Mad Men

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Како не сте направиле тема за овие момци досега?
Mad Men или Момците од Медисон или Маркетинг директори како сакате крстете го шоуто е американска драмска серија сместена во 60-тите години и го следи животот на вработените во маркетиншката агенција Стерлинг Купер на Авенијата Медисон во Њујорк.

Засега се емитувани пет сезони, шестата ќе започне во текот на април, а планирано е седмата да биде последна сезона. Серијата веќе неколку години добива Еми и Златни глобуси за најдобра драмска серија, секако дека не се само тие, има премногу награди а и навистина го заслужува тоа. Она што најмногу ми се допаѓа е одличното сценарио, тоа што е запазен секој детал во периодот во кој е сместена серијата. Секако односот помеѓу мажите и нивните сопрузи, неверството, алкохолот и сл.

Јас моментално ја завршив трета сезона, па планирам наскоро да продолжам. Одлична е, ја препорачувам на сите фанови на квалитетни драмски серии.

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
не сум навлегла во дејствието, ама ми се свиѓа елегантниот сетинг и интригантната музика (која ја осеќам додека идам на некое место за злостор...на пример на факултет).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
H

HoT IcE

Гостин
Who da faq don't know about John Draper? Сериозно, интересна е серијава, добра костимографија и музика како што се рече веќе, а Дрејпер е мушкарчина во серијава, неможе да не ти е омилен лик. И да, женцките се многу секси низ текот на сите сезони, или па ја иам некој фетиш на мода од 60ти год ебаго.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Ја обожавам Кристина, ама никад неам седнато да ја гледам ММ редовно. За карање сум, знам. Ќе и‘ дојде време.
Па ај да вметнам и тука некоја нејзина слика :D



:D
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ја почнав пред некој ден. Одамна ми беше на листа, а и онака ми треба некоја серија со повеќе сезони да си ја изгледам со сите нишани. И морам да кажам ме импресионира уште со прва епизода. Особено сцената кога Дон Дрејпер во ресторанот објаснува дека љубовта не постои зашто маркетинг гении како него ја имаат измислено за да ја продадат. И патем не можеле да одберат подобар актер од Џон Хем. Страва е човекот. Ја препорачувам на секој што има малку повеќе слободно време да почне да си ја гледа со ред.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Јас ја почнав пред 2-3 недели и стигнав до 6-7 епизода некаде, треба да проверам. Малце е спора, дефинитивно не е тип на серија која се гледа по неколку епизоди дневно како што сум навикната, па затоа ја стопирав. Ама сакам да ја изгледам, летото е пред мене, веројатно ќе ја комбинирам со други серии.
И Дон е закон!
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ова е моментално омилената серија на ѕвездата Каролина Гочева
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Ова е моментално омилената серија на ѕвездата Каролина Гочева
ова информација од прва рака или пак од рекла казала

п.с и што е важно дали е омилена на Каролина или пак не, кажи дали тебе ти е омилена (освен ако ти не си Карлина :eek:)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
ова информација од прва рака или пак од рекла казала

п.с и што е важно дали е омилена на Каролина или пак не, кажи дали тебе ти е омилена (освен ако ти не си Карлина :eek:)
Директива од нејзиниот Инстаграм :icon_lol:

 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Директива од нејзиниот Инстаграм :icon_lol:


Oва ми е најбитната информација добиена месецов. Thank you.

Во однос на серијата - закон! Само што, не е баш за секого, но која серија па е за секого, на крај краева...

Сезона 4 е најдобра (за мене). Job well done.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.667
Поени од реакции
11.704
Да воскреснам тема и јас еднаш ебаго :icon_lol:
Викендов ќе се прикажува првата епизода од последната сезона на една од најјаките серии што сум ги гледал воопшто \m/
Еве нешто интересно за фановите (ако ги има на форумов воопшто):
https://www.facebook.com/MadMen?sk=app_1472130749672462
 
H

HoT IcE

Гостин
Ги има како ги нема. Серијава е класа бе, врвна драма, врвна. Штета што нема публика на Кајгана, заслужува серијава малце хајп, малце љубов, ајмо луѓе, Хендрикс е цицка ипол!:noze:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Зошто бе никој не ја гледа?

Ја гледам петта сезона моментално, инаку стандард секое лето си гледам по некоја сезона затоа што не сакам да ми заврше така брзо. Шеста и седма (која ќе биде финална) ќе ги изгледам идното лето, за крај на серијата.

Одлична е петта засега, Меган и Дон ми се прилично добар пар, епизодата кога му беше роденден и оваа кога изведуваше француска песна :love:

Тепачката меѓу Кембел и оној старецот:pos:да не знаеш кој е посмешен...

Каква станала дебела Бети, мислам дека сега ќе и се набилдат комплексите уште повеќе :D
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Само да кажам дека ја почнав, ја завршив прва сезона.
Засега интересна, ќе видиме понатаму.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
До 10та епизода од прва сезона сум. :O

Една од подобрите серии шо сум ги гледал е. Генијално напишани дијалози. Бавна. Тензична. Камерата е магична. Сетингот. Костимите. Оу мај факинг гад.

П.С. Серијава ми е ко книгите на Накамура. Од ништо, најобична дешавка се создава напнато дејство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom