Like whore т.е лајк "курви"

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Протест!
Протестираме се со цел да се спречат т.н. лајк курви, со нивните несоодветни и неофоормирани постови кои што имаат единствена цел а тоа се лајковите. Со цел да не дојде до минимизирање на форумскиот фолклор во земјава и поткопување на еден од најзначајните сегменти на културата. Бараме да се банираат членови на кајгана форумов и да се одложи процесот на истекување на банот за да се амортизира штетата која во време на форумска криза неминовно ќе се одрази врз домашната форумска продукција.

Инспирација од протестот на Шиттел, Анал 5 и Фаилсат.

Мачорка ај ем д мен! :sneaky:
 
Тој:"Маче сакаш на кафе да искочиме?"
Таа:"не"
Тој:"ама имам 300 лајка на кајгана форум"
Тој:"Аха епа тогаш да. "

Работи кои никогаш не се случиле.
Само интернет поени се тоа ако не ти се свиѓа некој што рекол само помини преку неговиот пост.Ако некој се сеќира колку друга личност има интернет поени а.к.а лајкови и од што,тогаш премногу сериозно го сфаќа форумов.Сте станале као овие нердовиве од реддит.
 
Тој:"Маче сакаш на кафе да искочиме?"
Таа:"не"
Тој:"ама имам 300 лајка на кајгана форум"
Тој:"Аха епа тогаш да. "

Работи кои никогаш не се случиле.
Само интернет поени се тоа ако не ти се свиѓа некој што рекол само помини преку неговиот пост.Ако некој се сеќира колку друга личност има интернет поени а.к.а лајкови и од што,тогаш премногу сериозно го сфаќа форумов.Сте станале као овие нердовиве од реддит.
Ааааа јок, на редит си имаат карма :icon_lol:
Од интернет поени излегува IRL и со карма матер ебаа, особено како горниов пример, абе имам 8000 карма и сите нели одма се занесвестуваат :icon_lol:
 
Искрено, не можам, а да не забележам на форумов дека некои ликови упорно се прават интересни, упорно цитираат некого, а претходно немаат врска во тековната дискусија и упорно се постираат смислени "ИНТЕРЕСНИ" реченици... Ова се случува на теми кои се мошне активни што е многу нормално. Се повеќе странски форуми ја тргаат оваа опција за Допаѓања баш поради ова и одењето оф-топик.
Ќе се дрзнам тука да ја потенцирам Мачорка која што 50% од постовите и се као смешливи, или као досетливи, а уствари е многу провиднo.

П.С Не ја отварам темата зашто некој мене ме "заебал", па собрал милион лајка, ја отварам затоа што е многу честа појава на форумов и е НАЈЧЕСТА причина за оф-топик!


А еден совет, вака најдобронамерен: намали малку со форумов и не го сфаќај толку сериозно.Не треба тоа да си го дозволиш, на крај краева нека ти служи форумов само како рекреација и ништо повеќе.И јас на пример сум од 2007 год. член па имам претежно малку „лајкови“ па никому ништо.Не ме ни интересира тоа.Друго, донекаде и те разбирам што реагираш, те нервира тоа кога некој го уништува квалитетот на дискусијата со коментари „од страна“ , но за тоа си има модератори и администратори кои си знаат што да прават.Ти само напиши си го коментарот и готово, а верувај, тие што се заинтересирани за дискусија ќе го цитираат твоето мислење, без разлика колку и да има мислења кои не се во контекст со темата.Од проста причина зошто и тие се заинтересирани за таква дискусија.
А сега, ако некој напишал некоја зафрканција на таа тема, и е во контекст со темата тоа го одобрувам, зошто нели, сепак сме човечки суштества мора малку да има и зафрканции нели, неможеме да функционираме како роботи а и покрај тоа и зафрканцијата и дава „шмек“ на дискусијата; и дава стимул на еден начин.......Значи не треба да се разбира тоа толку погрешно, се разбира ако зафрканцијата е во контекст со темата.Ако не е, тогаш и јас сум за тоа таквите мислења да се санкционираат.
 
Ааааа јок, на редит си имаат карма :icon_lol:
Од интернет поени излегува IRL и со карма матер ебаа, особено како горниов пример, абе имам 8000 карма и сите нели одма се занесвестуваат :icon_lol:
Абе остај немаат што да прават и си седат 10 саати на ден 25-26 годишни момци.
 
Мене па повеќе ме нервираат такви што или ич немаат смисла за хумор или сака да изгледа многу паметен па се јави на тема со некој коментар од внатрешен џеб изваден „ Деца не треба вака, онака“ плус додадени неколку фенси збора од големиот „речник“ што го има како шлаг на тортата...
 
Бројот на лајкови нема врска со тоа дали постовите на некој член се квалитетни или не. Џабе и да имаш 10.000 лакови ако си дал 20.000 коефициент 0,5 :). Многу поквалитетни постови имаат членови со 500 лајка а кои дале 100 лајкови.
Апсолутно не е решение да се укине како опција лајкувањето ама затоа може да воведе коефициент како сооднос на лајкови или пак да се ограничи еден лајк на 24 часа
 
И таквите интересни/смешни мислења требаат на форумот, првенствено е за дискусија да но глупо е цело време да биде толку сериозно..
 
Пример, од Топ 10 мислењата најгрдо е она - Е што, за 20 денари да не сакале дијамант да најдам? Мислам хелоу, може е смешно, ама не е можно колку глупо изгледа
Она на Бенеамата и Лет 3 веќе се поштува
Прво, Like Whores, не Like Whore.
Grammar Nazi хумор кој ќе ми донесе минимум 5 лајка ;)

За цитатот тоа се вика Vicious Cycle. Злобниот круг најчесто се случува на сајтови на кои има најпопулари мислења. Бидејќи се постојано видливи, редовно добиваат нови лајкови и така остануваат на врвот долго време. Тоа не значи дека не се смешни бидејќи инаку не би биле таму, но како ќе минува време се помалку постови ќе можат да ги стигнат.

Инаку мене обично најсмешни ми се кратките реплики, она кога ќе начекаат некого на волеј :)
 
Многу е поголем проблемот од тоа дека деца станале зависници од лајкови. Нивно право е тоа на кое поле сакаат да се афирмираат и со кои средства тоа ќе го направат.
Мене ми смета тоа што ефтиниот хумор стана прибежиште на незнаењето. Бегство од проблемите. Утеха на немоќните. На било која тема и за било кое прашање можеш без никакво претходно познавање и никаков допир со материјата да истролаш. Ако тоа твое игнорамус тролање добие повеќе лајкови, нормално дека пак ќе тролаш во секоја наредна прилика и на секоја наредна тема за која објективно си дудук. А, добива. Пали кај луѓето. Секогаш тролањето и глупите заебанции се поинтересни од сериозните прашања и сериозните теми.
Колку за илустрација, "лажеш курво" беше многу поекспонирано срање од кршење државен имот, обид за физичка пресметка со претседател на собрание, прекршување процедури, противуставно исфрлање од собрание на пратеници. "Лажеш курво" took the cake. Зошто? Затоа шо некој рандом сељак истролал некој друг рандом сељак. На денот кога сред Скопје се славеше со албански знамиња и косовскиот премиер ширеше говор на омраза и ксенофобија, главна сензација беше "неекалаш" сликата со ендемскиот албанец и сите последователни монтажи. Гостувањето на Боки 13 кај Шаше политико е десет пати погледано од интервјуто на Шаше со Оливера Трајковска... Миленко е популарен. Тој дебел трол без два грама мозок e популарен. Јанко Свињанко исто.
Да обвиниш некоја обскурна форумска фацка како мацолот дека е провидна и дека се форсира без усул и без предзнаење, да ја ставиш како прв пример за овој феномен е како да ти смета мувата во стакларникот со слонот.
 
Ќе ме натераш сега да и ги прочитам сите мислења на Мачорката.:icon_lol:
Слободно читај, а потоа мислењата на авторот и оние што го лајкнале де. Чисто за споредба ако воопшто има споредба.
 
На хуморот на Мачорка моеш да и се фатиш најискрено.[/quo]
Богами и на твојот, и ти си така хумористична и досетлива :pos:
Па на/за која човек попрво да се фати бе љацо ?
 
Мачорка е далеку од like-whore,едноставно таков и е начинот на комуникација,со сарказам има да те бапне од земја:oops: И баш од толку тролови на форумов,најде неа да ја критикуваш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom