Луѓето во нашата држава!

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување
Уште малку лоши работи

Синдром-фалбаџиство, курчење, чалам. Ќерка ми е најубава во цело село

Ќерка и
images


Море да ти кажам со Трајче кога беше, 2004та-2005та негде на тиквешко езеро. Абе фрламе тоа јадиците, абе обична јадица проста, кога се закачи нешто, абе ние тегни тоа тегни, ние тегни тоа тегни, абе 3 пати за малку ќе ни го превртеше чамчено. И на крај после 6 саати извадиве еден сом, сто море сто двијсе кила беше.

Сомот

93242b4c920c516f7902316b2097715d.jpg


Трпе и Северина паднале на пуст остров. Северина упаничена му рекла леле Трпе обезбеди ми храна и покрив ќе ти дадам да ми правиш што сакаш.
challenge-accepted.jpg



Трпе обезбедил што треба, Северина му ги исполнувала најперверзните желби. Поминале 2-3 недели Трпе го фатила депресија. Северина го прашала-што е бе Трпе да не не си задоволен, да не правам нешто грешно? Не ма се е ок, него можеш ли да си ја собереш косата и да си нацрташ мустаќи. Оваа помислила дека се попедерчил, ама оти од него зависела направила така. Трпе се насмеал-ја мавнал силно по рамо и и рекол-куме Ставре, знаеш ли што и правам на Северина бе?

И секако фаталистички инат со тенденција за (само)деструкција.

Врвни социолози и психолози собрале Американец, Русин, Израелец и Македонец ги ставиле пред Гренд Кењон и испитувале што би ги натерало да рипнат. На Американецот му рекле дека има ордер фром д президент ту џамп и овој одма рипнал. На Русинот му ја покажале бездната и му рекле-за матјушка Русија. Овој уште на пола реченица рипнал. На Израелецот му препишале 3 банки, не сакал, на 4-тата банка рипнал и он. Попусто било со Македонецот. Ни со премиери ни за татковинска љубов ни за банки нејќел да чуе. Малку се замислил на понудата од миљарда евра ама пак не рипнал. На крајот еден од психолозите со Балканска жичка по дедо, ставил знак пред провалијата-забрането рипање. Македонецот само бледо го погледнал знакот-промрчел-море вие на мене маму ви вашу и главеечки рипнал.

А сега the good stuff.

Снаодливост и улична интелигенција

Ко на виц, соберете рандом Американец, Французин, Казахстанец, ма цели обединети нации, Бенетон и шире и наш. Ставете ги сред Сахара со пола литро вода, и стара камила без една нога. Ќе цркнат за 2 дена. Нашиот не само што ќе им аутостопира на вонземјанци, не само што ќе ги убеди одма да го телепортираат дома, туку на крај ќе им го дрпне и вселенскиот брод. Македонче ќе го најде и Пегаз и крилестиот лав и тигарот на Химен и ќе ги јавне до дома, притоа како благодарност ќе ги закова у синџири за да им ги покажува на комшиите. Македонецот никогаш не е оној од другата страна на топчето и трите чашки кај што треба да погодува во која чашка е. Он ги врти чашките. Не можеш на Македонец лесно да му продаваш муда за бубрези.

Гостољубивост и пријателство

Освен државни службеници, Охриѓани и ако немаш повеќе маани од него, Македонецот има карпа душа. Колку има ќе ти даде и храна и вода, ќе те услужи ќе ти објасни што треба, ќе извади ракиичка, зелкичка, ајварче. За кавијар и шампањско нема да има пари, ама колку може ќе помогне. Кога ќе стекнеш Македонец за вистински другар, ништо не ја кине таа врска. Што се е е подготвен да направи за тебе, да гори, да гине, да ја даде душата.

Инат

Владо Јаневски во своите жалопојќи пееше дека љубовта го лекува, љубовта и ќе го отруе. За Македонецот, љубовта е инатот. Иако беше спомнат и во лошите особини, инатот е меч со две острици. Не палеле, не труеле, не набивале на колец, маме ни ебавале (буквално), и уште сме тука. Како што ќе рече великанот Петре М. Андреевски. Пиреј, што сакаш прави му, корни го, пали го, тури му отров, напалм, ќе никне пак, за инат оти сака да го истребат и не се дава. Нема товар што Македонецот не го носел и не може да го носи. И нема пожилаво нешто од Македонецот, никаде и никогаш.

Обединување и борбеност

На жалост само по потреба. Се сеќавам на погребот на Борис Трајковски, на Тоше и на Македонија на европсково кошарка. На тие три настани осетив колкава е силата на овој народ ама кога се сака. Се функционираше под конец-беспрекорно, совршено. И нема помоќно нешто од Македонците кога се обединети.

Херои, национални икони и капацитети

Во последниве 200 години не можам да изнабројам колку војводи, комити, паритзани, поети, писатели, музичари, бизнисмени, научници имало во оваа земја. Дел се во странство меѓутоа помалку битно. Една Америка од што нема што од фаци како Буч Кесиди, Вајат Ерп, и Били д Кид прават национални легенди. Какви великани, каква интелигенција само излегла од овој 2 и кусур милионски народ.

Мирољубивост, филантропија, добродушност

Ако ископаш длабоко под кожата на Македонецот, испод цел оној цинизам, сувопарност, зајадливост, манипалутавност, латентна тупост и летаргија и горделивост ќе го откриеш вистинскиот Македонец. Сите работи наброени во претходната реченица обично се само реакциja, најчесто одбранбена на денешните услови на живеење и лошиот тек на настаните во сегашноста. Настапи му искрено, отворено, срдечно ќе те прифати како свој па макар бил американец црн како ноќ со име Лестер Бо Мекелјеб, албанец (кои се традиционално несакани) со име Артим Шаќири или само еден обичен Хрват кој испеал една песна за државава наречен Дадо Топич.


И да најголема гордост е да се биде Македонец. И нека ми најде некој песни кои мрднуваат и тело и мозок повеќе од овие






 
Не пишам ништо, само ќе се сложам со претходните 2 поста на Суссаро.И додавам дека без разлика на се, мило ми е шо сум се родил тука.Само уште да им затераме контра на сиве досегашни политичари шо се вртат во круг и многу работи ќе се исчистат, колку побрзо сфатиме толку подбро за нас.

САФ претскажувачи уште од 95-та
...Слушам проѕирни ветувања за подобро утре
но ништо не се менува ќе го дочекам ли тоа утре?
Скандали,
а се се заборава пред избори во 2 милиона слепци
едноокиот е водич...

...Во социјална држава плата е социјална помош
да издржиш до први во круг да најдеш ќош
Во Европа само географски стално под блокади
не третираат како да сме лебарки
тестираат издржливост на балканското заморче
па ајде кажи дали те боли бре македонче
војната е старо нова бабарога
но подобро еден ден лав отколку цел живот овца...
 
Нашиот народ?!Ме стегна стомакот, морам до ВЦ....................Се вратив од ВЦ.Македонци во права смисла на зборот само до 1957 година кога починал и последниот Македонец во Идризово, предаден од своите „бандерола“ Македонци сограѓани.Другово е се за во Дрисла.Сосе општество, сосе шмизлите на плоштад, сосе биковите, сосе статуите на Гилдо Хорн и останата еби-ветар багра....
 
Многу лажат,голема неодговорност кон се и сешто,и лицемерни за пари.
 
Ако ископаш длабоко под кожата на Македонецот, испод цел оној цинизам, сувопарност, зајадливост, манипалутавност, латентна тупост и летаргија и горделивост ќе го откриеш вистинскиот Македонец. Сите работи наброени во претходната реченица обично се само реакциja, најчесто одбранбена на денешните услови на живеење и лошиот тек на настаните во сегашноста. Настапи му искрено, отворено, срдечно ќе те прифати како свој па макар бил американец црн како ноќ со име Лестер Бо Мекелјеб, албанец (кои се традиционално несакани) со име Артим Шаќири или само еден обичен Хрват кој испеал една песна за државава наречен Дадо Топич.
Мислам дека е тешко да го надмине понатаму некој Сусаро во темелната анализа на овој народ со сите доблести и мани, а мене највеќе ми се засвиѓа овој дел што е апсолутна вистина и го цитирам да го прочитаат сите уште еднаш особено нашите "непријатели".
Секоја чест Сусаро, одлично кажано. :)
 
Многу лажат,голема неодговорност кон се и сешто,и лицемерни за пари.

А ова демек само во Македонија го има а? Има држави каде ќе те продадат додека да трепнеш.

И не заборавај, кога говориш за својот народ, делумно зборуваш и за себе.;)
 
Како викаат знаете сигурно.. Каков народ, таква власт. Видете кој ја води државата и се е јасно.
 
Темата е "Луѓето во нашата држава", а сите се фативте само Македонците да ги рибате, не живеат и други луѓе сем Македонци во државава?
 
А ова демек само во Македонија го има а? Има држави каде ќе те продадат додека да трепнеш.

И не заборавај, кога говориш за својот народ, делумно зборуваш и за себе.;)

Темата е луѓето во НАШАТА држава,и јас го дадив моето мислење. А конкретно за одговорноста ние сме многу лоши во споредба со некои други држави,ама да не навлегуваме не сме експерти тоа е само мое мислење. :)
 
После елаборирањето на Сусаро, секој збор е излишен. Секоја чест!
 
После елаборирањето на Сусаро, секој збор е излишен. Секоја чест!

Постот му е за Македонецот.
Нема елаборирано ништо околу Македонката...:icon_lol:
 
За нашиот народ има да се пишува реферати....Но би издвоила една најбитна лоша карактеристика а тоа е ЉУБОМОРАТА И ЗАВИДЛИВОСТА! Многу се луѓево задоени со туѓиот живот, и ако видат успех одма пакоста се појавува и злобата во нив.....Никогаш нема да ти признаат УСПЕХ и кажат БРАВО! Супер го направи тоа! Мило ми е што ти тргна ..итн.....него цинична насмевка со сила наместена пред тебе а позади тебе она Да му умре козата на комшијата ! Има и добро страни ..но сега неможам да се сетам пошто толку се "големи" да не ги ни приметувам.
 
Има голема непочит према постари луѓе и дружење за интерес...........
 
„И на крајот, што Ви се допаѓа најмногу во Македонија?
- Луѓето во вашата држава! Тоа се луѓе со отворени срца, пријатни, кои го сакаат спортот. Видов како се радуваат на успесите на ракометарите на „Металург“, на успесите на вашите кошаркари на Европското првенство. И јас бев импресиониран од нивните игри. Во Скопје се чувствувам како да сум во Загреб. “

Често се случува низ разговори дали маалски,кафански или форумџиски да слушам исто мислење државата е прекрасна луѓето во неа не чинат.

Како би ги опишале луѓето во нашава држава?
Дали навистина не чиниме или од многувековно ропство не „принудиле“ така да размислуваме?

П.С Тука се бара генерализација.
П.С2 Најчесто употребуван термин од наша страна : Самоуништувачки .
Толку од мене.



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=9C5CBA3E41A2CA45A29DB8F84C76063F
Како што поминува времето Скопје повече наликува на Ерусалим околку на Загреб ... тоа е непобитен факт !!! :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom