- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
Се мислев каде да ја ставам темава , некако најприкладно ми беше тука , бидејќи содржи дел од политика малку психологија итн. Кратко сакав да го пренесам моето мислење околу една актуелна тема денес.
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДЕНЕШНИТЕ МЛАДИ ЛИЧНОСТИ? ЗОШТО 50% ОД МЛАДИТЕ СЕ НЕВРАБОТЕНИ ? ДАЛИ Е ВО ПРАШАЊЕ САМО ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА ИЛИ ДРУГО ?
Нашиот општествен , а посебно стопански амбиент денес за жал е прилично мрачен , корумпиран , тесен што едноставно секој што е доволно смел да го спаси сопствениот живот просто се принудува - или да бега надвор од државава , или да прифати " крпење - трпење ", или да се спои со криминалот ( 60 % од народот преживуваат на овој начин ! ! ! ). Сиромаштијата е голем порок , а против неа со работа секогаш може да се борите !

- Но како да се совлада тагата безнадежноста во очите на младината во оваа земја ?!
- Kако да се справиме со трагичниот духовен пад , кој се согледува во речиси организираните поплави на кич , криминал .... во целосно изместениот и веќе навредувачки систем на вредности , кој е вистинска навреда за здравиот разум , правдата и човековата чесност !
Некои вината ја бараат во владата . НО ПРАВИЛАТА НА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈАТА СЕ ЈАСНИ , А ПОНЕКОГАШ И СУРОВИ , ЗАШТО ПОДРАЗБИРААТ ПОЛИТИЧКА ЗРЕЛОСТ И ОДГОВОРНОСТ ! НАРОДОТ ЈА ИЗБИРА ВЛАСТА И ДАВА ДОЗВОЛА ДА УПРАВУВА СО ОПШТЕСТВОТО !
ДА БИДЕМЕ НА ЧИСТО *** ИЗБРАНАТА ВЛАСТ Е ОГЛЕДАЛО НА НАРОДОТ . А ОГЛЕДАЛОТО НИКОГАШ НЕ Е ВИНОВНО ШТО ЛИЦЕТО Е ГРДО !