Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој колку е месечна претплата во фитнес центарот на ТЦЦ Гранд Плаза?
 
Гладијатор затвори во Пелагонија, преместена е во Расадник.
Ама гледам пак внатре работат во стариот објект, не знам да не отвараат некоја друга теретана.
 
Веројатно веќе сте напишале ама многу страни има :)
Нешто во или близу Дебар Маало? Колку што знам и читнав овде има оваа кај Кузман студентскиот, има една позади Универзална, има кај центар за странски јазици. Како се овие со цени?
И има ли некоја карши Нова Македонија како што гледам, или евентуално поблизу? Tnx однапред
 
Позади универзална е Фит, 1800 денари за машки со помош од тренер, 1500 без тренер. Теретаната е топ, хигиена на ниво, чиста соблекувална, нон-стоп топла вода. Јас бидејќи сум со флексибилно работно време одам порано, пред 4 саат некаде, а навечер е изгледа прилично гужва.
За другите не знам...
 
Борис Трајковски теретаната како е, збор, два? Сакам таму да се префрлам.
 
Херкулес во Козле дали работи и кои се цените? Или друга во тој реон препорака
 
Ги гледам цениве во ProjectFIT (новата теретана од Мирко Петровски) и глава ме заболе.
Мислиш тој персоналниот тренинг ќе те направи за еден ден Алексеј Лесуков.
ProjectFIT.png
А и месечна чланарина 3500денари е o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom