Не сум се нашла во слична ситуација затоа што никогаш не перам или пеглам во 5 до 12. Можеш ден па и два па и недела порано да си ја средиш гардаробата ако одиш на некоја посебна пригода. Часовите пред да излезам јас си се средувам а не гардаробата, а нормално е да се зезне нешто зашто брзаш.
Последен пат кога бев на свадба се спремав многу, ама утредента полагав по свадбата и останав доцна во ноќта за да учам. И кога станав за да одам на фризер сабајлето се запрепастив, имав најголеми подочњаци на свет и очите ми беа црвени. Е се нанервирав да. Ама после со шминка 95% од тоа се покри. И ништо страшно. Требаше да не отидам на свадба?
А и некогаш да ми се случи да си уништам гардаробата ќе се изнервирам ама ќе најдам нешто друго. Али да не одам??? Глупост.
Па тие таму не ја бараат мојата гардароба да присуствува, мене лично ме бараат