Либија на прагот од граѓанска војна

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување
Либија наскоро ќе биде нападната од САД. Со авиони. Носачите веќе се тргнати.

Ова ќе му дојде нешто како Косово и Србија пред да бидат нападнати од САД.
Интересно е дали САД ке иницира резолуциja на ООН или ке деjствува без ваква,но това нема да е прецедант за САД.

Уште повек, ирански борбени кораби са во Сириja,а председатела на Иран се заканува да не се интервенира во северните Африкански републики.
 
Да fmi, два вакви сега се во Медитеранот (ха, од 1979 навака -прв пат), а американските допрва стигнуваат.
Интересно, вакви американски и ирански воени играчки на толку мала оддалеченост...:vozbud:
iranian-warship-going-thru-suez-550x344.jpg
 
^ Па многу јасно, кротат во непосредна близина и чекаат само да им кажат од ГОРЕ : Сега ! :violent1::violent1:
 
Не сум ги читал погорните постови, па можеби ќе се повторам, некој може и луд да ме направи, ама мене сето ова ми делува како сценарио на големите сили (западот).
Прва причина за интерес би ја навел Нафтата, која Америте толку жедно ја посакуваат, како да ја пијат.
За втора причина ја сметам желбата на Америте да се доближат колку може повеќе до Иран (тоа и денеска се потврдува со изјавите на Ахмадинеџад).
Се почна со Тунис, тама без поголеми проблеми го соборија Бен Али. Следен беше Египет, таму малку запна работата, но по повикот на Обама до Мубарак, работата се заврши за 1-2 дена. Продолжи во Либија, е тука заглави работата, па одма почнаа санкции, а сега веќе и воените бродови се доближуваат (демек хуманитарни, а и малите деца знаат дека тоа е заплашување). Како тие луѓе 30-40 години живееа по диктаторите, и преку ноќ им текна да се кренат против истите.
Луѓе што биле таму му имат кажувано дека таму не се живее така лошо како што се зборувало по медиумите во претходниот период.

Поздрав.

И да напоменам, нем да мислите дека се што напишав е против Америка, еве сега читам дека и Русите испратиле два брода.
 
Од страната на “бунтовниците“ мнозинството се студенти без никакво воено искуство. Оружјето кое им е дадено едвај знаат да го одржуваат.
Им помагаат стотици пребегани специјалци од поранешните единици на Гадафи.

Може да се каже дека линијата на фронтот во западниот дел на земјата е оцртана.
Реки од бегалци чекаат туниските власти да им дозволат влез во Тунис. Интересно, жените, децата и повозрасните веќе заминале, последните бранови се од млади кои не сакаат да војуваат.

Ако не се воспостави зона забранета за летови, постои опасност од напади.
 
He continued: "First of all the bombs [are] just to frighten them to go away, not to attack the harbour. Not to kill our people."

Gaddafi's son insisted the airstrikes were not against civilians, saying: "Brega is not a city. Brega is an oil harbour."
http://www.smh.com.au/world/gaddafis-son-says-bombing-intended-to-scare-20110304-1bgub.html

Дал да се смеам дал да плачам .... бомбите биле само за заплашување ... no shit

Упдејт. Обама нареди да се искористам милитарни авиони за евакуација ... светов полудел или нешто јас иам проблем со главата ?!

--- надополнето ---

Кое е твоето мислење, дали САД треба да го бомбардираат Гадафи?

треба да се тргнат на страна . Ма колку лошо и да било. Нека ги остават луѓето сами да меѓу себе да си ги средат работите, бидејќи сад само ги влошува видовме што направи со Ирак и Авганистан .
 
треба да се тргнат на страна . Ма колку лошо и да било. Нека ги остават луѓето сами да меѓу себе да си ги средат работите, бидејќи сад само ги влошува видовме што направи со Ирак и Авганистан .

Моето мислење е различно. Либија не е ниту Ирак ниту Авганистан. Овде не се работи за терористи, туку за револуција на обични луѓе кои се изманипулирани од една страна од исламските екстремистички подбуцнувачи, од друга од агентура на ЦИА.

Овде ако ескалира, ќе умираат обични луѓе, жени, деца, млади... не терористи со политичка позадина.
Либијците само си ја сакаат слободата, ништо повеќе. Лошото е што мозокот им е испран од националната телевизија и освен прибегнување кон исламизмот, за друго не се способни да мислат.

Не САД, туку НАТО треба да реагира воено и да го собори режимот на Гадафи.
Жално е што ОН обично се евнуси во вакви случаи... Сини шлемови жими таквото... пост мортем.
 
треба да се тргнат на страна . Ма колку лошо и да било. Нека ги остават луѓето сами да меѓу себе да си ги средат работите, бидејќи сад само ги влошува видовме што направи со Ирак и Авганистан .

Гадафи има цела армија на располагање, добро обучена со платеници, авијација и тенкови. Туркањето од власт без надворешна помош ќе биде екстремно тешко, со многу жртви (досега загинаа повеќе од 6000), но, доколку Гадафи успее да ги потисне револуционерите, тоа ќе значи дека и во другите земји каде што има масовни протести, диктаторите ќе можат да употребат сила.

Инаку и јас се согласувам со тебе, САД треба да се држат понастрана. Не за друго, туку може да има контраефект од евентуално бомбардирање.
 
Него не ми е јасно во случај на воена интервенција од „добронамерните и никако полакомени по контрола на ресурси“ НАТО сили како ке знаат кој е кој?

ОК, добар дел на земјата е јасно поделен али секој ден се водат борби и некои места по 2-3 пати смениле раце до сега, и Гадафистите (хехе, Гадафисти) и опозицијата имаат во своите редови регуларни единици со слични униформи и опрема. Единствено знамињата им се различни.

Да не искочи пичвајз со огромни жртви, секако колатерални.

Според бројот на жртви таму се водат прави битки, значи граѓанска војна е и двете страни губат и луѓе и тенкови до сега. И Гадафистите по некој авион.
 
Обама на своето обраќање, му порачал на Гадафи самоволно да се повлече од Либија. Во спротивно, САД била подготвена во секој момент да отвори оган.
 
Војската на Гадафи денеска ја превземала контролата во Завија, најавуваат уште пожестоки напади.


:vozbud::pos2:
 
Моето мислење е различно. Либија не е ниту Ирак ниту Авганистан. Овде не се работи за терористи, туку за револуција на обични луѓе кои се изманипулирани од една страна од исламските екстремистички подбуцнувачи, од друга од агентура на ЦИА.

Овде ако ескалира, ќе умираат обични луѓе, жени, деца, млади... не терористи со политичка позадина.
Либијците само си ја сакаат слободата, ништо повеќе. Лошото е што мозокот им е испран од националната телевизија и освен прибегнување кон исламизмот, за друго не се способни да мислат.

Не САД, туку НАТО треба да реагира воено и да го собори режимот на Гадафи.
Жално е што ОН обично се евнуси во вакви случаи... Сини шлемови жими таквото... пост мортем.

Гадафи има цела армија на располагање, добро обучена со платеници, авијација и тенкови. Туркањето од власт без надворешна помош ќе биде екстремно тешко, со многу жртви (досега загинаа повеќе од 6000), но, доколку Гадафи успее да ги потисне револуционерите, тоа ќе значи дека и во другите земји каде што има масовни протести, диктаторите ќе можат да употребат сила.

Инаку и јас се согласувам со тебе, САД треба да се држат понастрана. Не за друго, туку може да има контраефект од евентуално бомбардирање.

Апсолутно најбрилијатните постови што ги имам прочитано, зошто да бидат 10 000 -20 000 жртви кога можат да бидат милионче, две, три . Генијално!
Само уште да ми кажете зошто баш секоја интервенција на САД ја само влошува работата и да ми се посочи еден успешен проект без сериозни долгорочни последици по здравјето на тамошниот народ. И огромни жртви
Него не ми е јасно во случај на воена интервенција од „добронамерните и никако полакомени по контрола на ресурси“ НАТО сили како ке знаат кој е кој?

ОК, добар дел на земјата е јасно поделен али секој ден се водат борби и некои места по 2-3 пати смениле раце до сега, и Гадафистите (хехе, Гадафисти) и опозицијата имаат во своите редови регуларни единици со слични униформи и опрема. Единствено знамињата им се различни.

Да не искочи пичвајз со огромни жртви, секако колатерални.

Според бројот на жртви таму се водат прави битки, значи граѓанска војна е и двете страни губат и луѓе и тенкови до сега. И Гадафистите по некој авион.
Веќе имаат инфилтрирано свои луѓе кои ги обучуваат бунтовниците кои одеднаш добија оружје . И тоа вашингтон пост еден од пр гласилата на милитаристичкиот воен комплекс го објави ова .
 
Апсолутно најбрилијатните постови што ги имам прочитано, зошто да бидат 10 000 -20 000 жртви кога можат да бидат милионче, две, три . Генијално!
Само уште да ми кажете зошто баш секоја интервенција на САД ја само влошува работата и да ми се посочи еден успешен проект без сериозни долгорочни последици по здравјето на тамошниот народ. И огромни жртви

Веќе имаат инфилтрирано свои луѓе кои ги обучуваат бунтовниците кои одеднаш добија оружје . И тоа вашингтон пост еден од пр гласилата на милитаристичкиот воен комплекс го објави ова .

Јас мислам дека ова е само домино ефект, акo ова да е масло на Американците тоа покажува колку не ги бива во правење дубари :)
 
Владата на Гадафи: Во Триполи се пука зашто народот слави


Либиската државна телевизија денеска јавува дека единиците на лидерот Моамер Гадафи бележат големи успеси во борбата против протестантите.

Тие успеале да ги завземат градовите Завија, Рас Лануф, Мисрата и Тобрук, а независните извори се уште не ги потврдуваат овие информации.

Дописник на Би-Би-Си јавува дека таквите вести се контрадикторни со сите досегашни докази, “освен ако во текот на ноќта не дошло до некој пресврт кој тој не го забележал“.

Истрели можеле да се слушнат и во главниот град Триполи рано утрово. Портпаролот на Владата на Гадафи изјавил дека никакви борби не се водат во градот на Гадафи.

“Се’ е под контрола. Триполи е под наша контрола. Она што вие го слушате се истрели поради славење. Луѓето се излезени на улиците и играат на плоштадот“, изјавил.

--- надополнето ---

Германската воена морнарица во помош на либиските бегалци


Египетски државјани чекаат пред германските бодови


Бродовите на германската морнарица со либиски бегалци од Тунис тргнаа во правец на Египет. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле инсистира на натамошни санкции против либискиот водач Моамер ел Гадафи.

Три германски воени бродови ноќеска го напуштиле туниското пристаниште Габес упатувајќи се кон египетското пристаниште Александрија. На палубата на бродовите се преземени повеќе од 400 египетски гастарбајтери, кои поради крвавите битки во Либија пребегаа во Тунис. Патувањето преку Средоземното Море ќе трае три дена. Ангажманот на Бундесверот е во рамките на меѓународната хуманитарна акција за помош при бегалските бранови од Либија.

Вестервеле бара поостри санкции

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пак побара поостри санкции против либискиот владетел Моамер ел Гадафи, изразувајќи загриженост за она што се случува во Либија. Тој за весникот „Велт ам зонтаг“ изјави дека Советот за безбедност мора повторно да се врати на темата Либија. Според Вестервеле, досегашните санкции не се доволни, мора на пример да се прекине дотокот на пари за Гадафи.

Гидо Вестервеле

Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер идната недела ќе допатува во Берлин на разговори околу натамошни санкции. Целта е зголемување на притисокот врз владата во Триполи во максимална можна мерка, соопшти портпарол од Вашингтон.

Огорчени борби во Либија

Во меѓувреме трупите на Гадафи и противниците на режимот водат огорчени борби околу заземањето стратешки важни градови. Многу жртви има пред се‘ во пустинскиот град Завија, западно од главниот град Триполи. Жителите на овој град ги обвинуваат трупите на Гадафи дека во потрагата по бунтовници убивале цивили. Очевидец сведочи за масакрирање на цивили.
Моамер ел Гадафи
Националниот совет, кого го основаа бунтовниците во источниот дел на Либија побара од меѓународната заедница да прогласи забранета зона за летови во Либија. На ваков начин Гадафи треба да биде спречен да го бомбардира сопствениот народ, се вели во опозициските кругови во источниот град Бенгази. Но, тие истовремено одбиваат интервенција на странските трупи на либиска почва.
Во Националниот совет спаѓаат 31 комитет на „ослободените“ градови. Советот првпат се состана вчера на тајно место во Бенгази. Националниот совет беше инициран од поранешниот министер за правда Мустафа Абдул Џалил, кој по избивањето на револтот во Либија се откажа од Гадафи.

http://www.time.mk/read/e1ac91f849/4a3621df3b/index.html
 
Апсолутно најбрилијатните постови што ги имам прочитано, зошто да бидат 10 000 -20 000 жртви кога можат да бидат милионче, две, три . Генијално!
Само уште да ми кажете зошто баш секоја интервенција на САД ја само влошува работата и да ми се посочи еден успешен проект без сериозни долгорочни последици по здравјето на тамошниот народ. И огромни жртви
WTF???
Јас реков дека ако интервенираат САД може жртвите да се намалат... Но тоа може да има контраефект?
Се читаш што пишуваш???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom