Ангел1977, мачето твое ќе мјаука ден-два и после ќе се смири. За да научи каде му е местото за нужда треба од таму каде што ти се поможало или покакало да префрлиш едно гомце (извини сеа, како да го наречам) или парче палома да натопиш со негова урина и да го оставиш во садот со песок за таа намена. Носи го неколкупати со фино (без викање и стрес) да помириса и да си го препознае своето за да научи дека тоа е местото за таа работа. Местата што ги посетувал за нужда исчисти ги и остави парче лимон. Ако е машко веројатно ќе прска ваму таму за да ја обележи својата територија. Кога ќе потпорасне немој да се онесвестиш ако и тебе те попрска - тоа значи дека те сака и дека не сака да те дели со друг.