- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.782
- Поени од реакции
- 70.552
Не знам до кај планираш да ојш со кукањево....Те пратам од порано,и те сметам за многу објективен,ама почвиш да ми менвиш мислење.На 10 наврати спомна судиите,Чакир,турци,црвен....
Се фаќаш за истата тема од пред две недели,за која ПИШАНОТО ПРАВИЛО НА ФИФА ДОДЕЛУВА црвен картон.На Чакир од домаму не го учеле така,биди сигурен.Ако некој ти е крив,крива е ФИФА и правилникот на КОлина,жали му се него.Втора работа,Манчестер имаше шанси за да го поминит Реал и пред црвениот и после црвениот.То шо Ван Перси имаше трема ко на новогодишна приредба,и футна 10 волеја шо на тренинг би ги дал со врзани очи,пак тој е крив.Дека беше подобар Манчестер во дуелот?Ќе ти речам да,ама мала ти е та утеха,жалам.
На форумов сум од 2008,еве веќе 5 та година,и 5 години со ред,после секоја фаза на групи истото мислење:Реал е наместен за во финале,Реал морат да освојт 10-та титула.Гледам,наместено е веќе 5 години,ама никако да испаднит Реал да е наместениот.То шо на жешка гла се давет коментари , не е многу убо.
Криво ми е што ебана УЕФА не си останува доследна на својот критериум...
Целиот свет знае дека имаше еден критериум за судење на првиот натпревар(Варан), а сосема друг на вториот.
Еве завчера, на Малага Порто имаше старт со копачка во фаца, отворен ѓон како на Нани и нема ни жолт картон, а па камоли црвен.
Јас гарантирам дека да му извадеше судијата жолт на Нани како што и требаше со оглед на компензацијата која ја доби Реал во првиот натпревар за стартот над Евра кој е чист црвен и воопшто фактот дека е четвртфинале во прашање, еден овде немаше да се побуни да му даде црвен, освен оние стандарните, напалени...
Не може да не ми биде криво кога 11 на 11 имавме резултат и контрола на игра која не носеше понатака.
Не знам зошто ги збориш шансите на Ван Перси кога и Реал си ги имаше своите шанси, статива на Куентрао во првиот меч, петата на Роналдо, уште еднаш Куентрао...
Останува горчливиот факт дека на Реал му се прогледа низ прсти првиот натпревар, на Јунајтед Не во вториот...
Останува да си гледаме исти стартови во кои или се покажува жолт, или само фаул...
Останува УЕФА да се правда за глупоста што ја направи со идеалната 11-ка во која сите се Шпанци, и целиот свет смета дека е чиста глупост да се изостават некои други играчи кој повеќе заслужија да се најдат таму...
Кога човек кој игра професионален фудбал цел живот(Гигс) вика дека ова е најшокирачката одлука од како тој игра фудбал, треба на сите да им е јасно колку ограбен се чувствува Јунајтед...
Туку си имам своја глупа теорија за заговор дека финалето ке се прави ултра популарно, а такво нешто може да овозможат само Реал и Барса... Затоа и денес им се исчисти патот, и добија лесни противници...