Лифт во зграда, заеднички проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам тролаш или имаш исто мислење и за паметот :D

Јас живеам во куќа :P
пс. За некои од становите богами и за паметот имам исто мислење дека им е луксуз :D
 
Јас живеам во куќа :P
пс. За некои од становите богами и за паметот имам исто мислење дека им е луксуз :D
Ааа океј. Ај сега дочитај ги лектирите за петто и напушти ја темава, на четврти октомври ќе имало испрашување.
 
Малку офф тема.

Кога ја граделе зградава кадешто живеам 1986год. за да не намести лифтови општината, му "текнало" на некој, при заверка на зградата во катастар, првиот спрат да биде заверен како приземје.Законот бил за секоја зграда над 5 спратови мора да има лифт.

Значи во катастар се води како да има 5 спрата, а де факто 6.
 
Последно уредено:

...таман си е постот, прашање што со тие згради кои со добивање на дозвола за надргадба станале 6, 7 спратна?
штом „државата“ дава дозвола за 5 спратна зграда да се надгради цел спрат, па и два, должна е да обезбеди и лифт макар и надворешен ако нема можност поинаку, интересно, ете никому не му текнало да побара поставување на лифт од општината кога веќе дава дозвола за надградба, па зградата од 5 спрата стана 7спратна!
 
Последно уредено:

... секој лифт мора да има камера, некои од станарите се бунат дека приватноста им е нарушена и не сакаат видео надзор,

но дали ние соодветно се однесуваме во тој заеднички простор за да нема видео надзор?

би требало да се вметне видео камера во македонските лифтови, мислам дека многу проблеми околу исправноста на лифтот и одржување ќе се решат!
 
Последно уредено:
Убава тема душо, таман си го погодила мојот горчлив проблем, посебно ова за поставување на камера во лифт.(y)
Секојдневно кога се враќам од работа,прва мисла ми е дали лифтот е во функција..од еден месец, пет дена работи а останатите денови е вон употреба.
Зградата моја е голема, има многу станови на кои од повеќето не им ги знаеме газдите, па така во тие станови кои се издаваат цело време, со години, се сменија многу кираџии, студентарија, фамилии со деца....Моабетот ми е дека во лифтот наоѓаме измет од домашни миленичиња, повраќаници, скинати кеси со ѓубре, истечени лубеници, разновиден шут од кој како реновирал дома, скршени внатрешни врати од лифтот поради насилно внесен намештај, велосипеди....неколкупати паѓа лифтот поради преоптовареност, никој не внимава на тоа....Катастрофа...

Во зграда имаме станари, инвалиди во количка, кои на жалост се заробени да седат дома додека дојдат од фирмата за да го оправат лифтот, но тоа трае краткорочно.

убаво би било да имаме скриена камера, но дали имаме во законот, кога би ги пријавиле тие несовесни станари за направената штета на лифтот?
 
Последно уредено:

... секој лифт мора да има камера, некои од станарите се бунат дека приватноста им е нарушена и не сакаат видео надзор,

но дали ние соодветно се однесуваме во тој заеднички простор за да нема видео надзор?

би требало да се вметне видео камера во македонските лифтови, мислам дека многу проблеми околу исправноста на лифтот и одржување ќе се решат!

Се тоа океј ама што дека кога закон никој не го фаќа во државава или па ќе ги искршат камерите? Еве една Русија од линкот кој го сподели со тие жените (едната е полицајка а другава во суд бирократ нешто) ги вратија и го исчистија лифтот.

За зграда ептен треба да ти се погодат комшиите и тоа е тоа. Кај нас влезот беше/е хаос, комшиите очи неќат да си видат, се пцујат по ходник. Татко ми почна да се замара; да става брави на влезовите, клупи во дворот позади, гелендар итн и тогаш беше пријател со сите. Му се скурчи да изиграва хаус мајстор, да е едини кој се замара да ги одржува сите овие работи и се изненадија комшиите како така се осмелил човекот и сега никој муабет не му прави.
 
Главно и не го користам лифтот, ептен ретко. Но вчера вечер влегов иако знам дека не е исправен и комшииве секојдбевно се жалат.
Ми застана на пола пат и повеќе не сакаше да тргне нагоре. Стискај колку сакаш, не сака и не сака. Среќа за надоле сакаше па се вратив на приземје и си продолжив по скали.

Години уназад е вака неисправен. Ќе дојдат ќе го направат, опет ќе се случи истото.
Не знам дали е до староста на лифтот или намерно го прават тоа од фирмиве за да лапаат пари.

За тоа како несовесно се понашаа одредени комшии претходно да не правам муабет. Мојов лифт е од оние постарите каде што надворешната врата се затвара рачно. Кога ќе излезеше некој од него не да му текне да ја затвори фино вратата туку ќе ја тресне. Тоа траеше додека не ми дојдоа преку глава, па им дадов писмена опомена. Сега гледам покултурни се.
 
Во мојава зграда никој не плаќа за струја, за лифт, за домофон, и чудо се си функционира. Додуша еднаш дојдоа од ЕВН да исклучат струја од бандера спроти зградата, и им се собра цела зграда пред нив, видоа невидоа си ги собраа парталите и си заминаа :icon_lol:
 
Ти користиш покрај шипурките во Чаир :pos:
Што ти е гајле, таму се мора да работи....какво црно плаќање струја, ќе ги утепаат само ако пробаат од ЕВН да се качат на бандера....општо познато е тоа.
Лифтот гратис гарант го одржува некоја фирма.....не за друго него за да опстане како фирма, во спротивно ќе ја пропаднат.
 
Јас имам многу убави искуства на тема лифт со зградата во Охрид... Зградата е пола со охриѓани, пола со скопјани... Штом доаѓа викенд го гасат лифтот (ова летниот период) за скопјанишчана да се мачат. Греови со куфери се пентаревме како црнци. Ништо не помагаше, ни со арно ни со повисок тон.
Не ги мрзеше и самите тие да се качуваат до осми-деветти ама важно имаа став :)
Сега е друго, одговорен станар за зградата е доселен од Кичево, ни се погоди вистински космополит немаме веќе проблеми :)
 
Кај нас кога ќе се расипе лифтот паники се креваат, особено татко ми. Ќе се качи горе пешки и целиот задишен ќе почне да го пцуе лифтот, зградата и животот. Поедноставно кажано ми го пумпа мозокот.

Јас правам баланс, почесто одам пешки. Само навечер одам со лифт кога се е тивко и ќе ја потчукнам вратата малку појако кога ја затварам за да ги вознемирам сите. Ова им е првиот заеднички проблем.

Други заеднички проблеми. Во лифтот (исто и во влезот) се плукаше, мочаа домашните милениците и фрлање ѓубре.
Сега веќе нема толку многу миленици нема ни мочки и не се ни фрла ѓубре, 2 пати им плеснав дека се сељаци.

Во другите влезови ги средија лифтовите и влезовите. Нашиов остана цртан филм.
 
Во мојава зграда никој не плаќа за струја, за лифт, за домофон, и чудо се си функционира. Додуша еднаш дојдоа од ЕВН да исклучат струја од бандера спроти зградата, и им се собра цела зграда пред нив, видоа невидоа си ги собраа парталите и си заминаа :icon_lol:
602437_296769123761086_124374550_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom