Logitech строго имам гејмпад, тастатура и G5 mouse од Logitech и сум презадоволен.. Инаку како искуство би го истакнал гејмпадот.. еднаш игравме на компјутер кај другар ми фудбал 1 vs 1 бевме тројца и се менувавме.. батката на тастатура имаше 20 победи ни еден пораз.. ќе ни дадеше гол во последна минута и тоа некој безвезен, и ми пукна филмот го фатив гејмпадот 3-4 пати од земја го мавнав, се истури и кафе и сок на него.. а како капак почнав и со столот да го газам... Го зедов дома го отворив и го исчистив само од сокот и кафето пошто лепеше (имај на ум дека ова го направив по неколку дена можеби и недела). Гејмпадот не беше ни гребнат а камоли скршен или расипан. Logitech се закон.. топ перформанси и квалитет!