Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе бре,што се замарате што е добро што не е добро..Јас за мачката кај мене конкретно,што јадам јас,тоа и давам и нејзе,не и давам ѓубре..Да земам едно кило стек похован да и испржам ако не?
Јас на моите покрај сува храна, конзерви за мачки им давам секојдневно варено пилешко и риба оти па да не :)
 
Мојата пак, обожава варен компир. :icon_lol:

И мојата јаде..Јајца варени повеќе сака да јаде него кило кременадли..Велигден кога иде,знам сум обезбеден за храна за неа у наредните 10 дена..Секој ден по две јајца и лупам,и нема гајле..
 
koj saka polupersiski macinja use cicaat, ne se beli ama eednoto e nakaj belo inace sivi nelu busavki poso polupersiski neka pise u pp ali samo ako misli stvar no da gi cuva. Neam slika poso neam blutud u komp a neam dzek za u komp.ama ubai sa i temeramentni mislam deka se sangvinici.
 
Мојата само месо јаде, ништо друго. Понекогаш не ја сака ни храната за мачки!

Така си ја научил,и по мене тоа е грешка..Треба да се дава секаква храна,од месо,до чорба,и така натаму..Се што јадеме ние,освен благото треба да се дава на мачки,кучиња и слично..Бар јас така правам..
 
Зошто да не јадат паштета, кога се продава храна за мачки од типит на паштета, односно поливната од храната за мачки е паштета.
Затоа што составот на паштетите за мачки и составот на паштетите за луѓе не е ист.
Паштетите за луѓе содржат многу повеќе конзерванси, што при подолгорочно користење би се јавиле штетни последици кај мачката.

Не сум фан ни на конзервите за мачки, бидејќи имаат премногу слаб состав.
 
Здраво...
Имам мачор 5-6 месеци е стар...
Вчера одеднаш ко да се омалакса. Цело време до сеа спиеше, лежеше, не се помрдна.
Од устата му течат лиги, а поврати и неколку пати. Повратеното беше ко жолто со ко пена од пиво.
Во комшии имам ветринар и го однесовме и рече не е затруено, и му стави вода со шприц за да му се испере желудникот...
Еве го гледам сега мачето устата му е разлигавена ушта и уште лежи...
Не сака ни да јаде ни да пие... Прочистено е од глисти.
 
Може да има проблем со органите. Сеа не знам што ти кажал ветеринарот, али моето маче кога падна ги имаш баш овие симптоми, па испадна дека некои од органите од падот му се уништиле. Според ова, веројатно е некој проблем со бешиката, не дај боже бубрезите. Види дали оди понужда. Ако нема мочкано или какано ко обично, тогаш 99% тоа ќе е проблемот. Ако е тоа, ќе одиш кај ветеринарна амбуланта во автокоманда, таму прават рентген и ехо снимки. Консултирај се со ветеринарот првин у секој случај. Али ова ако не се среди на време може да се развие у сериозен проблем поради токсични влијанија нели, ко човек ако не може да иде понужда долго време ради таков проблем, па исто со мачето. Обавезно среди го, амбулантата отвара од 8.

П.с: Не сум стручен за ништо од ова, нагаѓам просто од искуство со моето маче.
 
Дечки, знаете ли каде прават ехо на мачка? Наслушнав нешто во Куманово имало...
 
Дечки, знаете ли каде прават ехо на мачка? Наслушнав нешто во Куманово имало...
Секаде каде што има ехо. Во Скопје Диме има ехо, на универзитетска клиника исто. Сите подобри ветеринари би требало да имаат ехо.
 
Дечки, знаете ли каде прават ехо на мачка? Наслушнав нешто во Куманово имало...
Еве бе над тебе тоа објаснував. Ветеринарна амбуланта у Автокоманда.
 
Еве бе над тебе тоа објаснував. Ветеринарна амбуланта у Автокоманда.

http://www.veterinarnabolnica.com.mk/

на ова ли мислиш?

Имам проблем со мачката, има исцедок од вагината густо-жолт, но не мириса. До сега не е никогаш парена. Рекоа дека можно е да има гноен абцес на матката или јајниците и дека требало прво ехо да се направи, па евентуално да се стерилизира комплетно (вадење на јајници/матка). Некое инфо за цени ова она?
 
Можно е да е пиометра и тоа отворена. Како е инаку, ти изгледа невесела, фебрилна, слабо јаде? Ако ја стерилизираш ќе го решиш проблемот за век и векови. Цена си зависи од ветеринар до ветеринар. Моја претпоставка околу 1500 мах 2000 ден.

@RickyLFC9 се убаво, ама ако погледнеш сликите од терен, царски рез без ракавици (n) Прва стручна грешка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom