Нема врска дистрибутерот ќе подмачкал хаха не функционира така, едноставно куроболие владее како и за се друго во државата и самите маркети немаат капацитет да ја проверуват постојано робата, и да е со добар рок има голема количина и им дреме у магацин или на рафт ќе и помине рок се до нареден попис, Веро пример попис правеа на неколку месеци (мислам два пати годишно) и за време на попис вработен ги проверува рафтовите и ја трга робата со поминат рок, а дотогаш доста муштерии веќе купиле роба со поминат рок. Проблемот е во менаџирањето на секој маркет поединечно ако менаџерот шефот на маркетот си ја работи работата а тоа се случува многу ретко или скоро никогаш, повеќето кур ги заболе.
Пример роба доставена со добар рок не се продава цела количина до крај на рокот, а маркетите беа задолжени да ги известат комерцијалисти те дека робата е со краток рок најмалку еден месец пред истек на рокот за истите да се повлечат или одобрат како акција пример 1+1 гратис, тие не ги проверуваат постојано на време роковите и потоа неможеа да ги вратат и оставаат на рафт знаејќи дека се со поминат рок, правење на Тошо, имаше ситуации каде неодговорни шефови на маркетот затекнати во такви ситуации ги бришеа роковите со ацетон...
Поентата ми беше околу Веро 2 дека некој погоре напиша таму е се ок з'ш маркетот е голем и купувале повисока класа муштерии што воопшто не е точно.
Само Рамстор имаа политика на 0 толеранција и тие враќаа роба со поминат рок без разлика дали представници на фирмата добавувач одобриле, едноставно не ја примаат наредната достава на роба се додека не се врати старата со поминат рок, Веро беа башибузук и постојано им бегаа магационери и вработени заради голем обем на работа и ниска плата, и никад не го исчистија тоа гнасниот магацин.