Лулашката од секогаш ми била нешто преубаво. Седнуваш, замижуваш, се лулаш и осеќаш како целата негативна енергија од тебе излегува, како ветрето те милува....

Знам дека кај баба ми и дедо ми на викендица имавме една лулашка дрвена, со јаже и беше закачена на тоа железата каде лозјето расте. Но со текот на времето и помина употребата, зошто и мојата килажа некако растеше. Но се надевам дека после толку години, лулашката ќе биде повторно во употреба, зошто сега новото мало внуче ќе бара забава


Исто се сеќавам дека со другарчињата од маало цел ден игравме на
љуљашките ( така ги викавме). Си броевме кој на колку време ќе се лула, т.е. се мењавме на секои 5 минути, се фрлавме/скокавме од лулашката, се качувавме по тобоганот, игравме жмурка криејќи се во тие куќичките, а навечер купувавме сончоглед за 10 денари или бурек и игравме вистина или предизвик, каладонт, си раскажувавме страшни приказни. А исто памтам дека на светлата имаше милион комарци што партал ме правеа.
На ручек одкога ќе се најадевме, одевме на лулашките, иако беше прежешко надвор, се лулавме на лулашките и мижевме. Потоа кога ќе ги отворевме очите се се гледаше плаво.
Е сега имаше и такви незгоди

Се сеќавам дека еднаш со татко ми одевме во Тинекс и на враќање му реков чекај 5 минути да се полулам. И сега лулашката беше од оние даска на два синџири. Јас затрчување, седнување на лулашката, земање залет и со газот се лизнав од даската и со главата се зачукав во каменчињата на земја. И ден денеска памтам како тоа боли

Потоа се сеќавам дека со другар ми, кој во суштина и не ми беше некој другар, туку повеќе би рекол пријател, се клацкавме на клацкалката и он беше горе, а јас доле. И он земал камче и ме акна по глава, јас се наљутив и си станав, а он од горе зачука доле. Ногата си ја одра. После се правев на тошо дека ништо не сум направил
Ахх, ми фали детството
