JeepMkd
Scratch model builder
И покрај големиот број на македонски интернет портали за автомобилизам, јас редовно купувам и читам списанија.
Добро, било портали било списанија, не се 100% македонски производ но добро е да се прочитаат интересни и квалитетни информации од време на време. Ги почитувам тие што прават тестови, рецензии и објавуваат информации од прва рака!
Ќе започнам со тоа јас што го следам редовно...
Едвај чекам да дојде сабота и да го земам новиот број на Ауто Билд
Некои замерки немам, можеби недостига некоја страница плус, но тогаш сигурно не би чинел 15денари. Всушност, до пред некоја година имаше целосен Ауто Билд од 70 страни, поквалитетен формат но чинеше 70 денари па затоа не беше многу успешен.
Откога почна да излегува со Утрински секоја сабота, ги имам и ги чувам сите броеви. Првиот е излезен на 10 март 2007
Кога имам слободно време ги листам и е интересно кога ќе видам некои концептни возила кои биле актуелни, а сега веќе се возат по нашите патишта... (Пежо 207, Фиат Браво, Фиат 500, Ц-класа, новата Х5-ка...)
Во последно време земам и Современ Возач (СВ) и можам да речам дека е прилично добро, обемно и многу информативно списание. За разлика од Ауто Билд, во СВ редовно има информации од новостите на македонскиот пазар, условите и се` околу возењето автомобил во Македонија. Излегува еднаш месечно.
Од останатите магазини кои можат да се најдат барем во мојот град, земав Autostart (мислам дека е српско). Добро списание, имам 10тина броеви но сега не можам да го најдам...
Topspeed никако да се пробие, верувам главно поради цената. ТВ шоуто со Адријан Кулунџиќ беше извонредно (му завидувам на човекот)
ТВ шоуа немаме во изоблиство, би го спомнал само Автомагазин на Телма. Секогаш заборавам да го изгледам, и 2 седмици е голем интервал, и не е нешто посебно.
Дали вие читате магазини и кои? Би било добро да објасните зошто го земате баш тој магазин, зошто ви се допаѓа и што не ви се допаѓа кај другите...