Баш супер што ја видов темава.
Кај моите баба и дедо (инаку двајцата од Тетово) во лето за време на ручекот, (особено со грав) се сервираа и два големи сада со диња и лубеница. Сирење, нормално... Превкусно беше: грав, лубеница и сирење. (Јас не можам да јадам диња; оргнизмот ми одбива да ја голтне - како жив компир).
Кога пробував да им кажувам на луѓе дека вака сум јадел ме гледаа како да сум чудак.
А, јас например никогаш не сум ги осудувал тие што јаделе мармалад и сирење, смоки со еурокрем и кисело млеко со шеќер (вака се јаде во б'лгарија)