Се надевам има еден паметен во Дпмне да им каже дека си праат контра ефект со тоа што пуштија цела машинерија all in да објавува против Левица. Пример овој бившиот форумџија Бетмен Велит објавил некое ретардирано 
видео, каде што демек докажува поента некоја дека Левица имале платени анкети. А на видеото јасно се сфаќа контекстот дури и да не мора целосно да го гледаш гостувањето, дека прво кажува дека не се расфрлаат со пари да порачуваат платени местени анкети, а потоа се надоврзува до резултатите од некоја независна анкета која излегла. Дпмне најпаметно што може да изигра тука е да си ќути и седи на страна, пошто и онака гласачите на Левица се разочарани гласачи од Дпмне, а не од Сдс. Не ги чепкај, остај ги да си седат во апатија и да не излагаат на избори, не си играј со нивната интелигенција со праќање луѓе ко Петар Богојески, Бетмен Велит и Миленко со ширење небулоза и пропаганда. Скроз имаат утнато пристапот, тоа нема да им се удри од глава овие избори, бидејќи предноста е огромна, ама наредни и тоа како. Прво мора да сфатат дека 99% во Сдс (од тие малку останати) се про Еу и Нато, додека во Дпмне процентот е цирка 50%, рачунај тие останати 50% што се патриотски ориентирани, а не се за Еу и Нато, желни се да најдат прибежиште било каде, па макар и во партија што се вика Левица, се дур истата е анти Еу и Нато. И се дур партијата не коалицира со Албански про Еу и Нато партии.
Е сега, уште една работа, генијален е потегот на Левица што го ставија Амар за кандидат, било кој друг кандидат (освен нивниот лидер веројатно, а тој ако го ставеа и секако изгубеше ќе беше фијаско, така да и тоа е очекувано мудро) немаше да влезе во втор круг. Мислам дека се мислеле меѓу Хактан и Амар, но на крајот изборот паднал на Амар и тука си го завршиле домашното поради 2 работи. Првата е што Македонче попрво би гласало за Бошњак, отколку за Турчин (тргнете тоа филозфиите, да се гледа човек, а не националност, во Македонија живееме, 2025 сме, 2075 можда тој муабет ќе стигнеме), а втората многу побитна е што полесно е да ги тргнеш Бошњаците од Дуи, отколку Турците од Дуи. Не дека нема и Турци гласачи за Амар, ама Бошњациве се ултра активирани избориве за Амар, нешто што немаше да е случај ако Хактан беше пратен, а сигурно немаше да е случај ако било кој друг кандидат Македонец беше пратен. Не се многу гласови тоа, но доволно за да ја направат таа мала разлика од второ до петто место. Моето мислење е тоа, без тие про Палестина ставови, втор круг немаше да е реалност, ако кандидатот не беше Амар, немаше втор круг да биде реалност.
А и не знам за вас, ама мене ми се смачи во втор круг да гледам како се праќаат луѓе од иста партија (Вмро и Сдс, Вмро и независен, Сдс и независен, Вмро и Албанец со кој си тераат бизниси, Сдс и Албанец бизнис партнер), време е да видиме нешто поразлично, нека излезат малку Дпмне од конфор зона.