Се согласувам со Иосоноитериста, ако првите две беа WOW, од визуелен поглед, ова третово клипче е неколку скали полошо, нафрлано, невкусно и клише, освен последните две три секунди со Матка. Како и да е, убава кампања, само сега прашањето е колку од оние странци (нели они ни се таргетната цел ) кои го погледнале спотот навистина ќе се намамат за да дојдат во безвременската земја?! Не многу, би рекол јас, затоа што понекогаш е потребно повеќе од добра маркетинг агенда и природни убавини. Потреби се луѓе кои ќе ја презентираат истата. Потребни ни се хотели кои се веродостојни на ѕвездичките што ги носат, а кај нас колку од оние со 5 такви, имаат базени во истите, да речеме. Или потребни се туристички водичи кои ќе знаат да го забават туристот, бидејки тој истиот сака да чуе и види нешто повеќе од богатата ни историја. Потребни се чисти патишта без дупки и ѓубришта околу. Потребно е Македонија да се сака себеси и да вложува во себе, за странецот кои ќе ги погледне овие спотови на Си ен ен, или било каде, да сака да ја сака истава, за догодина тој истиот да биде реклама па да пренесе на пријателите колку е Македонија навистина убава и вечна.