Да кажеше за Six Feet Under доаѓав без размислување, морам да ја исполнам таа желба, да го видам Крис во живо и да ми ја распрсне секоја артерија со неговиот карактеристичен growl.
Можеби сум грешка, поради фактот шо ги хиперболизирав работите до одреден степен, ама со таква постапка не значи и дека тотално се негира оноа шо го напоменав.
Вистина е дека животот е далеку поскап, особено храната, а и сите останати работи.
Во споредба со нас е прескапо.
Ама тоа не го негира фактот дека имаат повисок стандарт, поголема финансиска поддршка и далеку поголеми можности за прописна заработка со шо би си овозможиле покомотна егзистенцијалност.
Сигурно и ти си доволна свесна за перегринацијата која преовладува последниов период, односно, масовното движење кон Србија и Црна Гора, од страна на нашите државјани, каде шо наоѓаат добро платена работа, па за одреден период, тука имаат полуксузен живот.
Ама сега да не коментирам, не се однесува темата за тоа.
Јоки, ти ги ја водиш дискусија во таква насока да морам повторно да ја изразувам мојата поента.
Уште еднаш ќе напоменам.
Никој не е обрврзан да оди на концертите и да му биде притоа метафорички кажано, ставено нож на врат, преку тие пропаганди кои постигнуваат страшен просперитет.
Од каде е тоа пишано правило дека металците мора континуитивно да посетуваат концерти?
Тоа да не е некој критерирум, кој мора да го следиш па да бидеш прифатен како таков?
Одам на концерти кога шо сакам, и кога иде бенд по мој вкус, а не кога картите се со пониска цена.
Тоа не ми игра никаква улога.
Доколку доаѓа бенд за кој имам желба да го гледам би дал и 2, 000 денари.
Инаку, Пецо мислам дека повеќе не е во Бригада.
Ако зборуваш за Пецо Вортекс од МК Метал.
Конформистот нормално дека нема да одлучува за себе.
Јас кажувам од субјективна гледна точка, значи, за мене одлучувам јас.
Србија го допрела дното на МОМЕНТ.
Состојбата никогаш нема да постигне комплементарна модификација и целосно да допре на дното, а притоа да остане така.
Тоа шо потенцираше со фестивалите е само еден настан кој и баш не испаднал како шо треба.
Нам тоа ни изгледа чудно и безмислено, ама верувај дека мнозинството од Србите не ги гледале тие големи бендови првпат.