Луѓето кои редовно одат в црква се подолговечни
Научно истражување: Луѓето кои редовно одат в црква се подолговечни
Роберт Рој Брит
Понеделник, 3 април 2006
Има многу нешта што човекот може да ги прави за да ја зголеми својата долговечност: да вежба, добро да се храни, редовно да прима лекови, но и да оди в црква.
Според едно ново истражување откриено е дека луѓето што одат в црква секоја недела живеат подолго. Поточно, со научното истражување се разгледува колку години во просек се додаваат на очекуваната должина на човечкиот живот, базирано на:
• Редовно физичко вежбање: 3.0 до 5.1 години
• Медицински определени терапевтски режими: 2.1 до 3.7 години
• Редовна посета на црковни служби: 1.8 до 3.1 години
Истражувањето, коешто е всушност преглед на постоечки истражувања од трите горенаведени категории, сепак не открива каква би можела да биде врската меѓу здравјето и верата.
“Редовното присуство на црковните служби не е начин на медицинска терапија”, изјави Даниел Хол, раководител на истражувачкиот проект и хирург во Медицинскиот Центар на Универзитетот Питсбург. Иако ова истражување не беше наменето да се користи во клиничкото донесување одлуки, сепак овие наоди ни соопштуваат дека има нешто што бара понатамошно проучување”.
“Значењето на овие наоди може да биде контроверзно“, изјави тој. “Но ако ништо друго, барем ни посочува дека понатамошното проучување на асоцијациите помеѓу религијата и здравјето може да има последици за медицинската пракса”.
Во едно телефонско интервју, Хол претпостави дека социјалнио аспект на религијата би можел да игра улога во наодите. “Позитивниот здравствен ефект произлегува од начинот на којшто луѓето и односите во црковните заедници се цврсто испреплетени меѓусебно”, изјави тој за престижното списание Лајф Сајенс. Можеби, кога човекот е верник, е полесно да се намали нивото на стрес или да се зголеми способноста да се излезе на крај со стресот. Второ објаснување се крие во фактот што живеењето во црковна заедница помага да се најде смислата на животот.
Наодите се детално објавени во мартовско-априлскиот број на Научниот Журнал на Американскиот Борд за Семејна Медицина.
--------
Превземено од: http://www.preminportal.com.mk