Интересната работа кај оваа тема е во тоа што зборува за фундаменталниот дефект на механизмот за лајкови на кајгана. Ова е така затоа што системот на лајкови создава заедница изградена на непотизам. Кога имаш трајни кориснички имиња и систем на постирање вкоренет во "лајкови", индивидуалните карактери почнуваат да ги престасуваат логичките, рационални вредности. Легитимноста и валидноста на аргументот, на пример, стануваат ирелевантни во лицето на индивидуалната потрага по прифаќање во/од структурата на групата.
На едно површно ниво, некој би можел да каже дека корисничките имиња и атрибутабилниот систем на гласање би биле за најдоброто - форумџиите така би морале да одговараат за нивните постови и мислења, така?
Во реалноста меѓутоа, постовите од сите што постираат стануваат разводенети и кастрирани во смисол на намера и содржина затоа што потрагата по индивидуално прифаќање ги престигнува основните естетски сензибилности.
"Не се согласува со мене? Ќе го лајкам секој што ќе го критикува/ремети!"
"Дечкото е многу фин, па затоа ќе го лајкам без разлика на содржината на неговите постови!"
Како резултат, кајгана нема заби и нејзините членови неможат слободно да се кастигираат еден на друг без долготрајна социјална реперкусија од некаков вид. Пример за ова е дечково што ја отворил темата и што му се нафрливте. И така заедницата страда.
Не е лошо и
Acid да го прочита ова.