Уф, мислам дека ни се одговори најголемото прашање -
кое не лажете, не мачеше сите овие години - Дали Lindenhoff, Cuse и Abrams ја смислуваат серијата како што течат сезоните?
А одговоров е "прво не, потоа да".
Еве ќе ви објаснам.
Верувам дека дечките си имале концепт, дали чистилиште, дали нешто друго - крајната замисла била тука. Но, ова е интернет ерата, каде што милиони фанови се споија и почнаа да пласираат теории, едноставно сигурен сум дека во секој правец на кој тргнале - порано или подоцна биле busted и не сакале НИКОЈ да погоди што е што на крај.
Затоа, секогаш кога теоријата ќе ја погодевме, тие ја менувале целата поента и крај на серијата. Затоа никогаш не ни дадоа конкретни одговори за било што поголемо, бидејќи конкретен одговор ќе значеше и цврст правец во една насока од каде што нема враќање.
И сериозно, никој, освен некој што на тепка рекол АЛТ = чистилиште, не можеше да го претпостави ова.
Со @Б_О_Ж_И_Н_О: зборевме, ако серијава беше од 1995та до 200та, кога интернетот не беше глобален феномен, друга ќе беше приказната и оваа серија ќе беше нешто најкултно досега направено. Не дека вака е помалку...
И @
ivan1real: , не заврши среќно серијата, иако јас мислев дека алтот ќе биде као сите среќни животи на луѓево.
Еве, пропуштате детали повторно, како кога Кејт му рече на Џек "I missed you so much". Кога првпат го рече тоа, си викам "глеј дебили", на оваа и текна пред 5 минути за Џек и сеа тооооолку и фалел во тие 5 минути. Но, испадна дека Џек умрел во 2007/8 (како и да доаѓа), а Кејт живеела можеби 20-30 години без него. Сега, конечно се нашле овде, но тоа е далеку од оној амерички шит крај. Истото е и со Чарли и Клер, како и Џулиет и Сојер. Сите овие луѓе навистина умреле и нивните дечковци/девојки/љубовници биле тажни голем период од животот.
@
IOsonoINTERISTA: ,
островот беше паднат во чистилиштето, бидејќи иако бил апсолутно најважниот дел од животот на Изгубените, сепак секој од нив посакувал да не им се случел. Всушност, сите тие не биле помирени со тоа, односно ги гледале само лошите работи кои излегле од островот. Алтот беше навистина алт, создаден од сите нив "што би било кад би било". Рачунај го ко time-travel, само овојпат нејќат да се движат по таа линија. За на крај, Дезмонд, како главната константа, да им покаже на сите дека кога ќе го прифатат островот и сите тие настани, би биле далеку посреќни.
А мислам дека и многу работи ни се одговорени, иако од прва не го гледаме тоа.
Еве ја светлината. Само јас гледам паралела со таа светлина на островот и онаа во која отидоа на крајот?
Всушност, никој не вика дека замислениот рај е на небото, можеби е во центарот на Земјата, а островот е единственото место каде што едноставно "пукнала" и затоа ем има магични моќи, ем светот ќе се сруши ако ја ослободиме заедно со сите тие катаљарди души во неа?
Ова треба подобро да се размисли, ама мислам дека конекцијата е тука и фала богу, одговорено е на тоа.
И откако се ова го кажав вака за почеток - да, навистина и мене ме разочара што многу прашања останаа неодговорени. Цели епизоди пропаднаа поради тоа, но хеј, веќе цела сезона се помирував дека нема да ги одговорат повеќето. А и можеби е боље вака, него лејм приказни како онаа на Ричард, во која едноставно на крај Џејкоб му дава да не старее.
Добро е што со оваа епизода, иако крај, забавата и теориите тек почнуваат.