Лу Рид

  • Креатор на темата Креатор на темата Ptolomej
  • Време на започнување Време на започнување

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.777
Поени од реакции
1.069
Американски кантавтор и рок-музичар Лу Рид, почина вчера на 71-годишна возраст, објави списанието "Ролинг стоун".

Легендарниот текстописец и гитарист, во почетокот на годината беше подложен на трансплантација на црниот дроб, а точните причини за смртта се уште не се познати.

Во почетокот на октомври, Рид промовираше книга со фотографии, од него и од други рок легенди кои ги направи фотографот Мик Рок.

Лу Рид е роден во Бруклин, а порасна на Лонг Ајленд. Тој ја основа групата "Велвет андерграунд", а откако го напушти бендот во почетокот на 70-те години, објави низа соло албуми кои го запечатија неговиот статус на една од највлијателните фигури во историјата на рокот.

Негова најпозната песна е "Walk On The Wild Side", а неговиот хит "Satellite of Love" го обработија "У2" и уште некои познати музичари.Вчера социјалните мрежи беа преплавени со проштални пораки со легендата на рокот. Моби дури и објави фотографија со него.

Уште една легенда на рок енд ролот замина да му свири на Главниот горе . Можам да замислам колку им е весело сега таму негде горе . Сигурно има страшни журки сега таму . Лу Рид и Џими Хендрикс на гитари , Џон Лорд и Реј Манзарек на клавијатури , вокали Џим Морисон и Џенис Џоплин и Џон Бонам на тапани .
 
Еден по еден се ретчат легендите. Се прашувам што ќе остани од музиката ко ќе заминат сите.... Мајли Сајрус и Лејди Гага?! :eek:
 
Еден по еден се ретчат легендите. Се прашувам што ќе остани од музиката ко ќе заминат сите.... Мајли Сајрус и Лејди Гага?! :eek:


Тоа се дешава коа си стар - умираш. Ништо чудно, 71 година, не може никој вечно да живее.
 
Eптен јако чоече. Со големи новини во музиката, експериментирање на мртво, ставам нагласок на Velvet Underground кој ми е од пофините бендови кои некогаш излегле.

Мал предлог, темава откако ќе заврши со дискусија, дали сакате да ја пренасочиме во негова чест, мислам на насловот, каде ќе имаме одделна тема за Лу во која ќе постираме негова музика, или да отвориме нова?

Нека почива во мир.
 
Тоа се дешава коа си стар - умираш. Ништо чудно, 71 година, не може никој вечно да живее.
Не ме загрижува тоа што еден по еден легендиве заминуваат во историјата.
Мене ме загрижува што не се раѓаат нови.
 
Не ме загрижува тоа што еден по еден легендиве заминуваат во историјата.
Мене ме загрижува што не се раѓаат нови.


Легендите се менуваат за секои генерации. За нас овие се легенди, за старите луѓе легендите биле пред тоа и така времето минува.
--- надополнето: 28 октомври 2013 во 14:03 ---

Една од поомилените песни од Velvet.
 
RIP
во последнива 20 год како да нема ниеден уметник од овој калибар.
но човекот си го одживеа своето, и тоа во голем стил, 71 год не е малку за музичар
 
RIP
во последнива 20 год како да нема ниеден уметник од овој калибар.
но човекот си го одживеа своето, и тоа во голем стил, 71 год не е малку за музичар


picwilson1.jpg


:)
 
"Goodbye, Lou. I loved you so much. I thought you'd always be here."

Рече Моби, and it broke my heart. :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom