Моја прогноза:
Селтик-
Јувентус
Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед
Арсенал-
Баерн Минхен
Милан-Барселона
Галатасарај-
Шалке
Шахтјор-Дортмунд
Порто-Малага
Валенсија-ПСЖ
Реал - Манчестер, не ја типувам од познати причини, додека Шахтјор-Дортмунд, не знам, бев со мислење дека Дортмунд сигурно отпаѓа у осмина, но сеа па и Шахтјор. Сепак предност му давам на Шахјор...
Јувентус, реално го има најлесниот противник, иако Селтик дома е кадарен да ги заебе. Сепак талјаниве ќе се провлечат, па ако пројде и Реал, сакам да ги исчукаме у четврт-финале.
Баерн е фаворит, сепак составот на Арсенал моментално во споредба со оној на Баерн е нула. Единствено и тие дома да направат нешто, но со Подолски, Жиру, Жервињо, многу тешко.
Галатасарај - Шалке ќе биде утакмица на многу голови според мене. Галата тепа дома, Шалке тепа дома но со поголема разлика и минува.
Порто - Малага - мислам дека толку им е силата на Малага иако сакам да поминат они.
Валенсија - ПСЖ - е тука ќе биде најјакиот фудбал.

Ибра сам против Валенсија кои ако ги средат проблемите околку клубот до пролет ќе бидат и тоа како кадарни да го елиминираат ПСЖ.
Милан - Барса. Пред ждрепката бев на став дека Милан иде понатаму против било кого освен против Барса. Но и сеа ќе речам дека Милан иде понатаму. Долгорочна прогоноза ми е дека Милан оваа година стига до финале. Да да, знам мизерни беа на почетокот, но некако ми наликува дека ќе бидат се појаки и појаки, и ќе биде ова јака сезона за нив во ЛШ.
Пишав, на ПСЖ-Валенсија и Галата-Шалке очекувам да биде најјакиот фудбал, додека на Дортмунд-Шахтјор очекувам да биде најдосадниот, иако многумина мислат дека таму ќе биде најјакиот дуел.
Па ќе видиме, ќе си го цитирам мислењево у март ако биде ко шо треба.
