Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако си го прости госпо виланова незнам како че биди
Барса е тим што може да победува без менаџер.
И Баба Ратка да дојде да им биде менаџер ќе освојат тиула (во Шпанија)
 
Абе , кога го извлекоа Милан ,можеа да бидат извлечени и ПСЖ и Манчестер од првопласираните, а овој вика единствена опција за Милан е Барселона....што правило е тоа може некој да објасни ?
 
Барса не е тренерот. Доказ е смената Гвардиола-Виланова.
Барса е тим што може да победува без менаџер.
И Баба Ратка да дојде да им биде менаџер ќе освојат тиула (во Шпанија)
Не велам за тоа едни велеа дека Тито е мозокот на барселона ,али ако недај боже нешто се случи ќе ги мава многу на психа,поради загубата
 
Жал ми е за Барселона искрено.. xD Од толку лесни екипи Милан да ти се падне мора да си стварно баксуз.. Штета што ќе отпаднат шпанските екипи толку брзо,а и криво ќе ми е за дечицата по фејсон што ќе се напнат :place:(n)
 
Абе , кога го извлекоа Милан ,можеа да бидат извлечени и ПСЖ и Манчестер од првопласираните, а овој вика единствена опција за Милан е Барселона....што правило е тоа може некој да објасни ?
Не го гледав ждребот али знам дека е најненормален мајндфак ждребувањето на УЕФА.
Така да не барај логика во ждребот.
Еве мој хејт кон ждребот после одредувањето на групите:
Не бевб на форумов за време на ждребов така да не можев да го хејтам. Ама затоа сега сум тука и имам поприлично вадафак моменти што сакам да ги споделам.Да почнам од поситни моменти.
Прво да прашам дали само јас го чув Дон Инфантино како му вика на Ил Капитено rig on.Дали тоа на италијански значи продолжи да мешаш или уствари мислеше да му каже во стил:Продолжи да местиш утакмици штом до сега не те фатија никад нема да те фатат.Keep calm and rig on.
Второ. Каталонци со што ги храните играчиве ваши? Со урина од еднорози?Иниеста освојува награда за најдобар играч кога сите очекуваа КР или Меси да освојат а овој мртов ладен демек цел живот гледал натпревари на македонска кошаркарска репрезентација па се има нервирано за цел живот и сега не може да покажува никакви емоции. Па добро бе човек израдувај се малце.Исто ме интересира зошто и Меси и Иниеста не знаат англиски? Знам дека не им треба пошто играат во Барса ама сепак играчи од светска класа се ! Како ќе му каже на судијата Фак оф ју кант ако не знае англиски ? Или уствари тоа е финтата на шпански ќе му кажат па нема да ги сфати. КР реално е покварен малце ама сепак покажува емоции.Си кажа поштено дека тепале во Супер купот дека сезонава нивна.Овие Меси и Иниеста демек од улица ги собрале па појма немаат што треба да кажат.
Друго.Таа водителката или шест месеца не е ебана или голем мерак му има мавнато на КР. Судејќи по нејзините атрибути ќе да е второво.Па добро колку само му се пушташе тоа беше пре очигледно.
И сега за најголемиот вадафак момент.Правилата за ждребот. Како што реков правилава се ептен мајнд-факинг.
И сами УЕФА ако знаат што прават еве на.
Најголем вадафак момент.
Олимпијакос вил плеј ин д ред груп коз деј аре ред нормали.
Добро сваќам се заебаваше човекот.Ама уствари тие низ шала све можат да наместат.
После тоа следни ги гледам Андерлехт. Еве овие се плави ваљда ќе бидат во плавата група.
Ноуп Чак Теста Инфантино. И овие во црвената група. Зошто?
Па многу едноставно.УЕФА пресметува според една едноставна формула.Зетот за ќерка на тренерот на Андерлехт симпатиша одредена физотерапевтка од плавата група. Е сега тоа кога ќе се помножи со корен од 120 и подели со бројот на жители во главната населба во Оман и сето тоа ќе се подели со зелено а на тоа ќе се одземе тријаголник се добива многу нормално зошто Андерлехт е дел од црвената група.
Добро можда тропам глупости (не можда туку сигурно) ама цело време гледав ако може Јуве да не се падне со Челзи и на крај сите ги ставија во црвена група само за да биде Јуве со нас :D А не дека им имам страв :).
За групите во нов пост ќе кажам.Само сакам да кажам дека има пре отепани екипи во групите. А кога и покрај толку отепани екипи уште мак.екипа не може да помине прва фаза значи стварно сме отепани.Треба УЕФА да направи лига на отепани екипи исто како што има и во кошарката. Ова сериозен сум за кошарката.Имаше баш во Охрид првенство на отепани земји во женска underaged (also known as pedo bear delight league) кошарка и изгубивме во финалето.Па добро колку треба да сме отепани за дома да изгубиме на првенство за отепани екипи?
/rant
 
Барса и Милан втора сезона по ред се среќаваат во нокаут фаза од ЛШ. Лани во 1/4 финале и оваа година во 1/8 финале. Следна во финале белким ќе играат :icon_mrgr:
 
dragonsky прати 4:30 ги извлекува Милан од балончето на второпласирани, а во другото балонче на првопласирани се Малага, ПСЖ, Манчестер и Барса. Овој вика по дифолт Милан ги добива Барселона what the fuck...
 
Селтик-Јувентус
Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед
Арсенал-Баерн Минхен
Милан-Барселона
Галатасарај-Шалке
Шахтјор-Дортмунд
Порто-Малага
Валенсија-ПСЖ
 
Абе , кога го извлекоа Милан ,можеа да бидат извлечени и ПСЖ и Манчестер од првопласираните, а овој вика единствена опција за Милан е Барселона....што правило е тоа може некој да објасни ?

Поради тоа што останаа уште Реал, Валенсија и Малага, а тие беа втори во нивните групи и мораше Барса да биде извлечена за да не се паднат шпански екипи меѓу себе ... Милан - Барса беше 5 пар извлечен а 6ти 7ми и 8ми пар има по 1 Шпанска екипа и затоа немаше можност за друг противник на Милан .. Ако Милан се паднеше со Манчестер, тогаш Барса ќе се паднеше или со Реал или Малага или Валенсија а така не може дека доаѓаат од иста држава .. Така да добро е направено ова ..
 
Селтик - Јувентус
Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Баерн Минхен
Милан - Барселона
Галатасарај - Шалке
Шахтјор - Дортмунд
Порто - Малага
Валенсија - ПСЖ

Човек да се чуди какви двојки се паднаа.Штета за Реал Манчестер едниот мора да отпадне,али затоа ќе гледаме мечиште каде ќе има доста голови!Другиве двојки и не така се интересни.Барса лесно до финале :D
 
и од мене тип :

Селтик - Јувентус
Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Баерн Минхен
Милан - Барселона
Галатасарај - Шалке
Шахтјор - Дортмунд
Порто - Малага
Валенсија - ПСЖ
 
Иначе се чудам колку прости луѓе има и викаат ждрепката била наместена .. Па цел свет на ТВ ја проследи, и сите претставници на екипите пред нивни очи се влечеше така да нема простор за лажирање ... Иначе мал осврт за Селтик - Јуве ... Точно е дека дома се незгодни Селтик, али Јуве знае да изигра на резултат и мислам дека таму ќе биде 0-0 или 1-1 или еве и 2-1 да тепа Селтик, али дома на новиот стадион во Торино ќе пукне петарда ( чим го пониживме актуелниот европски шампион, зашто не и еден Селтик ) ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom