Лош Здив

  • Креатор на темата Креатор на темата $eKeR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јануари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Возраст
26
Дали знаете нешто за лошиот здив како да се отстрани ( дали имате пробано со цимет и лимон и дали има ефект ) кажувајте мислења фала
 
Дали знаете нешто за лошиот здив како да се отстрани ( дали имате пробано со цимет и лимон и дали има ефект ) каѓувајте мислења фала
Оди на заболекар, поправи си ги забите или види што е проблемот со непцата, не ги пикај гомцата под тепих туку гледај да ги отстраниш.
 
Џвакај магдонос помага навистина, викаат дека ако можеш да го голтнеш жив после подолго џвакање помага и подобро.
 
Оди на заболекар, поправи си ги забите или види што е проблемот со непцата, не ги пикај гомцата под тепих туку гледај да ги отстраниш.
Теоретски може и да е до стомакот проблемот (не само до устата), ама сепак точно дека за ова мора на заболекар да иде па они ќе му кажат дали е до забите/непцата или до друго е проблемот.
 
Многу ретко болестите на усната шуплина ( заби , непца ...) се причина за лош здив. Најчесто е причина лошата работа на органите задолжени за варење на храната , панкреас и т.н.
Затоа покрај преглед на забите и непцата , направи си анализа на крв , мокрача , едно посолидно ЕХО да си бидеш сигурен . Пошто затварање очи на вакви работи во рана возраст , прават сериозни проблеми покасно !
Не се срами , се е човечки .
 
Ок, што и да е, подлабок проблем е од земање спрејче и прскање на секои час - два. И после кога ќе ескалира ситуацијата, докторот е крив. Тоа сакам да кажам.
 
Дали знаете нешто за лошиот здив како да се отстрани ( дали имате пробано со цимет и лимон и дали има ефект ) кажувајте мислења фала
Има повеќе причини зошто може здивот да мириса лошо, но има и повеќе работи со кои може да се реши.

Најпрво гледај да одржуваш добра хигиена во устата. Тоа подразбира три пати на ден темелно миење на забите. Со четката истриј го и јазикот, па дури и непцето и образите, затоа што лошиот здив често потекнува и од јазикот. Чисти ги забите и со конец. Ако имаш забен каменец или расипани заби, отиди на стоматолог и тоа ќе ти помогне за лошиот здив.

Потоа и исхраната е многу битна. Ако на секое јадеш кромид и лук, нормално дека ќе ти мириса здивот:D Гледај да пиеш повеќе јогурт, млеко, а да намалиш со кафе, алкохол, сокови и цигари. Можеш со сок од лимон или со чај од жалфија или камилица да жабуркаш.

Често лошиот здив се појавува и од некои други болести. Пример ако имаш гастритис, настинат си, имаш проблем со синусите или нешто друго. Ако имаш таков некој проблем, отиди и провери се на лекар.

:)
 
Можеш со сок од лимон или со чај од жалфија или камилица да жабуркаш.
Yeah, жабуркај со сок од лимон кој во себе содржи огромно ниво на киселини, и поеби си ги забите.
 
Дете , јас разбирам дека ти се меша у се и сешто ама кога станува збор за здравје не биди надрилекар ! Само болдот ти држи вода .
 
Помалце јади кромид и миј ги забите
 
Место да нагаѓаш и експериментираш, најдобро да си отидеш на доктор, сигурно тој повеќе ќе знае што е причината и како да го реши проблемот...
 
Yeah, жабуркај со сок од лимон кој во себе содржи огромно ниво на киселини, и поеби си ги забите.
Некои викаат дека лимонот ја нагризува глеѓта, некои викаат дека тоа нема врска. Јас лично ова го имам пробано многу пати, па ништо не ми било на забите. И плус логично е дека од кога ќе се жабурка со лимон, устата треба да се исплакне со вода или забите да се измијат со паста:)

Дете , јас разбирам дека ти се меша у се и сешто ама кога станува збор за здравје не биди надрилекар ! Само болдот ти држи вода .
Не гледам со што тука имам ,,дејство'' на надрилекар. Можеш да го прашаш матичниот или стоматологот и они ќе ти кажат дека забите треба да се чистат со забен конец, дека забите треба да се мијат неколку пати на ден и дека е препорачливо да се четка јазикот, затоа што често и од него потекнува лошиот здив.

Потоа можеш да го прашаш матичниот лекар или стоматологот и они ќе ти кажат дека млекото и јогуртот, а посебно јогуртот го зголемува присуството на одредени бактерии кои имаат полезно дејство за состојбата на усната празнина. Истите тие ќе ти кажат дека здивот мириса лошо од цигарите, како и од кафето и алкохолот кои ја сушат устата. А по пат ќе ти кажат дека чајот од жалфија и камилица ти се добри за промивање на усната празнина, додека пак лимонот може да помогне при лош здив, а да не направи штета врз глеѓта, во таков случај ако по конзумацијата забите се измијат и во таков случај ако тоа не се практикува ептен често.

Можеш да го прашаш матичниот лекар и он да ти каже дека при некои болести се појавува лош здив, во таков случај ако ти не си бил настинат, си немал проблем со синусите или си немал гастритис.

Тоа што сум го напишал или е општо познато или лекар ми го кажал. Не измислувам нешто од што ,,ми се меша у се и сешто'' како што ти викаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom