Лига на шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Вугринец и Станиќ во најдобрите 7 :) бравоо.. посебо за Станиќ психопатот :D плус и Станиќ има најдобра одбрана ова коло

Луд е стварно..иако не ја гледав вчера само прочитав дека повеќе од 20 минути примил еден гол тоа е невероватно :)
Исто и јас мислам како Томазино дека Барса и Кил се една класа подобри од другите противници..после нив исто квалитетен е Веспрем но Кил го прегази дома..единствено имаат по 3 играчи на секоја позиција замена и тоа да не знаеш кој од кој поквалитетен.
 
Дефинитивно ЕХФ треба да одземи некои места шо им следуваат на некои екипи кои доаѓаат од ракометни велесили(велесили само затоа шо имаат силни репрезентации,а многу слаба лига).....
На пример Русија не треба да има две загарантирани места..
СТ Петерсбург,кој индијанци....:tapp:
Па овие се бетер од 80% од екипите во СЕХА лига,а имаат загарантирано место во ЛШ,а некои екипи се мачат во квалификации....(треба ова место да им се даде на гермснките тимови,или во најмала рака да се натераат Русите да играат квалификации,џабе држат место)....
За данските екипи не треба да се прај муабет,доказ дека нивната сила е во репрезентацијата,пред се во Хансен,и останатите интернационалци....
Лигата катастрофа,иако во неа играат барем пола од актуелните репрезентативци на Данска....
Дефинитивно ракометот во Европа е во фаза на губење на квалитетот...
Кога еден Атлетико Мадрид стигна да губи од Савехоф,да игра тесни мечеви со Цеље,Монпеље се мачи со финансиски кризи,со местење,со губење на најдобриот играч,скандали кои го чинеа елиминација од Европа,Шамбери катастрофа,очај,иако имињата на играчите кажуваат нешто друго,кога не успеаа да поминат една ваква група(убедливо најслаба) нема шо да се дискутира,еден Загреб испадна уште во групната фаза,како никогаш досега Загреб беше неконкурентен,можеби и најслаб од своето постоење,со целосно подмладена екипа,екипа која има перспектива пред се Стипе Мандалиниќ(пола Европа ќе се тепа за ова играч)...,но екипа која е далеку од сериозна...
Од балканските тимови одлично се претстави Веспрем,во супер тешка група го освоија првото место....
Металург стандард,иако нивната вистинска сила сеуште е непознаница...беа во најслабата група,па ќе се воздржам од коментари,класа се над индијански екипи како Ст Петерсбург,Силкеборг,е сега дали ќе можат со Атлетико,Медведи,ќе видиме за брзо....
Горење и Цеље,добро склопени екипи,Словенците добро работат,работа која им носи резултати....
Констанца,се изгубија тотално....
Како и да е,очигледно се создава јаз помеѓу мега гигантите(Барса,Кил,во иднина ПСЖ) и останатите...тука се во иднина да се спротистават со своите буџети ХСВ,Берлин,Некар Ловен,Киелце,Веспрем,па и Атлетико и Монпеље(иако овие некако не одат како треба).......
Ова се должи пред се на слабите првенства,освен Бундес Лигата(само тие држат некој стандард на висок квалитет),другите првенства се ревијални...
 
Луд е стварно..иако не ја гледав вчера само прочитав дека повеќе од 20 минути примил еден гол тоа е невероватно :)
И тој гол беше примен од седум метри.
 
Tomasino точно е тоа, Петерсбург веза нема незнам зошто и играше..овој Мандалинич какви голови даваше за Загреб последнава чудо е сигурно ќе замине во некој јак тим како и Мачковшек кој веќе потпиша за Хановер а требаше за Фленсбург. Словенските екипи доста добро работат и Марибор игра одлично во ЕХФ, вчера ги добија Висла тој голманот незнам како се викаше хрват е се искина од бранење..другите две им се победа дома против Хаслум и во гости кај данците нерешено. Исто и Копер ја гледав со Гепинген на почетокот им избегаа многу на крајот ќе ги стасаа за малце од 11 гола предност ги стасаа на 2 гола. Атлетико слаб е финансиски годинава иако пак има јаки играчи беше принуден да ги продаде доста првотимци како Абало па Штербик и Динар кој беа едни од најважните нивни играчи, и сега имаат добар тим но се далеку од врвот според мене Кире, Агинагалде, Маркусен се добри исто и Балич е тука но голман немаат некој класа а и во одбрана само Гојун не може оној Јурчевич и Бараше не се лоши ама не се во врвот како Кил и Барселона.
 
Атлетико остана и без Шабановиќ...како им тргна оваа сезона со голманиве, прво Штербик па Омбрадос па сеа и овој, останаа со само еден просечен голман Дал..........лошоооооооо :unsure:
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 21:43 ---
Можно е, Кил беше во прв шешир, Атлетико во трет ми се чини, во последните години далеку подобар пласман има Кил отколку Атлетико, па за тоа е така.
Второ, Металург прво треба да се потруди за да не играат нашите екипи (Вардар или тие) квалификациски турнир за ЛШ, па после ќе се мисли за уште едно место во ЛШ, далеку сме од два претставника во ова натпреварување.
Атлетико играше со Кил во финале минатата година а претходната играше со Барса во финале али како Сиудад Реал а Кил испадна во полуфинале таа година од Барса!
Прашањето е од кај го извади заклучокот дека Атлетико имал далеку полош пласман од Кил???
 
Прашањето е од кај го извади заклучокот дека Атлетико имал далеку полош пласман од Кил???
Во последните 5-6 години Кил е поуспешен од Атлетико/Суидат Реал.
Најверојатно тие од ЕХФ си имаат некоја математика, Германија сигурно има поголем коефициент од Шпанија, па што едниот е сместен во прв шешир, а другиот е сместен во трет шешир.
 
Абе заебете Атлетико, Кил, Суидат Реал... Ние пак ќе треба да играме квалификации за ЛШ.
 
Во последните 5-6 години Кил е поуспешен од Атлетико/Суидат Реал.
Најверојатно тие од ЕХФ си имаат некоја математика, Германија сигурно има поголем коефициент од Шпанија, па што едниот е сместен во прв шешир, а другиот е сместен во трет шешир.
Не е поуспешен очигледно не следиш и збориш на памет
2007/8 освојува Сиудат Реал
2008/9 освојува Сиудат Реал
2009/10 освојува Кил
2010/11 освојува Барселона во финале со Сиудат Реал
2011/12 освојува Кил во финале со Атлетико Мадрид
И двата тима имаат два пати освоено и по две финалиња.
Теоријата ти паѓа у вода.
 
И ти стручњаку шо викаш, што е причината оти Кил се во прв, а овие во трет шешир?
 
Можно е, Кил беше во прв шешир, Атлетико во трет ми се чини, во последните години далеку подобар пласман има Кил отколку Атлетико, па за тоа е така.
Второ, Металург прво треба да се потруди за да не играат нашите екипи (Вардар или тие) квалификациски турнир за ЛШ, па после ќе се мисли за уште едно место во ЛШ, далеку сме од два претставника во ова натпреварување.
Ти си ја отворил темава и гледам ти си "стручњакот" ти одговараш и објаснуваш така да чекам точен одговор од тебе а не празна слама како до сега.
 
Сум нашол и ја со кој да дискутирам.
Па кој кур ти се мешаш ако чекаш од мене одговор, башка прашањето беше од друг член, не од тебе.
 
Абе рангирањето во шешири не е според успешноста во предходните сезони туку за оваа сезона. Кил е прв во група, Атлетико трети, како што си завршил во група во тој шешир те ставаат.
Мислам дека ќе биде претеризам ако од EHF не ни дадат уште едно место во ЛШ. какви клубови се влечат во групна фаза, а пред тоа во квалификации:facepalm:. Како Русија добива две места со еден ексара јак клуб и еден екстра шит клуб. Вардар е појак од неколку клуба кои беа во групна фаза: Партизан, Савехов, Констанца, Петерсбург и Шафхаузен.
 
Сум нашол и ја со кој да дискутирам.
Па кој кур ти се мешаш ако чекаш од мене одговор, башка прашањето беше од друг член, не од тебе.
Повлечи си ја дезинформацијата бе човек, твоја грешка е тоа не моја.
Глупости тресеш па уште паметен се правиш :facepalm:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom