Capharnaum - Fractured
Не знам колку од вас, особено љубителите на технички дет, имале можност да го слушнат овој албум.
Имав прилика да го го земам и да го слушнам албумов од поодамна, ама моментално ми е на плеј листата, па решив да постирам за него.
Технички дет метал бенд од Америка, со апстрактна и психолошка тематика.
Поентата ми е да укажам дека имам прилично позитивни импресии од албумот, гледано од музички аспект, значи технички.
Од друга страна, прилично се разочарав по дознавањето на информацијата дека вокалот е всушност Matt Heafy, вокалот и гитарист на бенд кој ми иницира одбивност и кој воопшто не ми е по вкус. т.е, Trivium.
Позитивна работа е тоа шо Matt има неинструментална улога, односно функционира само како вокал.
Нормално, покрај такви гитаристи, виртуози, Matt преставува само еден обичен ''мочко''.
За техничкиот дет, спецификата е одличниот вокал, при шо се постигнува брилијантна компатибилизација, а во овој случај тоа го нема.
Значи од инструментален, технички аспект имаме перфекција, а вокал катастрофа, кој нема ни минимална способност за прописен growl и scream.
Стварно штета, пошто на некој начин е упропастено делото и не е она шо треба да биде, со вокал како горенаведениот.
А, со соодветен вокал, без размислување би го класифицирал како антолошки албум во техничкиот дет, иако е понов албум, издаден 2004.