Lidl маркети и во Македонија

Дали сте за отварање на Lidl маркети во Македонија?


  • Вкупно гласачи
    225
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Se zbori deka Lidl go kupil od SP objektot kaj sto e Brikolaz. Ne znam kolku e tocno ova, ama so sigurnost znam deka podolg vreme bea vo pregovori (navodno so golema razlika okulu cenata)...
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
239
Поени од реакции
544
Ќе биде добро ако отворат, не само ко маркет, а насекаде кај што ги има градат паркови, донираат во доброволни цени, смисол зимаат ама и влеваат во државата во која што се, иако не мораат.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Катастрофа локацијава.

Појма неам , со менаџер разговор ми рече една од прајм локациите за Источен дел на Скопје е оваа улица. Беа задоволни што зграбиле плац тука. Според нив по ова улица дневно гравитираат 70-100к луѓе не рачунајќи го Александар Македонски булеварот. И те како добра локација за маркет е ова според нив.
Ченто, Маџари, Хиподром гравитираат сите низ оваа улица, после сите можни села мора да поминат по улицава да си отидат дома, Илинден , Кадино Мралино, До Петровец сите низ Благоја Стефковски. Може глупости тресам ама ова ти е копи пасте одговор на ликот што ми сподели ова се ова.

Нормално ќе имало низ цело Скопје локации. Ова е прво што е купено.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Каде?
Толку не се наоѓа некој вработен во Лидл од форумов за да споделува информации
Друго што знам е дека на исток на Македонија имаат доста интересни ситуации.

Пример: сите добри локации во Неготино ги има Емша шпед купено.
Голем дел од битните парцели се на големи фирми кои не ги интересира да ги продадат парцелите туку да заработуваат од нив. Да изградат маркет да го рентаат на Лидл и слично.

Источна Македонија има доста иселени во САД кои имаат добри парцели не ни можат да ги најдат, ниту па овие се заинтересирани за продажба.

Во Скопје тешко им оди со локации многу пари се бараат, Бугарите многу меко влегле во се ова. Но како почнале со анализиве сфатиле дека тие пари кои иг имале замислено нема да им се доста за локации.

Битола има локација купено, нов дел каде што има доста нови згради. Не знам точно кај е ова

Тетово 90% верото ќе е Лидл.

Кавадарци купена локација.

Како ќе имам инфо од човеков ќе споделам.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Se zbori deka Lidl go kupil od SP objektot kaj sto e Brikolaz. Ne znam kolku e tocno ova, ama so sigurnost znam deka podolg vreme bea vo pregovori (navodno so golema razlika okulu cenata)...
Не е точно. Купен е објект во Гази Баба веќе и префлен на име на Лидл.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.689
Поени од реакции
2.267
Каде?
Толку не се наоѓа некој вработен во Лидл од форумов за да споделува информации
Јас летоска бев на интервју за работа во Лидл, и стигнав поприлично далеку во круговите за регрутација на интервјуа со луѓе од менаџментот на Лидл Германија за повисока позиција која дури и мене ме изненади што бев повикан :D Како и да е, еве што ни кажаа тогаш:
Пред да започнат интервјуата ни беше презентиран план за развој на компанијата во Македонија. Според тоа што ни беше презентирано тогаш, ќе се отвара голем логистички центар кај нас во големина од неколку фудбалски игралишта, околу 9000м2(Ова е поголемо од тие логистички центри на Лидл во Бугарија). Најверојатно локацијата би била некаде во општина Илинден. Презентирано ни беше дека Лидл како компанија настојува да има маркети во сопствени објекти и тогашните први потенцијални локации кои ги имаа предвид за да отворат маркети низ Македонија беа, Гази Баба, Кисела Вода поточно делот кај Никоб, Тинекс т.е Расадник, и градовите Охрид и Штип како можни први локации за маркети.
Инаку канцелариите на Лидл се наоѓаат во зградата на Мерцедес после мостот Близнаци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom