Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Ангел1977, мачето твое ќе мјаука ден-два и после ќе се смири. За да научи каде му е местото за нужда треба од таму каде што ти се поможало или покакало да префрлиш едно гомце (извини сеа, како да го наречам) или парче палома да натопиш со негова урина и да го оставиш во садот со песок за таа намена. Носи го неколкупати со фино (без викање и стрес) да помириса и да си го препознае своето за да научи дека тоа е местото за таа работа. Местата што ги посетувал за нужда исчисти ги и остави парче лимон. Ако е машко веројатно ќе прска ваму таму за да ја обележи својата територија. Кога ќе потпорасне немој да се онесвестиш ако и тебе те попрска - тоа значи дека те сака и дека не сака да те дели со друг.
 
Само мјаука, незнам што бара... Ако легнам сигурно некаде ќе се измоча... :/


Не бара ништо , само му треба време да се привикне на новиот дом . Остави го ден - два да се прилагоди , а не ти одма си се фатил да го научиш за вршењето нужда . Ако сакаш да чуваш мачки , треба и да си подготвен да чистиш по нив . Единствен начин да го научиш да врши нужда каде што треба е откако ке почне , само да го пренесеш до песокта .Зад тебе ќе оставиш лом ,ама тоа е...

И повнимателно со ова маче .Ако толку ги сакаш , мораш малку и да му се посветиш . Не го оставај да скока на прозор , да не заврши како претходното.
 
Само мјаука, незнам што бара... Ако легнам сигурно некаде ќе се измоча... :/
Ако не сакаш да ти се моча има едни такви кукли мачиња, мјаукат, одат ама на копче, ако ти здосадат ги исклучуваш... Тоа е животно, живо суштество и научи се да се понашаш така спрема него. И ќе моча, и ќе ти гребе и ќе пробува да скока..ти си одговорниот за него, твое бебе е тоа :)
 
Вчера мачкава ми роди 4 мали мачиња, и вчера му дадов пола чаша млеко, ја испи, ама денес му давам од виршлине шо најмногу ги сакат не ги јајт, му давам млеко не го пијат, му давам вода баре ич.. Нормално е ова или не? Зашо прв пат и е на мачкава не знам.. И заднана нога нон стоп на држит крената, ваљда ја болит од шо се пораѓаше, ви се имат случено и на вас вака?
 
Ништо не и е, може мали последици од пораѓањето ;) инаку сега ќе бара повеќе храна од порано, бидејќи ќе ја цицаат талибанци, така да јас би ти препорачал Kitekat/wiskas и немаш гајле ;) а дека не јаде, можеби бидејќи е сеуште исцрпена и сака да се одмори...позз
 
До сега немам купено специјална храна за мачки, ја ранам со виршли салами и други суво меснати ствари.. Има едни пилешки виршли, душата ја дава за нив и најчесто од нив и давам.
 
Хаос е кај мене дома. Ми се омачи и втората мачка и роди 5 мачиња. А пред 2 недели се омачи и првата и роди 4. Сега имам 9 новородени мачиња и 3 големи:vozbud:
 
Леле, мачкава едвај живот спаси... Се омачи шо се омачи и роди 4 здрави мачина вчера, ама поручеква ко заминав нашкола ми се јавува мајка ми и ми викат имат уште едно, само нозете му се излезени, и не мојт да го истајт мачкава.. Ја однестов на ветринар ја праеа царски рез а мачетво внатре шо не можела да го истајт скапано било.. Загреота, ако ја однесев малце по касно рече дека ќе умрела зашо мн болки имала... Сега опијаната е целана не знајт кај терат... Се надевам дека до вечер ќе се освестит.
 
Досега 2 пати се искака и еднаш се измоча у песокот... Јас го носев ама важно не заврши работа на др. место... :)
 
Мачево ми е нешто болно...
Досега не сум начекал ваква ситуација. Неможе да ги отвори очите, а целата фаца како да му отече...
Безживотен е некако, спие којзнае колку саати во иста позиција. Стана да пие вода, и пола саат седеше со муцката во канчето и не се напи:toe:
 
Мачево ми е нешто болно...
Досега не сум начекал ваква ситуација. Неможе да ги отвори очите, а целата фаца како да му отече...
Безживотен е некако, спие којзнае колку саати во иста позиција. Стана да пие вода, и пола саат седеше со муцката во канчето и не се напи:toe:

И мојот мачор едно време беше така пасивен но за ден два му помина. Пробај натерај го да игра да трча по топче што скока или слично, знам дека е тешко но пробај:) Малку движење нема да му штети.
 
И мојот мачор едно време беше така пасивен но за ден два му помина. Пробај натерај го да игра да трча по топче што скока или слично, знам дека е тешко но пробај:) Малку движење нема да му штети.
Брат, не што е пасивен туку јасно се гледа дека нешто не е океј со него. Отечен е како бумбар на левата страна од лицето, одма кај окото...
Ќе видам како ќе се одвива работата, ќе пробам нешто со камилица да го мачкам, ако не правец ветеринар.
Една пријателка вика дека го каснало змија :/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom