Made in Macedonia - колку е важно за Македонската економија ?

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Сите домашни производи се генерално поскапи од странските. А пример истите тие извезени се поефтини од цени тука.
Јас лично пазарам што ми дојде под рака, т.е што ми се допаѓа, меѓутоа ако цените се пристапни за наши стандарди автоматски ќе се троши нашето повеќе а тоа нели одговара на еконимијата.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Има еден проблем кај нашите производители кој богами е присутен кај скоро 90% од производите.

НИКОЈ НЕ ВНИМАВА НА КВАЛИТЕТ, значи ние македончината сакаме да направиме пари набрзинка, да продадеме што повеќе продукти за повисока цена со помал квалитет.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Има еден проблем кај нашите производители кој богами е присутен кај скоро 90% од производите.

НИКОЈ НЕ ВНИМАВА НА КВАЛИТЕТ, значи ние македончината сакаме да направиме пари набрзинка, да продадеме што повеќе продукти за повисока цена со помал квалитет.
Јас мислам дека не е баш дека никој не внимава на квалитет, туку повеќе дека малку се внимава на амбалажа и реклама, како што веке спомна македонка1985. Мислиш дека некој, на пример, од странскиве познати шампони за коса чија реклама врта по 10-20 пати на ден се којзнае колку ефикасни и квалитетни?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891


да се надоврзам на Македонка,за некои производи кои сто години имаат иста амбалажа..тоа е чудо..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Бонум набавува од Србија и Полска.
Друг?

Значи македонското стопанство е така конструирано што ние воглавном немаме домашен производ. Е сега ако збориме за „домашен“ производ, тогаш да, освен што ја подигаме домашната компанија, отвараме работни места и имаме изливи на девизни резерви од земјава.
--- надополнето: Nov 1, 2011 11:50 AM ---

Галеб не дека е проблем, туку ние немаме ланец на производство за да го извршиме целиот процес во било кој сектор. Значи ние немаме ни еден сектор за готов производ, затоа и преживуваме овие години.
Цитро праша за домашен производ, па треба да знае дека такво нешто не постои, освен рачна изработка на накит ( и тоа се прашувам од кај го носат).
Па проблем е ако немаме таков систем, ако набавуваме странски материјал за производство на 'наш производ' ,барем 50% од средствата искористени за купување на тој производ ќе одат во странство.

А за Цитро...Пред некој ден по некоја случајност дознав дека Вива соковите - да ги грабнеш и да бегаш се мејд ин Чајна.Да ,да Вивакс природните сокови се произведени со екстракти од Кина.Набавките одат преку пристаништето Драч во Албанија.Ова е само еден пример.
Интересна работа нивен сок од 1 литар е ~60 - 65 ден.,а иста количина од Санголд кои ги откупуваа последниве години јаболката од Ресен/Тетово и праските од Росоман (какви - такви) е ~ 40-45 ден.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Нова е на Билјана амбалажава
е што е ново ,само тоа гратис што пише 10% ,се друго е исто со години .. исто и кај сјајот..онаа домаќинката со децении,никако не старее :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Битолско млеко не купувам веќе две години поради увозот на српско млеко во мк амбалажа. Секогаш во маркет внимавам да ги одберам македонските производи.
ИМБ е еден од најголемите трујачи.Јогуртот на ИМБ со рок на траење 2-3 недели, а на другите млекарници од 5-7 дена.Искрен муабет од газда на една помала млекарница : Хемија редиме сите,во дозволени количини поради рокот на траење.И нивните производи се со два или три пати помал рок на траење.Е сега споредба со ИМБ е непотребна.Не знам како се викаше чудото за продолжување на рокот на траење, ама делуват на стерилитет и такви работи.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
е што е ново ,само тоа гратис што пише 10% ,се друго е исто со години .. исто и кај сјајот..онаа домаќинката со децении,никако не старее :D
Јебига каква е таква е, сакам да ти кажам дека пред некоја година ја сменија а речиси е иста да
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
да де иста е само што кај да е ќе откаже производство :D :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Мене лично ми е чудно непочитувањето на (квалитетните) македонски производи.Нормално дека фирми со имиња како Перо Комерц или Миле Компани ќе се посомнителни за квалитет, ама една Витаминка или Макпрогрес (Винчини) не се од тој калибар.
Имаме некој чуден критериум дека се од наше производство е чкарт.Еве истиот вкус (или подобар) како Милка,

ама Луна е од Витаминка.Не е бренд.Или ќе ми се смеат ако јадам Луна или слично.Ќе купам Милка од 70 денари,а не Луна скоро двојно поефтина пошто нели ние сме богата нација и трошиме бренд производи.

Или ова

Неспоредливо ми се подобри од Бајадера на пример.
Пробајте сменете, не е страшно.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Taка е Галеб.. Витаминка има и те како квалитет и секогаш купувам витаминка , од кечап до чоколада.. и без око да ми трепне би мењал три милки за еден атлантис :rolleyes:
--- надополнето: Nov 1, 2011 1:34 PM ---
да де иста е само што кај да е ќе откаже производство :D :D
ќе се продаде најверојатно
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Јогуртот на битолска млекара оној баланс , кој бтв нема врска со баланс бидејќи има исто што имаат сите други јогурти, со додаток кој не е докажан дека прави разлика во варењето, кога излезе на пазарот беше 45 денари. Сега е 56 денари. Ист таков јогурт не знам од која фирма беше некоја српска или што ти ја знам, е 43 денари. Така се прави бум на пазарот, а не тука го произведува, кај ги пљачка млекарите уште и нас не работи како деца. Во капитализмот не постои домашно и странско производство, постои интерес и профит. Амам веќе со овие теории на македонските економисти кои воведуваат царина за увоз на автомобили , а немаме домашно прозиводство, но го преплавија пазарот со шеќер и пченица од надвор. До кога ќе им верувате не знам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Јогуртот на битолска млекара оној баланс , кој бтв нема врска со баланс бидејќи има исто што имаат сите други јогурти, со додаток кој не е докажан дека прави разлика во варењето, кога излезе на пазарот беше 45 денари. Сега е 56 денари. Ист таков јогурт не знам од која фирма беше некоја српска или што ти ја знам, е 43 денари. Така се прави бум на пазарот, а не тука го произведува, кај ги пљачка млекарите уште и нас не работи како деца. Во капитализмот не постои домашно и странско производство, постои интерес и профит. Амам веќе со овие теории на македонските економисти кои воведуваат царина за увоз на автомобили , а немаме домашно прозиводство, но го преплавија пазарот со шеќер и пченица од надвор. До кога ќе им верувате не знам.
Најсмешно е ако е Суботичка Млекара или Имлек (а само тие две во Србија работат таков јогурт) се со исти газда како ИМБ.Очигледно е форсирање на одредени производи на сметка на други.

Е тука си во право.Особено ова со пченицата.Ај сега забранија увоз привремено, им дадоа да користат државни резерви по многу пониска цена од увозната, а цената пак отиде горе.
Цената на брашното, на пример е скокната скоро двојно последниве неколку години.А особено после донесувањето одлука за користење државни резерви и лебот и брашното пак се поскапија.И сите поголеми фирми од млинско - пекарската индустрија скоро во еден глас ги објавуваа поскапувањата.
Тајни картелски здружувања?
Ама сепак, реакцијата на властите требаше да е построга па дури и до замрзнување на цените на лебот и пченичните производи на одреден период.Па да видиме кој е фраер.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не зборам за чоколадните бонбони или тортици или свашта туку за чоколадото од Европа како чоколадо, табла. На времето имам пробано и ми беше гадно. За Атлантис не праам муабет, милина, се топи во уста :) Цела кутија ја смачкувам. И Синтагма чоколадите се убави, потоа Сириус и незнам кои други беа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom