика". Песната сите ја слушаа и постојано се вртеше по телевизииве.


Што се однесува до нејзинава нова песна можам да речам дека е сосема Ок, но далеку од добра и од хит. Прво, песната не е наменета и создадена според барањата на народов, туку е создадена за да исполни некој проект и за да не потсети дека имаше една Маја што пееше. Второ, песната и спотот се правени недоправени. Задолжително е нашите песни (посебно овие по нашиве фестивали) да се жалопојки без никаква живост во нив, наместо да имаат некои елементи кои ќе ја прават песната да биде динамична/да не биде монотона. Спотот да речеме дека е добар, но не доволно добар за да привлече внимание. Постојаното мешање на делови од Скопје ноќе и дење некако не иде. Трето, кога веќе се даваат пари за некој ваков проект, бар нека се направи тоа нешто како што треба.............., со песна и спот како што бара народов. Четврто, не ми е јасно како тоа проектов е за развивање/оживување/збогатување на Македонската музика, а се финансираат/субвенционираат Чкљ и ромски песни:cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom