не ни знаев дека постои такво нешто како гребалката, али изгуглав сега и видов што е тоа
другите што имате гребалка, ви помага тоа да ја држите мачката подалеку од мебелот ?
Не знам дали до сега веќе зема маче но те гледам ептен си во двоумица, сакаш да земеш но се плашиш што те чека, па можеби ти треба потурнување и разјаснување.
Значи сите недостатоци кои мачките ги имаат ќе ги заборавиш во момент кога мачето ќе ти стапне дома. Навика за WC, кај и стои храната, водата, каде и е послано за спиење и сл. ќе ги научи брзо. Може еднаш двапати да згреши но биди трпелив. Ако и обезбедиш ниска кутија со песок доволно е еднаш двапати да и покажеш кај стои и сама ќе си оди кога има потреба. Миризливиот песок е ефтин и мене ми трае 2 месеци одприлика, немој на секое идење во WC да и го менуваш, така нема да ти трае ни недела, ќе си оцениш. Мачката нема да иде во WC ако песокот и е многу загаден и тогаш може да се олесни во некој ќош.
Сувата храна за мачки е ефтина, особено ако ја купуваш рефус. Јас на мојата и давам по некогаш и од мојот оброк пошто кога ќе намириса нешто што и се допаѓа иди тргни ја. Сака мевце, риба, костени, пченка, тиква и такви работи. Не треба да и се дава блага храна дека неможат да ги преработуваат шеќерите, исто немој луто и презачинето.
За гребење по намештај и теписи, точно е дека гребе, така ги оштри ноктите. Јас не и ги сечам ноктите на мојата, но мене само по теписи ми гребе или ако оставам некоја голема картонска кутија (од машина, фрижидер и сл.). Некоја голема штета ми нема направено, момеби некое конче отпарала, но кожата не верувам дека ќе и биде интересна, они сакаат нешто порапаво каде ќе можат да ги заријат ноктите. А можеби кожата ќе и биде омилена хаха, не знам. Сепак за секој случај покривка на намештајот или купи и cat tree ако си загрижен. Мојата ако ја фатам на дело и и свикам не престанува, знае дека со дерење неможам да и наштетам, но ако станам и тргнам накај неа ја снемува за секунда.
Кога ќе ја земеш однеси ја на ветеринар чисто за разговор, ќе ти даде по некој совет и ќе ти каже на која возраст се вакцинира и сл. Вакцината е 500 ден и еднаш годишно се вакцинира до 4-5 год мислам, ветеринарот знае најдобро. Апчиња за глисти се препорачуваат на 3 месеци по 20 ден е половинче за мала килажа, за мало маче можеби и четвртинка. Јас не одам на секои 3 месеци одам 2 пати годишно и не е воопшто проблем. Мојата мачка ја чувам во стан, ја имам повеќе од 10 години и до сега само двапати има фатено болви, еднаш самите се изгубија одкога им го уловив главниот, вториот пат на ветеринар и ставија ампула и изумреа. Некој и ги донесе болвите од надвор, инаку кај во стан ќе фати.
Јануари/февруари и уште некој рандом месец ги фаќа нагон за парење и знаат да мјаукаат и да бидат напорни навечер. Мојата не е стерилизирана, не ја стерилизирав на време и така остана. Сега на 10 год нема поента а и помалку замара. Значи не е страшно и да не ја стерилизираш/кастрираш, ниту ќе умре ниту ќе се поремети хормоснки, само ќе биде досадна кога ќе јанфати циклус за парење (2-3 пати годишно, по една недела плус минус им трае).
Зависи од раса до раса, мојата е краткодлака и проблем со влакна немам многу. Само на пролет некој месец два дур ја смени, проблемот кај мене е што е бела и повеќе се познаваат. На алишта немам влакна дека ги чувам во шифоњер и не ги оставам рандом по столици и фотељи. Проблеми со влакна повеќе имаат овие што чуваат раси како ангорка, персиска и др. што имаат долго влакно.
Мачките гризат и гребат. Некогаш гризат кога си играат или предупредувачки но не стискаат многу за да не те повредат но ако те гризне ако ја гњавиш и е нервозна знае и да те прегриза па инда пушти малце крв. Не паничи не е ништо страшно и најверојатно си го заслужил! Си играат многу, сакаат да се закачкаат па бегаат. Или те бркаат низ куќа ако ти им бегаш. Врвки обожаваат!
Немораш да ја бањаш, мачка е. Освен ако излегува надвор од стан/куќа тогаш да. Инаку ако ја чуваш дома таа ќе се лиже со саати на ден и ќе биде чиста. Мачките не мирисаат. Но ако ти дозволува да ја бањаш и ти си ок со тоа, претпоставувам нема штета. Јас и оставам чиста вода па она сама си брца нозе и се лиже па после и менувам чиста вода.
Животни се, но пак сакаат внимание. Ако сум во една соба и отидам во друга одма ме следи, не сака да седи сама. Ако работам на компјутер она се качила на куќиштето и ме демне. Ако легнам да гледам ТВ ќе дојде да се мази. Јас и имам едно мекичко како ќебенце послано за спиење и најчесто таму спие, но зимно време преферира да спие со мене до нозе, под јорган или пак на термо печка. Си сака топло. Пошто е чиста не ми пречи. Некад се будиш и осеќаш тежина на гради, отвараш очи и ја гледаш мачката си се оптегнала на тебе. Дури спијам не ме пипа, може да дојде само да ме душне. Јас сум многу толерантен и и давам повеќе слобода. Доколку несакаш да ти се качува на постелнина или не знам регали и сл. ќе мора од мала да ја учиш што и е дозволено, но не знам колку ќе има ефект, сепак не е куче да го дресираш.
Се плаши од мали деца што ја тегнат и и врескаат во фаца па не е толку толерантна кога ја галат, брзо и здосадува и знае предупредувачки да гребне или касне, затоа не ја оставам сама пошто лесно и ги читам сигналите (body language) и знам кога е доста. Има разни карактери на мачки од тотално пасивни кои спијат и предат по цел ден до агреснивни и активни така да земи го мојот случај со резерва.
И така. Не се преоптеретувај многу и земај. Интересно животно, кога ќе се преврти на грб за да ја галиш и чешкаш, или ако си излезен кога се враќаш те чека на врата таква целата среќна дека си се вратил (не и е за храната стварно!). Пеглаш тазе перена кошула, таква мириса на омекшивач, ти идеш до WC да се средиш и се враќаш и ја наоѓаш мачката оптегната на кошулата и ти ја прави најневината фаца евар и толку немоќен си.
Мачка не е за секого, но ако можеш да им прогледаш низ прсти за тие неколку недостатоци и ако не те иритира нивниот своеволен карактер ќе бидеш богато награден. Сакам општо животни но мачки ми се слабост.
Ова е најискрен одговор што ќе го добиеш, без да ти кријам детали. Сам одлучуваш.