Mасовен протест за независност на Каталонија

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Најмасовен протест за независност на Каталонија

Милион и пол луѓе се собраа вчера на улиците во Барселона по повод „Денот на Каталонија“, барајќи независност на овој регион. Властите во Мадрид обвинети дека ја вовлекуваат Каталонија во криза.
Медиумите наведуваат дека вчерашниот протест бил најмасовен од историскиот собир во 1977 за автономија на регионот. Политичарите од оваа област сметаат дека нема да биде толку тешка состојбата во регионот, доколку приходите од данокот се поделат рамноправно.
„Каталонскиот народ одговори величенствено“ на повикот, рече Карме Форсадел, претседателка на едно од здруженијата кои ја организираа оваа манифестација за барање независност. Демонстрантите мавтаа со црвено-жолти каталонски знамиња, ја отпеаја каталонската химна и се прошетаа од центарот на градот до регионалниот парламент. Каталонската полиција процени дека на улица излегле 1,5 милиони демонстранти. Централната влада во Мадрид излезе со помали бројки – 600.000.

Каталонците протестираа со црвено-жолти знамиња и ја свиреа својата химна
„Ова е удар за владата. Луѓето како мене дојдоа од секаде. Јас мислам дека тие не очекуваа нешто толку големо“, вели 53-годишната Тереза Кабанес, која дојде од околината на Барселона за да учествува на протестот.
Жителите излегоа на улица со цели семејства и со пријателите, а меѓу нив беа и политичарите, кои побараа нова европска држава – независна Каталонија. Таквите барања се поттикнати од зголемената невработеност и финансиската конфузија. „Не за четврти Рајх“, „не за Европа“, „Независност сега“ и „Каталонија, новата европска држава“, беа дел од слоганите извикани на протестот. Регионот опфаќа 15 проценти од шпанската популација и 20 проценти од нејзината економија.
Маршот заврши мирно и никој не беше приведен. Вчерашните протести го одбележаа денот кога во 1714-та година шпанскиот крал Филип Петти ја покорил Каталонија, по 13 месечна опсада од Барселона.

Значи Прво независност за Баскија Каталонија Сардинија Корзика Сицилија Ломбардија Бретања Фландрија Валонија Фризија Велс Шкотска Северна Ирска Источна Фризија Баварија Данциг Моравија Сорбонија Корушка итн. па влез во ЕУ!
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ако има независност... ФК Барселона кај ке игра после? Во каталонска лига? Со 4 екипи ?
:(
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Каталонија не е Шпанија......но ако Каталонија се отцепи отиде Шпанија у курац.Најбоата регија во Шпанија е Каталонија, после нејзе ќе бараат и Баскијците.Другиве покраини не покажуваат некој интерес за отцепување.
Ако ништо друго ќе ми биде мило затоа што Барса надовр од шпанската лига ќе падне ептен :icon_mrgr:
--- надополнето: 12 септември 2012 во 13:44 ---
Ако има независност... ФК Барселона кај ке игра после? Во каталонска лига? Со 4 екипи ?
:(
Еспањол,Гимнастик Тарагона......то је то.Како што кога се распадна Југославија и во секоја република третолигашите станаа прволигаши.
Башка што е премногу централизирана Каталонија.......90% од покраината е градот Барселона и околината.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Во Завршниот документ од Хелсинки од 1975 јасно стои -
нема промени на границите во Европа
Inviolability of frontiers
http://en.wikipedia.org/wiki/Helsinki_Conference

А што сакаат овие, јас не можам да разберам.
Ако е така зошто тогаш Југославија се распадне? Зошто Косово например стана независна земја? Едноставно фино лепо се променија границите, или Балканот географски не се рачуна во Европа? Ако се гледало само политички тоа е друга работа..:гомце:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Во Завршниот документ од Хелсинки од 1975 јасно стои -
нема промени на границите во Европа
Inviolability of frontiers
http://en.wikipedia.org/wiki/Helsinki_Conference

А што сакаат овие, јас не можам да разберам.
ако ги прашаа Каталонците и тогаш ќе бараа одцепување,како и сега......граѓанската војна остави црни дамки во Шпанија,верувам дека кога тогаш Каталонија ќе добие независност и своја држава
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Оправдана е желбата за независност на Каталонците. Голем дел од буџетот кој го собира шпанската влада доаѓа од приходите кои ги прави Каталонија преку туризамот и големите даноци на имот покрај брегот на Каталонија. Шпанската влада сака да собира а да не враќа рамномерно, тука се јавува револтот на Каталонците. Но односите помеѓу Каталонците и Шпанското кралско семејство и Шпанската влада датираат уште од времето на Франко кој пустошел по Каталонија. Прашање на време беше кога примерот на Косово ќе го следат и останатите покраини во Европа како Каталонија, Баскија и ред други. За разлика од Баскијците кои користат сурови методи преку ЕТА, Каталонците преку мирен начин ја бараат независноста.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Каталонците одамна барат независност, демоснтрирале и порано 1.5-2 милиони души, но владата во Мадрид секогаш се обидуваше да ги купи.

Но бидејќи економијата на ЕУ е рикната и нема решение за Шпанија сем доплонително задолжување -- во услови да продолжи да паѓа стандародот и да трпат масовна невработеност -- се повеќе ќе се заоструваат барањата за независност.

Се надевам Македонија ќе биде меѓу првите, ако веќе не прва, што ќе ја признае независна и суверена Каталонија.






 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Kaталонија - независна, суверена
Баскија - независна, суверена
Шпанија - независна, суверена
И сите три заедно обединети во ЕУ
Да не е ова некоја шега?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Kaталонија - независна, суверена
Баскија - независна, суверена
Шпанија - независна, суверена
И сите три заедно обединети во ЕУ
Да не е ова некоја шега?
Toa e и идејата значи Премиерот на Каталонија и Премиерот на Европа да бидат главни. А Шпанскиот Премиер=Шпанска Кралица. :)
 
S

Sagan

Гостин
Ако можат смрадовите од ЕУ да го цепкаат Балканот со марионетски квазидржавички преку кои се снабдуваат до човечки органи и дрога, тогаш нека се цепка и ЕУ.
Република Каталонија независна од Кралство Шпанија!
За инат!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom