Lucifer

D

dARK_ElementaL

Гостин
Мислам дека нема ваква тема.

Серијава, како што и кажува името, се работи за Луцифер, ѓаволот. Но не онаа слика што ни ја дава христијанството за тоа како Луци е злобен и праќа демони да опседнуваат луѓе. Повеќе е комедија и крими.

Краток опис.

Луцифер решава да си земе одмор од пеколот и доаѓа на земјата, во Лос Анџелес каде што отвара ноќен клуб. По едно убиство што се случува на негова познаничка тој почнува да соработува со една детективка, во која и се заљубува. А подоцна станува и нејзин партнер и цивилен советник на LAPD.

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ја гледав на Телма, откако прекинаа дознав дека Netflix ја превземале и сега 4-тата сезона ја гледам на PC, имам уште 3 епизоди останато. Ќе има 5-та сезона во 2020.

Од 1-ва до 3-та сезона има по 20 и кусур епизоди и е повеќе онака во стилот на ЦСИ, Менталист и слични. А четвртава е малку поозбилна во поглед на акција, режија, сценарио итн.. Генерално земено интересна и забавна серија (y)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Мислам дека нема ваква тема.

Серијава, како што и кажува името, се работи за Луцифер, ѓаволот. Но не онаа слика што ни ја дава христијанството за тоа како Луци е злобен и праќа демони да опседнуваат луѓе. Повеќе е комедија и крими.

Краток опис.

Луцифер решава да си земе одмор од пеколот и доаѓа на земјата, во Лос Анџелес каде што отвара ноќен клуб. По едно убиство што се случува на негова познаничка тој почнува да соработува со една детективка, во која и се заљубува. А подоцна станува и нејзин партнер и цивилен советник на LAPD.

Ја гледав и занимлива беше до некаде ама стана доста повторлива. Искрено имав и поинаква замисла за серијава мислев дека ќе биде повеќе научна фантастика, а испадна 90% крими драма.
 
B

Beginner

Гостин
Предобра серија особено со Нетфликс многу подобра беше 4тата сезона за разлика од претходните и 5тата сезона ке е последна и ке биде 16 епизоди. Се очекува да испадне почетокот на 2020.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Ја гледав и занимлива беше до некаде ама стана доста повторлива. Искрено имав и поинаква замисла за серијава мислев дека ќе биде повеќе научна фантастика, а испадна 90% крими драма.
Тоа и е у суштина, крими драма. Ако ја направат премногу фантастика ќе се изгуби и карактерот на Луцифер, кој сака да ги казнува луѓето за злоделата што ги прават. Не би било интересно цело време да се тепаат меѓусебно ангели, богови, демони како да се случува некоја апокалиптична војна. Натприродните ликови повеќе играат игра зад сцената, скриена од луѓето, што наликува на политичка игра.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Тоа и е у суштина, крими драма. Ако ја направат премногу фантастика ќе се изгуби и карактерот на Луцифер, кој сака да ги казнува луѓето за злоделата што ги прават. Не би било интересно цело време да се тепаат меѓусебно ангели, богови, демони како да се случува некоја апокалиптична војна. Натприродните ликови повеќе играат игра зад сцената, скриена од луѓето, што наликува на политичка игра.
Луцифер е лик од DC универзумот и мислев дека од таму ќе црпат инспирација ама они ја направија класична крими драма. Серијата има некои занимливи работи ама со тек на време стана доста клише. Ова е мое мислење.

Tom Ellis е прилично добар глумец и искрено некое време заради него ја гледав инаку и порано ќе се откажев.

Се на се серијат а е ок ама можеше да биде многу повеќе.

П.С Проблемот со ликови како Луцифер е како да направиш серија без да фрлиш милиони евра, а да не пати на квалитет.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Многу некако крена на популарност серијава, насекаде ми излегуваше дур ја промовираа последната сезона.

Ја пробав пред 2 години можда. Да бев во времето кога ги гледав Дневниците на вампирите, посекако ќе ја гледав и повеќе од 5-6 епизоди. Ја ставам во тој куп на серии што ги вергла CW, тинејџерско, океј 2-3 сезони колку да тепаш време ако го имаш резерва, после тупење со глупости во недоглед се дур не им скурчи и на писателите.
 
И тука си во право. И премногу сезони не е ОК. Чисто ќе ги земам за пример GoT, до 5та сезона ми се допаѓаа, но 6та и 7ма стварно ги укењаа.
Луцифер е лик од DC универзумот и мислев дека од таму ќе црпат инспирација ама они ја направија класична крими драма. Серијата има некои занимливи работи ама со тек на време стана доста клише. Ова е мое мислење.

Tom Ellis е прилично добар глумец и искрено некое време заради него ја гледав инаку и порано ќе се откажев.

Се на се серијат а е ок ама можеше да биде многу повеќе.

П.С Проблемот со ликови како Луцифер е како да направиш серија без да фрлиш милиони евра, а да не пати на квалитет.
Том, не да го игра добро Луцифер, мислам дека не постои награда во универзумов што би била доволна да му се додели.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
И тука си во право. И премногу сезони не е ОК. Чисто ќе ги земам за пример GoT, до 5та сезона ми се допаѓаа, но 6та и 7ма стварно ги укењаа.

Том, не да го игра добро Луцифер, мислам дека не постои награда во универзумов што би била доволна да му се додели.
Не мислам дека многу сезони се проблем туку дека е тешко изводливо пошто со време се компликуваат работите. Со ГоТ мислам дека делумно беше проблем политиката, делумно недостаток на изворен материјал т.е импровизираа без насоки од Мартин.

Во врска со политиката наместо конзистента приказна они се фокусираа на шок ефекти на кои не им беше местото во тој дел од приказната т.е океј е да бидеш шокиран во заплетот ама во разрешницата веќе нема ниту потреба, а и тешко е да изведеш некој поголем твист.

За жал во последните сезони се осети и голем пад на продукција што е крајно нетипично за серија која фрлаше по 15 милиони од епизода.

Смешно е на пример за серија од тој размер да не се консултираш со историчар како би се одвивала една битка и ред други пропусти.

П.С Да не должам ова е муабет за друга тема.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Океј, како можи оваа глупавост од епски размери да има цели 6 сезони. Па уште и во кајгана топ 100 серии :pos::pos:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Ја догледувам деновиве, уште 6та сезона ми остана.
Ме нанервираа што го прикажаа Архангел Михаил во толку лошо светло, а баш ми е симпатичен лик од архангелите. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom