Маде ин Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа економијата им пропадна на југословените. Ако не се расипува, како ќе работи индустрија за нови машини и делови.
Стар телевизор = 200 вати на саат.
Нов телевизор = 30 вати на саат.
Стенд бај стар телевизор = 10 вати.
Стенд бај нов телевизор = 0.3 ват.
Значи фактор на полезност да го наречеме на новиот телевизор е 6 пати или 600%.
Просечна инфлација за 30 години е да речеме 30*3% = 90%
И ај сега.
го нема тука факторот југословенска струја и тв програма. По неколку денови телевизорот трошеше нула вати (па мораше да се извади и од штекер за да се демагнетизира :vozbud:) заради рестрикции и оти програмата беше наутро школски програм 2-3 саати и попладне од 17 со регионална хроника до 22 ч. Сакале нејќеле, државата штедеше за нас
 
По оваа логика, германската економија брзо ќе пропадне. :pos:

Според тебе само штом се спомне зборот Германија, веднаш асоцира на квалитет. За жал не е така.

До технологијата е и до тоа колку се вложува во неа. Не можеш ти да очекуваш од држава која не инвестира у технологија и наука да опстане.

Дали тоа значи дека Македонија нема да опстане?

Разликата во Југославија е што тогаш немало нешто кое се сметало за модерно пошо изборот бил и онака доста ограничен.

Најверојатно си од оние со испрани мозоци, на кои им било кажано дека во Југославија немало избор и се било со лош квалитет.

Муабетиве без врска еј.Удрете една математика колку струја ви троши фрижидерот и телевизорот од шеестреќа и колку трошат модерните.
Стар фрижидер може како ништо да троши киловат на ден, додека нов троши киловат на месец.
Стар телевизор цица по 200 вати на саат, додека модерен околу 30 вати и 0.3 во стенд бај.
Удрете една математика колку пари сте изгубиле со текот на годините.

Разликата е повеке од 30 години, порано било незамисливо да има хибридни автомобили, а сега тоа се смета за иднината на транспортот. Иста е и твојава споредба за фрижидерите.

Еден 101 ќе троши ко ламја и на 200 000 е за на отпад, додека еден Опел на 500 000 километри нема гајле. Во право си производите се понеквалитетни.
Со оглед на тоа дека првпат бил произведен во 70-те не е чудно да троши толку многу, бидејки скоро сите автомобили од тој период трошат исто колку 101.
 
Груевски за џабе се трудеше кога Кадаиф го заеба бугар си се пиша.

Плус многу шетан човек е, само пред месец дена карта незнаеше да букира за лет. Шетан шетан збор да нема за шетање. Богат, сите со се партали може да не купи. Те молам берик Кадаиф филмот ли не го знаеш.

Само незнам што се задева повторно, кога после две реплики моли кука се да се избрише. Бугар класичен, прв се задева вреѓа, потценува, а после плаче.


За греови. Логика најде во два сосема спротивни системи плански и пазарен.
Се надевам дека намали некое кило и дека бубуљиците не ти направија лузни како на БЦ.
Во спротивен случај жалам, прими го моето сочувство.
 
Обично производите беа лиценцни...
Кај мајка ми уште работи Кончар фрижидер од 1976, произведен во кооперација со италијански Зануси.
До скоро уште еден Кончар од 1989 работеше, пак наравен во кооперација со Калекс.
И на двата така пишува де...
Квалитетни производи, дефинитивно, ЈУС стандард.
Борово правеше Пума патики, Планика правеше Адидас. Обуча од Белград мислам Симод правеше... Вартекс од Вараждин правеше Левис фармерки... носев како дете...
Најголем дел од алатот дома ми е Униор, купуван од татко ми на времето... Бор машината на Искра (лиценца на Бош) уште работи, хехехе

Симод италијанска фабрика која во СФРЈ произведуваше адидас
Adidas-Top-Ten-Hi-White-Navy-Blue-1.jpg

Во планика исто се произведуваше адидас ама планинарски
146445569.adidas-v22179-winter-hiker-speed-cp-pl-erkek-bot.jpg
Бидејќи сме неработници и мрзи,оспособени во Југославија затоа денес во Македонија не е ништо поразлично.
И за крај
 
Не дека апаратите произведени во Југославија биле поквалитетни, туку во таа доба биле доволно едноставни за да нема што да се расипе, особено електронските, и дури и ако би се расипале и обичен самоук електричар да би можел да ги поправи за 10 минути.
На пример фрижидер Кончар кој е купен некаде доцни 70ти и се уште го користиме, не дека не се расипал, на повеќе наврати нешто цркнало, ама лесно би го поправил некој од комшиите затоа што се работи за чиста механика.

Од денешен аспект постои една цела политика во индустриското производство, planned obsolescence (планирана застареност) која се труди да го ограничи рокот на траење на производот и со тоа да обезбеди пазар и во иднина.
Тоа не е секогаш со ставање на намерно помалку квалитетни материјали кои побрзо се трошат и амортизираат, туку често е и со ограничување на можностите на тековниот производ, кои би ги вклучиле во наредна верзија.
Прашање е колку ова било фактор и за самото пропаѓање на оваа југословенска индустрија која не си го нашла местото во времето. Ги нуделе истите верзии на производи на заситен пазар кој нема можност и потреба за нови исти такви.
 
Се што постои денес е 49387249823942894278 пати поквалитетно нити пак се споредува со тоа од пред дедо ноета.
Ја не би го облекол моето дете во тоа што ме облакале мене пред 20 и кусур години, нити пак би возел застава, фичо и не би живеел во минатото, опасно е се запоставува човек.
 
Се надевам дека намали некое кило и дека бубуљиците не ти направија лузни како на БЦ.
Во спротивен случај жалам, прими го моето сочувство.
a што има ова веза со тоа што си зел државјанство? :D
 
Се што постои денес е 49387249823942894278 пати поквалитетно нити пак се споредува со тоа од пред дедо ноета.

Грешка си, порано ниската класа, беше на ниво на сегашната средна. За патиките на пример, да не збориме. Патики за кошарка Адидас, ги носев 5 години, на цименто игравме. Пробај сеа играј некои 3-4 пати во недела, констатно 5 години со еден ист пар патики, а притоа имај 90-на килограми, после ќе збориме :D
 
Се надевам дека намали некое кило и дека бубуљиците не ти направија лузни како на БЦ.
Во спротивен случај жалам, прими го моето сочувство.
Можеш ти и подобро од ова, ајде докторе можеш! :D
 
Југославија произведуваше речиси се што им беше потребно на граѓаните, храна, облека, обувки, возила, електрика и електроника, енергија, метали.. и си го чуваше своето стопанство. Имаше високи царини за странски производи но не значеше дека не смееше да се донесат, имаше САБА и Телефункен телевизори но беа 3 пати поскапи од РИЗ или Горење, имаше автосалони на Опел, Рено, Ситроен, БМВ.... се возеа и кадети и мерцедеси и спачеци и ами 8 не само фиќо и стоедно. На одмор се одеше на јадран но ако сакаше и во грција, италија, шпанија.... на кој како му одговараша и кој како сакаше. Со високите царини идавачки се штитеа работните места на милиони граѓани, то го прави секоја земја, или со договори за трговија (колку ќе извезам во друга земја, толку и да увезам) денес се затворени едни од најквалитетните погони за текстил во регионот затоа што се увезува 10 пати понеквалитетна турска и кинеска текстилна роба. Сега за бизнис и нечии провизии немаме ни сточарство ни млекарство, зато што се увезува и млеко и сирење, се увезува и пченка и пченица и ориз и грав и масло за јадење и шеќер.... Не се штитат производителите туку трговците. Цели семејства на производители пропаѓаат заради поголем профит на неколкумина увозници и трговци.
 
И сега има квалитетни работи почните од штекерите, прекинувачите, облеката па се до бела техника. Само што народот во Македонија нема пари и си купува кинеско ѓубре кое нормално не е квалитетно. :D
 
Јас имам две мадиња од бивша Југославија. Сеуште се функционални.
 
Не дека апаратите произведени во Југославија биле поквалитетни, туку во таа доба биле доволно едноставни за да нема што да се расипе, особено електронските, и дури и ако би се расипале и обичен самоук електричар да би можел да ги поправи за 10 минути.

Сигурен си за тоа дека сите апарати биле едноставни и се поправале за 10 минути?
 
Југославија произведуваше речиси се што им беше потребно на граѓаните, храна, облека, обувки, возила, електрика и електроника, енергија, метали.. и си го чуваше своето стопанство. Имаше високи царини за странски производи но не значеше дека не смееше да се донесат, имаше САБА и Телефункен телевизори но беа 3 пати поскапи од РИЗ или Горење, имаше автосалони на Опел, Рено, Ситроен, БМВ.... се возеа и кадети и мерцедеси и спачеци и ами 8 не само фиќо и стоедно. На одмор се одеше на јадран но ако сакаше и во грција, италија, шпанија.... на кој како му одговараша и кој како сакаше. Со високите царини идавачки се штитеа работните места на милиони граѓани, то го прави секоја земја, или со договори за трговија (колку ќе извезам во друга земја, толку и да увезам) денес се затворени едни од најквалитетните погони за текстил во регионот затоа што се увезува 10 пати понеквалитетна турска и кинеска текстилна роба. Сега за бизнис и нечии провизии немаме ни сточарство ни млекарство, зато што се увезува и млеко и сирење, се увезува и пченка и пченица и ориз и грав и масло за јадење и шеќер.... Не се штитат производителите туку трговците. Цели семејства на производители пропаѓаат заради поголем профит на неколкумина увозници и трговци.
Oва е реално кажано...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom