Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Можно е да е пиометра и тоа отворена. Како е инаку, ти изгледа невесела, фебрилна, слабо јаде? Ако ја стерилизираш ќе го решиш проблемот за век и векови. Цена си зависи од ветеринар до ветеринар. Моја претпоставка околу 1500 мах 2000 ден.

Да, и јас во меѓувреме како лаик за животни барав и налетав на ова

http://en.wikipedia.org/wiki/Pyometra

Во Штип не знам дали никој толку не прави овариохистеректомија, ама до сега барав на veterinari.mk, има како локатор на ветеринарни амбуланти. Им пишав на неколку, меѓу кои и универзитетската, па ќе видиме што ќе вратат. Гледам да го средам ова побрзо да не се влоши. Па мислам дека е невесела, а си јаде ОК, а не прашаа и дали пие повеќе вода (си пие исто).
 
Да, и јас во меѓувреме како лаик за животни барав и налетав на ова

http://en.wikipedia.org/wiki/Pyometra

Во Штип не знам дали никој толку не прави овариохистеректомија, ама до сега барав на veterinari.mk, има како локатор на ветеринарни амбуланти. Им пишав на неколку, меѓу кои и универзитетската, па ќе видиме што ќе вратат. Гледам да го средам ова побрзо да не се влоши
Ако сакаш можам да ти дадам контакт од мој колега во Кочани. Има и ехо, а исто и операцијата може да ја завршиме. Јас обично работам со него кога има хирургија на мали животни.
 
http://www.veterinarnabolnica.com.mk/

на ова ли мислиш?

Имам проблем со мачката, има исцедок од вагината густо-жолт, но не мириса. До сега не е никогаш парена. Рекоа дека можно е да има гноен абцес на матката или јајниците и дека требало прво ехо да се направи, па евентуално да се стерилизира комплетно (вадење на јајници/матка). Некое инфо за цени ова она?
600 ми земаа мене за ехото, со се дијагноза вкупно све.
 
Која е процедурата за вдомување на улична мачка? Во смисла на што треба да се направи на ветеринар т.е вакцини итн... за да знам да не ме одерат :) Немам претстава колку е стара.


e7upasa6.jpg



Претпоставувам дека одреден период е чувана дома пошто е доста игрива, мила и ептен пријателски настроена према луѓе. Прилично е слабичка со меко и чисто крзно.
 
Лоша е сликата и не сум експерт ама ми изгледа за над 4-5 месеци.

Ако е чиста однеси ја на ветеринар да ја вакцинираат и да и дадат апче за глисти. Ако има болви и тоа треба да се исчисти.

Нема некоја процедура, ја земаш дома и пробуваш да и створиш навика за физиолошки потреби во песок, кај да спие доколку не сакаш да ти легнува на одредени места и сл. Не знам само колку ќе биде тешко ако е големка и дива сега да ја учиш, сепак од надвор ја земаш.

Земи врвки од кондури и играј си со неа. Не ја гњави и не ја удирај ако греши и не те слуша, само ќе создадеш страв кога било кој ќе и пружи рака да ја гали ќе гребе и гризе.
 
Еве го моето ново маче. За жал е глуво :(
Инаку дали некој знае дали во Македонија може да се најде расата ТУРСКИ ВАН ? Прегледај го приврзокот 99878
Не знам каде може да се најде, но ако те интересира нешто повеќе за расата, слободно прашај. 3 години чувам ваков мачор.
Мачето твое е глуво на двете уши или на едно ?
 
Не знам каде може да се најде, но ако те интересира нешто повеќе за расата, слободно прашај. 3 години чувам ваков мачор.
Мачето твое е глуво на двете уши или на едно ?
и на двете- имам читано дека тие со хетерохромија на страна од синото око се глуви а на страната од жолтото/кафеното слушаат, а одреден процент се комплетно глуви- оваа мојата е од тие, доволно е да кажам дека си игра со правосмукалката додека е влучена, воопшто не се бое од бучавата :)
турски ван и јас чував 2 години- мачор но еден ден го снема и незнам што стана со него, еве слика. дали беше чиста раса или не незнам, од таму кај што го земав ми рекоа дека е турски ван. DSC00661.JPG
 
Имам едно прашање, кој може да помогне нека пише ...
Пред неколку дена моето маче го најдов како силно вриска и беше многу уплашено ... Дали некој го тепал, или пак го има чукнато некое возило незнам .. .Проблемот е што мачето куца со задната десна нога , и највероватно му е скршена некаде кај горниот , т.е бутниот дел од ногата , кога ќе го допрам за ногата таа цела му се витка на сите страни ама мачето како да не ја осеќа воопшто , и воопшто не ја подмрднува ... Дали со тек на време може да му заздрави ногата или така ќе му остане засекогаш :( ... Ако некој знае што можам да строрам за да му помогнам на моето маче нека пише .....
 
Носи го на ветеринар де. Вака на форум кој ќе ги дијагностицира повреда на коска и дали е скршена или не.
 
Ве молам за совет :/ Имам мачор кој го чувам во стан, но бидејќи сум на приземје за вршење нужда го пуштам надвор. Со оглед на тоа дека пред зграда имам уште 20 локални мачки, мојов (и покрај ампулата и каивчето ) се наполни со буви и ми донесе во станот. Викнав служба, дезинфицираа само незнам што да му ставам на мачоров како да го исчистам зошто пак ке ми направи проблем со бувите дома. Мене стварно не ми е јасно како можеше да фати толку буви кога пред неколку дена му ставив ампула, а има и каивче. Ако има некој барем слично искуство нека пише :(
 
Ве молам за совет :/ Имам мачор кој го чувам во стан, но бидејќи сум на приземје за вршење нужда го пуштам надвор. Со оглед на тоа дека пред зграда имам уште 20 локални мачки, мојов (и покрај ампулата и каивчето ) се наполни со буви и ми донесе во станот. Викнав служба, дезинфицираа само незнам што да му ставам на мачоров како да го исчистам зошто пак ке ми направи проблем со бувите дома. Мене стварно не ми е јасно како можеше да фати толку буви кога пред неколку дена му ставив ампула, а има и каивче. Ако има некој барем слично искуство нека пише :(
Нема пуштање надвор. Ампулите не се: Стави и исчисти. Ампулите се ставаат се додека мачето е во затворен простор. Значи пример, ти имаш болви дома у секое ќоше. Мачето ти е како магнет за болви. Ако има ампули, тоа веднаш чим фати болви, ќе умрат тие, се додека не се исчистат сите од станот. Ако го пушташ надвор ништо не праиш, стално ќе ти носи и никад нема да се ичисти. Мачето е домашно милениче.
 
Здраво! Моето маче имаше многу болви, пробавме каишка, прашок препорачан од ветеринар, ама ништо, и татко ми го избањал со отров, ама после и со чиста вода и шампон двапати го избањал, и на крајот му ставивме од прашокот. Тој ден си беше океј, играше си, трчаше, ама наредниот ден го најдов целиот мокар како лежи во садот дека му ставаме вода, целиот се тресеше, и неможеше ниту да стои. Наредниот ден дојде ветеринар и 7 дена по ред го боцкаше со витамини, затоа што неможе да јаде, ние го храниме млеко со шприц, ама мора да го форсираме.Ветеринарот кажа дека е затровено преку кожата, ама не од отровот, туку од прашокот, тој прашок бил безопасен за 99‘% од мачките, и за жал моето маче е дел од тој 1 %, па затоа не се затровило веднаш, туку требало време додека да се растворе. Во текот на тие 7 дена повраќаше, имаше пролив и напади, целото се тресеше, и пена му искачаше од устата. Сега веќе може да оде, лиже се, мјауче, ама уште не јаде, пие вода или си игра, веќе втор ден не е боцкано. Кога ќе почне да јаде самостојно? Дали може да умре од глад? Каква храна да му дадам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom