Orphaned Land
Моја преокупација периодов преставува израелскиот метал бенд кој преставува варијација и комбинација од неколку стилови, така шо не би можело, барем од моја гледна точка да се верифицира еден официјален жанр во кои би ги вметнале.
Заклучок дека станува збор за еден од најуникатните и оригинални бендови.
Уметници и персони со извонредна креативност и иновации, а користејќи и инспирација од митолошки тематики успеваат да ја преточат целата своја имагинација и замисла преку музиката, која ве вметнува вас директното во нивната престава и ве води на начинот на кој токму тие го замислиле.
Претходните неколку дела кои се издадени преставуваат само процедура кон конечниот триумф, а тоа е албумот
Mabool, издаден пред четири години.
А, воедно и еден од најдобрите метал албуми на сите времиња, особено од инструментален аспект.
Маестрална и вокабуларно неописиво е да издадат импресиите од албумот, пошто буквално треба да се доживее.
Комбинација и вариетети на нивниот карактеристичен death и doom метал, со мистичноста и магијата на фолклорот, етното, а тука се и нежните женски вокали кои само комплементарно придонесуваат да се долови целата мистика на албумот.
Аранжирано на таков начин шо звучи толку зачудувачко и прифатливо за уво.
Комбинациите и трката на емоциите и звуците, надоврзувањето на различните инструменти и музицирачки точки.
Листата на песни:
- Birth of the Three (The Unification)
- Ocean Land (The Revelation)
- The Kiss of Babylon (The Sins)
- A'salk – 2:05
- Halo Dies (The Wrath of God)
- A Call to Awake (The Quest)
- Building the Ark
- Norra el Norra (Entering the Ark)
- The Calm Before the Flood
- Mabool (The Flood)
- The Storm Still Rages Inside
- Rainbow (The Resurrection)(instrumental)
Едноставно самиот вокабулар е недоволен за да ги искажам импресиите.
Строго го препорачувам на секој приврзаник на квалитетна вариететна метал музика.