Точно, ама тука е проблемот кај тие одредени професори што секоја година ги даваат истите прашања. Не е во ред секоја година по ОЕТ1 да се паѓа прашањето за гранични услови, или по Електроника да се паѓа Винов осцилатор...СЕКОЈА ГОДИНА! Па барем по овие предмети има материјал да се бира колку сакаш за теоретски прашања. Тука е проблемот кај професорите што ги подготвуваат прашањата, а не во тоа дали се одговара усно или писмено...Не знам кој смер си, ама сигурно знаеш дека кај Гавровски ОМТ не се полагаше туку-така. Зошто? Затоа што човекот никогаш не ги повторуваше прашањата, кај него се беше важно и се можеше да се падне...И на писмено полагање многу фино знаеше да "прочешла"...Секое прашање, од а) до ж). Тука нема веќе можност за учење стихотворби на памет

Значи, да не сум сфатена погрешно...Не викам дека сега е совршено, далеку од тоа, треба некои работи да се променат, ама мислам дека усно испрашување по сите предмети на сите факултети не е решение...