Либерализација на пазарот за електрична енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата mijak_76
  • Време на започнување Време на започнување
Обично кога се правеле чаршиите во СФРЈ по дифолт ги праеле објектите ДА МОЖАТ да примат индустриска стуја.
За дома да можеш да примаш индустриска струја ти треба од најблиската трафонстаница да инсталираш високонапонски кабли.
Ако се либерализира пазарот ти во дуќанот ќе можеш да си купуваш обична струја, без разлика какви кабли имаш до трафостаницата.
Патем сегде во светот поефтина е индустриската стуја.. незнам во Мк како е. Претпоставувам со поголемата конкуренција и обичната и индустриската стуја ќе поевтинат.
Како и да е либерализацијата ќе биде само плус и за граѓаните и за индустријата. Единствено негативно ќе биде за ЕВН и Буџетот.

http://www.evn.mk/getdoc/79d7c072-2e5f-4e01-a3d6-a587da1935a4/Energy-supply.aspx
за бизнис корисници
http://www.evn.mk/getdoc/f8df6651-a9ef-4c4c-a5f9-6548faf20621/Energy-supply.aspx
за домаќинства

Земи го примерот со бизнис корисник подргрупа II тарифен модел 6,51ден за Вт за активна електрична енергија + прекумерна преземена реактивна ел енергија на Вт од 1,65 ден + 33% колку на крај ќе плати овој корисник за индустриска струја ова е без ДДВ , стај и ДДВ и ќе добиеш цената на Kwh индустриска струја за Подгрупа II што ја плаќаат бизнис корисниците на овој тарифен модел.
 
Стварно не ми е јасно како со либерализација на пазарот може да ја поскапи струјата. Ако може Ваљон да ми го објасни пазарниот механизам...мене ова не ми е јасно.
Не глуми како може да не ти е јасно :D
Овој Валон Сарачини колку глупости има треснато во неговиот мандат книга може да се напише. За понуда и побарувачка ако си го слушал има изјавено ако се зголеми конкуренцијата во понудата на производите, цената ќе се покачи. Сигурно на Штул има дипломирано.
 
Слична глупост тропна и оној за информатика дека PayPal не доаѓа во Македонија оти пазарот бил мал.
Незнам, дали ќе ја намали цената на струјата за домаќинствата, ама нема да биде лошо да се види споредба со некоја земја пред и после какви биле сметките за струја. Кај нас, толку е иситнета структурата на кој произведува, кој дистрибуира и кој наплаќа струја, што е и збунувачки, односно со помош на либерализацијата, која фирма ќе добие конкуренција и колкав дел од колачот таа фирма има сметката за струја. И по некоја логика, добро е фирмата со најголем колач во сметката да добие конкуренција :)
Инаку Сарачини користи класична техника на заплашување, ако го либерализираме пазарот ќе ни дојде вечер апото, што ни дава на знаење дека либерализацијата не е поволна за нив
 
Македонија има потпишано договор со Европската енергетска заедница и има обврска до 2015-та апсолутно да се отвори пазарот. Тоа значи дека секој ќе може да купи колку сака и од кого сака струја на берза. Тогаш не може да се принуди ЕЛЕМ да продава по регулирани цени.
Во регионот најскапа струја плаќаат Хрватите - 11,5 евроценти, по што следуваат Романија 9,7 евроценти, Црна Гора 8,6 евроценти, Бугарија 8,2 евроценти и
Босна и Херцеговина 7,6 евроценти за киловат-час. Европскиот просек е 12,2 евроценти.
Новите закони се имплементирани и предвидуваат либерализација до степен да може струја да се купи во трафика на припејд , како ваучер за мобилен телефон. Но во праксата све се одложува и Владата го чува монополот за купување на струја од берзите па после ни ја препродава на нас , значи чиста трговија.
На европските пазари струјата има тренд на поевтинување , а кај нас имам чувство дека летово ќе поскапе и дека ќе ни заангажираат уште некоја моќност.
Целта на Ваљон и Владата со изјавите е да не убедат дека плаќаме многу поевтина струја од регионот, а со тоа си оставаат простор за летно поскапување иако европската струја поевтинува а нашата струја е во чекор со регионот. Премногу зар не ?
 
ЕСМ го продаде ДУИ . Сега имаат свои структури во енергетските компании од каде ги полнат партиските буџети па затоа Ваљон така ревносно настапи во обид да ќари некој месец плус. Инаку струјата со либерализацијата на пазарот не може да биде поскапа туку само поевтина .Ако се сигурни дека моментално продаваат поевтина струја за Македонските граѓани и компании зошто тогаш не го либерализираат пазарот па ние пак ќе купуваме од кај нив бидејќи нели е најевтино? Исто како кај мобилните оператори. За влез во европските институции никого не го занима . Тоа што нешто потпишале и се обврзале и тоа не ги занима .

 
Како има да не поебат со тоа либерализацијата не сте свесни :icon_lol:.

Ќе викате Валон шипо во право бил :icon_lol:.
 

Тој што бил во право добива прав !
Чиста чиста чиста Ма-ке-до-ни-ја !
Да се вратам на темава. Европа не нагрди ! Кога тогаш мора да се формира берза за струја ! Ако струјата од ЕЛЕМ е најевтина тогаш ќе биде конкурентна на пазарот и домашните компании ќе ја купуваат прво таа струја бидејќи за увозната струја во бруто маржата се пресметува и пренос на струјата од други земји . Но изгледа дека струјата од другите земји и со оваа маржа е поевтина !
Секој изминат ден без инвестиции во енергетиката е сериозна опасност за стабилноста на системот . Ревитализација ,модернизација но и изградба на нови термо , хидро капацитети , рудни наоѓалишта .Освен Хец Козјак , св Петка и ТЕ-ТО инвестициите одамна ги нема .
Во Македонија се вртат околу 170 милиони евра од продажба на струја !Подолу можете да ги погледнете господарите на бизнисот !
Најголеми продавачи се трговските фирми ЕФТ Македонија ( од Кочо Анѓушев ) и ГЕН-М и двете во 2012 продадоа струја вредна над 120 милиони евра. Најголеми купувачи се ЕВН Македонија и ФЕНИ Индустри што платија вкупно 100 милиони евра за струја

ЕВН Македонија е најголем купувач на електрична енергија во Македонија, а трговската компанија ЕФТ Македонија е најголем продавач на струја на македонскиот пазар лани, покажуваат официјалните достапни податоци за 2012 година. Лани ЕФТ Македонија од продажба на струја во Македонија остварил приходи кои надминуваат 70 милиони евра, а ЕВН Македонија за купување на струја на домашниот пазар потрошила околу 55 милиони евра. Заради тоа Македонија нема берза за електрична енергија нема ниту официјална просечна пазарна цена по која се тргува струјата. Заради тоа анализата е направена врз основа на апроксимативна регионална просечна годишна пазарна цена од 60 евра за мегаватчас утврдена по набљудување на цените на берзите во нашиот регион во Словенија, Италија, Романија и Унгарија.
Македонска работа! Берзата ќе била неисплатлива, а прометот е 170 милиони евра
Македонија со години досега не може да формира берза за тргување со електрична енергија и преносни капацитети. Според официјалните податоци лани на сегментот на кој цените на струја се формираат пазарно само заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика нема надлежност се продадени и купени 2,8 милиони мегаватчасови електрична енергија, што е 34 отсто од целото консумирање електрична енергија лани. Официјална пазарна цена на струјата во Македонија нема заради тоа што нема берза за струја. ЕВН Македонија, МЕПСО и ЕЛЕМ кога имаат потреба струја купуваат преку јавни тендери на кои можат да се јават сите заинтересирани трговци или производители. Групата големи потрошувачи на струја, предводени од ФЕНИ Индустри, во која влегуваат уште и Југохром Фероалојс, Митал Стил, Скопски легури, Макстил, ОКТА, Бучим и УСЈЕ купуваат струја од трговците преку годишни билатерални договори со фирми што ги одбираат по моделот на собирање на понуди или преговори.
Кој најмногу наплаќа, а кој многу плаќа?
Според официјалните достапни податоци ЕВН Македонија лани е најголем купувач на електрична енергија за своите потреби за снабдување на дистрибутивната мрежа. Лани таа компанија по пазарни услови купила речиси 913.000 мегаватчасови електрична енергија од нејзините понудувачи. Тоа претставува една третина односно 32,6 отсто од целата истргувана количества струја по пазарни цени лани во Македонија. На второ место, очекувано, е ланскиот лидер ФЕНИ Индустри кој купил 25,8 отсто од целата продадена електрична енергија лани во Македонија. Според приближните 60 евра за мегаватчас овој комбинат лани за струја платил околу 44 милиони евра. На третото место е комбинатот за производство силициум „Југохром“ од Јегуновце. Тој лани купи 10,8 отсто од количеството струја тргувано по нерегулирани цени. Неговото приближно учество во прометот е 18,4 милиони евра. На четврто место е најголемиот државен производител на струја ЕЛЕМ. Лани оваа компанија купила 9,8 отсто од струјата што се нудела на пазарот, а на петтото место е националниот електропреносен систем-оператор МЕПСО, кој за покривање на загуби на преносна мрежа и за системски услуги купил околу 168.000 мегаватчаса.
Најголем продавач бил ЕФТ Македонија, кој држи 47 отсто од целата струја продадена лани по нерегулирани цени односно на македонскиот пазар на електрична енергија. Македонската експозитура на словенечката компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И лани покрила 30,7 отсто од пазарот. Далеку зад нив, но пред другите трговци лани била трговската фирма на ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Трејд која покрила 8,2 отсто од побарувачката за струја. По неа е трговската фирма на ЕВН Македонија, која покрила 4,5 отсто од пазарот. Петти е српски Руднап со пазарно учество од 3,5 отсто.
Значи јас од сите овие податоци не гледам можност за поскапување на струјата освен ризикот од попразни партиски каси . Касите пак ќе ги полнат овие компании и некои други кои ќе се појават на пазарот , но пазарната конкуренција ќе го направи своето и како што има Т-Мобиле да има и ВИП , ОНЕ и уште пет други ако треба за да не може да се договараат како фармацевтските компании кога кокурираат за некој лек !
Затоа е стравот на Ваљони и на уште некои други министри ,ама капо ди тути капи се знае кој е !
И да не ги заборавам бидејќи ми се слабост . Бидејќи сите трансакции со пари одат преку банка и банките ќе омрсат мустаќ !
 
Да прашам, колку е односот индустриска струја : нормална струја? За цена зборам.
 
Да прашам, колку е односот индустриска струја : нормална струја? За цена зборам.


Во услови кога нема берза на струја тоа никој не може да знае бидејќи фирмите си склучуваат билатерални договори со трговците со струја. Исто многу зависи во кој период од годината се набавува струја. Значи најскапа е кога се наоѓа потешко , а тоа е во грејната сезона. Но според просечните цени погоре во текстот излегува дека фирмите платиле еднакво , негде околу 60 евра / mwh .
ЕВН потрошил 55 милиони еур поделено со 913 000 мегават часови излегува 60 , 24 евра за мегават час. Фени платил 44 милиони евра со просечна цена од 60 евра за мегават час .Значи тука се негде цените .
 
Во услови кога нема берза на струја тоа никој не може да знае бидејќи фирмите си склучуваат билатерални договори со трговците со струја. Исто многу зависи во кој период од годината се набавува струја. Значи најскапа е кога се наоѓа потешко , а тоа е во грејната сезона. Но според просечните цени погоре во текстот излегува дека фирмите платиле еднакво , негде околу 60 евра / mwh .
ЕВН потрошил 55 милиони еур поделено со 913 000 мегават часови излегува 60 , 24 евра за мегават час. Фени платил 44 милиони евра со просечна цена од 60 евра за мегават час .Значи тука се негде цените .

Ништо не разбрав.
Ок, цена за фирма е 60 евра за мегаватчас, а за домаќинство, нормална струја?
 
Ништо не разбрав.
Ок, цена за фирма е 60 евра за мегаватчас, а за домаќинство, нормална струја?

Да не си плавуша ? ;)
Па ЕВН за кого купува струја и кому му продава ?
Читај ги полека двата текста и ќе разбереш .
 
Да не си плавуша ?
Па ЕВН за кого купува струја ?
Читај ги полека двата текста и ќе разбереш .

Плавуша сум. Прашав која е разликата меѓу цените на индустриска струја и на домаќинска струја. Ти ме цитираше со одговор кој ми кажува дека ЕВН потрошиле x сума, а Фени платиле y сума. Тоа не ми значи ништо.
Ако знаеш да одговориш од прилика колку е разликата, ок.
Ако не, не мораш.
 
Не си играјте играчки! Додека не се направи интерен пазар и договорен личен процент со сити фирми учеснички во евентуалната либерализација, нема да има ништо слично. Аааа да... тоа значи дека со вкалкулирани „трошоци“ ќе има неминовно и поскапување.
 
Плавуша сум. Прашав која е разликата меѓу цените на индустриска струја и на домаќинска струја. Ти ме цитираше со одговор кој ми кажува дека ЕВН потрошиле x сума, а Фени платиле y сума. Тоа не ми значи ништо.
Ако знаеш да одговориш од прилика колку е разликата, ок.
Ако не, не мораш.
Струја си е струја и нема разлика .Разликата е во тоа што Фени си купил струја од трговците со струја и ја потрошил како краен потрошувач. Значи просечно во 2012 ја платил по 60 евра за мегават час. Фени се снабдил на слободниот пазар .
ЕВН Македонија во 2012 исто купувал струја просечно по околу 60 евра за мегават час .
Ама ЕВН им ја продавал на домаќинствата и удрил маржа односно заработка а тоа го прави Регулаторната комисија за енргетика .
Маржата е во разликата од цената на струјата по мегават час што ти ја плаќаш дома со тие 60 евра по мегават час.
Проблемот е што нема берза на струја во Македонија па не може да се извадат податоци што вас ве интересираат .Инаку сега во летните месеци цената на струјата во регионот е околу 40 евра за мегават час.
Значи ЕЛЕМ ( Електрани на Македонија ) произведува струја и ја продава исклучиво на ЕВН Македонија .
МЕПСО дистрибуира електрична енергија и си наплаќа за пренос на електрична енергија а исто е поврзан со Европската мрежа .
ЕВН прво ја купува целата струја од ЕЛЕМ а ако не стигнува купува и од регионалните пазари и после ни ја продава на домаќинствата и на фабриките кои не се излезени на слободниот пазар.
Затоа треба пазарот да се либерализира .Прво за помалите фабрики потоа и за домаќинствата. Според законот ќе можеме да си купуваме струја и од трафика како ваучери за мобилни од кого сакаме и за колку пари ни одговара .
Конкуренцијата со повеќе оператори ќе направи струјата да поевтини но на некои господа во партиите не им одговара бидејќи им се полнат партиските фондови и џебови се разбира од нашите буџети.
ЕУ и европската енергетска асоцијација ја обврзуваат државава до 2015 година да се спроведе целосна либерализација , а до кога нашите ќе одложуваат не знам?
 
Валон Сарачини не претставува на Светскиот економски конгрес. Се прашувам дали воопшто разбира еден збор и за кој тит ни ги троши парите да иде до таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom