Локализирана Болоња - Ќе се менува начинот на оценување на факултетите

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто баш на тие да мора?:) И да, свесна сум, 4 математики имам положено:)
Бидејќи доколку некој решил да студира математика, неизбежна ќе е теоријата која си ја носи со себе. Но, ајде математичари настрана, за физичари, биолози, хемичар и географи срамота би било утре да излезат од факултет со само задачи решавано, а да не знаат да дискутираат или пак да објаснат некои од проблемите со кои си се занимаваат.
 
Апсолутно се сложувам со тоа, меѓутоа сметам дека не мора тоа да се прави преку "интервјуа". Слободно може да се проверуваат теоретските познавања на студентите писмено, со тоа што испитите не би биле на заокружување или на дополнување, туку би имале конкретни теоретски прашања на кои студентите би требало поопширно да одговорат. И секако, кога сите студенти полагаат во иста просторија со тетратка пред нив се еднакви, што не е случај кога се сами во канцеларија со професорот.
 
Добро, ама ова не може за сите факултети да функционира...Едноставно сите факултети се различни...Како планираат на ПМФ, Архитектура и останатите технички факултети да се полага преку усно испрашување? Сум против испитите на заокружување на Економски, ама како би се полагало математика или програмирање "преку интервју"? Не е само да се каже "гледајте, правиме реформи за подобро образование", треба убаво да се размисли прво...

Има нешто што се вика "Теорија", кое денешниве студенти го учат на памет, а воедно немаат поима дека во таа теорија е скриено вистинското знаење, и од каде потекнуваат сите работи. И 15 математики да положи некој, ако не си разбрал што учи, џабе му е. Затоа, ќе си отиде кај професорот на интервју, да види дали тој вистински ги разбира работите, или си учи готови прашања ко стихотворба, на памет ...
--- надополнето: 26 април 2013 во 00:07 ---
Апсолутно се сложувам со тоа, меѓутоа сметам дека не мора тоа да се прави преку "интервјуа". Слободно може да се проверуваат теоретските познавања на студентите писмено, со тоа што испитите не би биле на заокружување или на дополнување, туку би имале конкретни теоретски прашања на кои студентите би требало поопширно да одговорат. И секако, кога сите студенти полагаат во иста просторија со тетратка пред нив се еднакви, што не е случај кога се сами во канцеларија со професорот.

Еве конкретно кај нас, на ФЕИТ, има теоретски прашања на кои студентите треба поопширно да одговорат. Ама, поголемиот дел од студентите ги бараат прашањата кои се паѓаат често, ги одговараат на лист, и после си ги бубаат, ко стихотворби у основно што ни бараа да учиме. Како ќе процени професорот дека студентот стварно ја разбрал материјата? Е ако дојде кај него на интервју, па професоров малку да го "прочешла", ќе се види кој колку знае.
--- надополнето: 26 април 2013 во 00:09 ---
Бидејќи доколку некој решил да студира математика, неизбежна ќе е теоријата која си ја носи со себе. Но, ајде математичари настрана, за физичари, биолози, хемичар и географи срамота би било утре да излезат од факултет со само задачи решавано, а да не знаат да дискутираат или пак да објаснат некои од проблемите со кои си се занимаваат.
Најпаметниот пост што го имам прочитано на форумов, откако сум зачленет :).
 
Јас мислам дека освен Болоњскиот Кредит Трансфер Систем и нешто друго треба да се локализира:
1. Изнакупија дипломи за смешни пари, двајца мои пријатели веќе си купија диплома ( не сакам да именувам од кој факултет иако сигурно знаете) , две мои комшики такуѓере, како би се унапредиле во работата. Купија диплома за смешна пара а се што требаше да направат беше да се појават 5-6 пати (види: Урко)
2. Веќе честа појава по македонските болници се завршени девојчиња и момци од 27+ лупаат вакцини ко на мајтап, утнуваат вени и артерии ко од песна меѓутоа учеле битно они 7 години факултет, ама братска квота мора да се напуни.
Се на се, образованието овде се сведе на собирање поени. Не студирам во Македонија, ама го знам системот како да студирам, одвратни се другариве мои кога ќе почнат: трговско имам 6 од 10, јавно имам 8 од 10 проектна плус 4 поени, 1 поен од колоквиум плус 2 ипол поена, лелел треба да ми даде уште еден професоров, проектната супер му ја презентирав он само 2 поена, 4 кредити итн итн итн. и јас веќе почнувам да се чудам дали они идат на факултет, или се натпреваруваат на Евросонг. Нејсе, ја поддржувам реформава (ако така се нарекува) зошто професорите у Македонија станаа административци и бирократи. Не викам дека нашето образование е лошо. Имаме одлично образование, меѓутоа на поле Практика и Примена сме благи ужас.
 
Еве конкретно кај нас, на ФЕИТ, има теоретски прашања на кои студентите треба поопширно да одговорат. Ама, поголемиот дел од студентите ги бараат прашањата кои се паѓаат често, ги одговараат на лист, и после си ги бубаат, ко стихотворби у основно што ни бараа да учиме. Како ќе процени професорот дека студентот стварно ја разбрал материјата? Е ако дојде кај него на интервју, па професоров малку да го "прочешла", ќе се види кој колку знае.

Точно, ама тука е проблемот кај тие одредени професори што секоја година ги даваат истите прашања. Не е во ред секоја година по ОЕТ1 да се паѓа прашањето за гранични услови, или по Електроника да се паѓа Винов осцилатор...СЕКОЈА ГОДИНА! Па барем по овие предмети има материјал да се бира колку сакаш за теоретски прашања. Тука е проблемот кај професорите што ги подготвуваат прашањата, а не во тоа дали се одговара усно или писмено...Не знам кој смер си, ама сигурно знаеш дека кај Гавровски ОМТ не се полагаше туку-така. Зошто? Затоа што човекот никогаш не ги повторуваше прашањата, кај него се беше важно и се можеше да се падне...И на писмено полагање многу фино знаеше да "прочешла"...Секое прашање, од а) до ж). Тука нема веќе можност за учење стихотворби на памет:)
Значи, да не сум сфатена погрешно...Не викам дека сега е совршено, далеку од тоа, треба некои работи да се променат, ама мислам дека усно испрашување по сите предмети на сите факултети не е решение...
 
Значи не било само на Машински така секоја година едни исти прашања да вртат професорите, што ужасно ме нервира. Ај што вртат цело време исти прашања па нитут тие не ги учат студентите туку прават ливчиња ако можат да ги препишат. Само Арменски и Поповски се прави професори они секоја година вадат толку добро скоцкани прашања што неможе да се одговорат туку така па затоа и по 5-6 души проаѓаат само. Значи севкупно сум разочаран од мојов факултет ама ко што гледам и другите биле лоши О
 
Дали ова значи дека и ние што сме по “стариов“ систем ќе ни биде сменет доколку ова се случи, или тоа важи само за генерациите што ќе почнат по овој систем? Јас искрено не сум за усно, што знам повеќе можам да се искажам писмено него усно секогаш сум бил така, доста потешко ми е. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom