Луѓенца помоЌ!
Моментално имам две мачиња, и супер се сложуваат. Едното е многу мирничко, и каде и да го оставам ќе се заигра и не прави проблем, арно ама другиов е како испратен од ѓаволот, буквално не можам ред да ставам со него, се пробав.
Муабетот е вака, кога и да седнам на лаптоп, он скока и не ме остава ни да пипнам нешто, ако е буден кога јадам скока на масата и нема ручек, он е главен. Ако дојде другото маченце да се гали, не иде у обзир да го чепнам ако он види. Страшно е љубоморен и посесивен, и секако пробав. Да не заборавам - неуморен е. У 3 сабајле станува и скока на сите страни, треска, превраќа како улав.

Не се спие од него. Пробав да го преместам во ходникот, мјаука, се дере, гребе. Саат време го чекав да престане ноќеска и не престана, на крај во 6 заспа он, заспав и јас со него, цела вечер си дежурав додека ми изиграваше шеф.
Пробав да ги разделам во различни соби, тогаш па и двете цвичат. Се` пробав, а ситуацијата си останува иста. Он да е во мојата соба со другото маче и да преврти се наопаку и да си легне у 6 сабајле. Ова со денови е вака. Не ми е жал кога ми цвичи а е оставен у друга соба, знам дека од внимание го прави тоа, ама не се трпи бре.

По џамови и по завеси е прв да се искачи, немој да му избега нешто, еве сеа го гледам дечко ми од сабајле сто пати го симнува, па му вика НЕ, као трпеливо да разбере дека не може таму, ама џабе е, можам само да снимам компилација од 500 саати како дечко ми вика НЕ.
Инаку педерчево е старо 2ипол месеца, и знам дека му е пролазна фаза, ама додека да му помине не можам секоја вечер да се штрекам бе, душа немам веќе.
Имал ли некој ваков преварант у куќа и како сте се справиле. Да купувам ли некои справи, тенкови, да затворам и да оставам ли да цивка со саати додека да сфати дека нема назад (цела куќа ја крева увис, срам ми е од комшиите, мислам дека и они го слушаат

). Кај и да го ставам од него цела куќа ечи се додека не е во мојата соба.